Author: riste

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, го скрши прстот пред финалето на Лигата на Европа против Фрајбург (3:0). Вреди да се напомене дека Мартинез започна и го одигра целиот натпревар. „Денес си го скршив прстот за време на загревањето, но не го сфатив сериозно. Никогаш порано не сум скршил прст, и секој пат кога се обидував да ја фатам топката, таа едноставно ми се лизгаше на другата страна. Но, тоа е нешто низ што мора да поминете“, изјави Мартинез по натпреварот.

Read More

Астон Вила го победи Фрајбург со 3:0 во финалето на Лигата на Европа на УЕФА. Ова беше трето европско финале за англискиот напаѓач Џејдон Санчо во три последователни сезони. Според информациите кои беа објавени по натпреварот, Санчо стана првиот фудбалер кој стигнал до финалето на три различни европски натпреварувања во три последователни сезони. Покрај тоа, тој го сторил тоа со три различни клуба. Во сезоната 2024/25, тој го освои финалето на Лигата на конференции на УЕФА со Челзи (4:1 против Бетис), а во сезоната 2023/24, Англичанецот го загуби финалето на Лигата на шампионите на УЕФА со Борусија Дортмунд (0:2 против Реал Мадрид). Санчо…

Read More

Фудбалeерите на Силекс славеа со 1:0 над Шкендија и дојдоа до трофејот во Купот на Македонија по четвртипат. Силекс со еден гол успеа да го добие големото финале кое беше решено дваесетина минути пред крајот и тоа по една голема грешка на тетовци. Имено, Алиќ успеа да ја казни огромната грешка на Фетаи и така да ја остави Шкендија без трофеј сезонава. Кратовци дојдоа до пехарот во Купот, а со тоа обезбедија и излез и во Европа, како македонски претставник во Конференциската лига.

Read More

Денеска во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен амбиент во регионот. Регионалната машка лига ќе брои десет клубови — по четири од Србија и Македонија, како и два од Црна Гора — додека регионалната женска лига ќе има десет клубови од пет земји од регионот: Црна Гора, Србија, Македонија, Хрватска и Словенија, со…

Read More

Новиот фудбалски шампион Вардар започна со конкретни чекори за задржување на костурот на тимот за наредната сезона. Раководството на „црвено-црните“ постигна договор за продолжување на соработката со четворица фудбалери. Во редовите на Вардар и следната сезона ќе остане голманот Методија Велковски, како и стоперот Ненад Мишковски. Покрај нив, довербата е продолжена и кон играчите за врска Филип Дурански и Горан Закариќ, кој со своето искуство и стабилност во средниот ред даде значаен придонес во текот на шампионската сезона. Од Вардар ставаат до знаење дека покрај неизбежните заминувања, приоритет е зачувување на јадрото на тимот, но исто така е најавено и…

Read More

Вечерва се игра финалето на Купот на Македонија во фудбал, а кога се игра финале нема фаворити и аутсајдери. Финалето е еден меч во кој може било кој тим да победи. Секако дека голема улога ќе имаат тренерите, кои треба да ги подготват своите тимови за ваков натпревар кои може да го одлучи само еден потег. И двајцата тренери, Александар Васоски (Силекс) и Јетон Беќири (Шкендија) се едни од нашите најдобри тренери во изминатите години, тоа го покажаа со резултатите на екипите кои ги предводат. Васоски со Вардар ја освои титулата во сезоната 2019/20, а Беќири со Шкендија минатата 2024/25…

Read More

Од првиот олимписки медал за Македонија до создавање нови генерации шампиони, приказната на Могамед Ибрагимов и БК Бучим продолжува и денес, во пресрет на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, кој на 30 мај повторно ќе го претвори Радовиш во центар на борењето, спортската традиција и шампионскиот дух. Од олимпискиот подиум во Сиднеј до боречката сала во Радовиш, приказната на Могамед Ибрагимов и денес продолжува со истата страст, дисциплина и посветеност кон спортот. Човекот кој ѝ го донесе на Македонија првиот олимписки медал како независна држава, денес своето искуство и знаење ги вложува во создавање нови генерации…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денеска и официјално е нов шампион на Македонија. „Црвено-црните“ на коло пред крајот на сезоната и математички се недостижни за својот најголем ривал Шкендија, откако денеска во меч од 32. коло славеа на гости кај Струга ТЛ со 1:0. Средбата во Струга практично се отвори уште во петтата минута, кога Стефан Цветковиќ го донесе Вардар во водство. До крајот, гостите имаа уште неколку прилики да го зголемат резултатот, но и со еден погодок беа задоволни. Во преостанатите натпревари, Шкендија славеше со 2-1 против Брера во Тетово, додека Арсими со важна победа од 0-1 на…

Read More

Во пресрет на Сениорски куп на Македонија беше најавен почетокот на новата сезона за нашиот рекордер во скок во далечина, Андреас Трајковски, како и новото партнерство меѓу АК Работнички и „Jumpers World Sportswear“. „Андреас се наоѓа во одлична форма. Во наредниот период главната цел е да обезбеди пласман преку ранкинг системот за Европско првенство во атлетика во Бирмингем по што ќе следува и настап на Медитеранските игри во Таранто“ – нагласи првиот човек на АК Работнички Кире Синадиновски. „Се чувствувам одлично и очекувам да го надминам мојот најдобар резултат од 7.91 метри а зошто да не ја прескокнам и магичната…

Read More

Претседателот на РК Вардар, Михајло Михајловски во вчерашното интерву во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ најави дека управата планира да ги задржи сите ракометари со договори кои ќе бидат најмалку до крајот на сезоната 2027/28 односно уште две години. Па според ова наместо до јуни следната година Вардар сака својот најдобар играч оваа сезона Јака Малус да остане уште најмалку една сезона, односно до 2028 година. Раководството на Вардар наскоро ќе разговара со Малус и ќе му се понуди нов договор, односно продолжување за уште една сезона. Словенечкиот интернационалец се етаблираше како еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“ сезонава…

Read More