Author: riste

Кошаркарите на ТФТ и вторпат ја поразија Сутјеска, вечерва со 90:77 и успеаја да се пласираат во големото финале од АБА 2 лигата. Момците предводени од тренерот Боро Смилковски покажаа дека се во извонредна форма, па и против едне од главните фаворити одигра уште еден фантастичен меч и не дозволија да гледаме „мајсторка“ во ова полуфинале. Дејвис со 23 поени ги предводеше нашите претставници во ова јадранско натпреварување до новата победа, но одлично издание повторно имаа и Ташовски со 19, Гордон со 17 и Говенс со 17 поени. Оваа четворка го понесе товарот на овој меч и успеа да го…

Read More

Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој доаѓа од првакот на Србија, Партизан. Котар е роден во Требње, поникна во матичниот клуб Тримо а афирмација доживеа во Словењ Градец. Во последните две сезони го носеше „црно-белот“ дрес на екипата од Белград. Официјалното претставување на новиот играч на битолчани ќе биде во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.  Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе уште еден играч на бековската позиција.

Read More

Екипата на Вардар 1961 која е лидер на табелата во шампионатот на Македонија го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак. Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци од германскиот гигант Кил. Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години. Абделхак во својата кариера првите чекори ги направи во Ал-Ахли од Египет, а потоа направи трансфер во Европа и заигра за француски Ним. Потоа добрата форма во Франција му донесе и трансфер во Кил, а и таму го…

Read More

Валтери Ботас кој вози за Кадилак ги сподели своите впечатоци од работата како резервен возач во изминатата сезона во екипата на Мерцедес.„Апсолутно е предизвикувачка позиција. Особено ако имате искуство во Формула 1 и особено ако сè уште имате страст за тркање – во тој случај, гледањето на трките не е лесно“- рече Ботас. „Минатата година имав можност да се сместам во добар тим со добра програма за целата година. Така што на крајот, тоа беше вистинскиот избор“ – рече членот на Кадилак.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус сакаат да го задржат на подолг рок капитенот Мануел Локатели, се наведува денеска во дел од медиумите на „Чизмата“. 28-годишниот италијански репрезентативец и клубот од Торино се согласија да го продолжат неговиот договор до 2030 година. Тековниот му беше валиден до јуни во 2028 година. Играчот од средниот ред настапува за „старата дама“ од 2021 година. Тој во сезонава одигра 30 мечеви со 1 гол и 2 асистенции.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав ПСЖ, Матвеј Сафонов, се осврна на вчерашната победа со 2-0 на гостувањето кај Ливерпул во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Многу сме среќни, натпреварот беше многу тежок. Покажавме дека дојдовме тука за да победиме а тоа е значајно. Пласманот во полуфиналето е многу емотивен настан“ – рече Сафонов откако неговиот тим ја доби пресметката со вкупни 4-0. „Секако, имаше неколку грешки но, можам да бидам задоволен. Мислам дека треба да бидам подготвен кога тимот ќе има потреба од мене“ – нагласи голманот на „светците“.

Read More

Барселона доцна синоќа оствари пирова победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 2-1 во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони бидејќи избраниците на Ханси Флик се елиминирани со вкупни 3-2. „Разочарани сме. Имавме многу можности, особено во првото полувреме. Имавме шанса да постигнеме трет гол, но наместо тоа примивме еден„ – рече Флик. „Требаше да се подобриме, но на крајот тимот даде сè. Тие направија одлична работа. Наредниот чекор е да ја освоиме Ла Лига“ – рече тренерот на Каталонците.

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше задоволството по пласманот во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот тим иако вчера загуби на домашен терен од Барселона со 2-1, сепак продолжува понатаму благодарение на триумфот во првиот меч со 2-0.  „Вложивме огромен напор во првото полувреме и покрај некои индивидуални грешки. Потоа успеавме да се вратиме во игра. Второто полувреме беше поизрамнето. “ – рече Симеоне.

Read More
NBA

Познатиот НБА играч, Џејсон Вилијамс, вели дека Виктор Вембањама не треба да биде на списокот за наградата МВП – за најкорисен играч во сезоната. „Не ми се допаѓа списокот на кандидати на кој е вклучен и Вембањама. Зошто? Спарс можеа да ги постигнат сите овие резултати со Лук Корнет во составот“ – рече Вилијамс. „Џејлен Браун го заслужува, Шеј го заслужува признанието но, нема да го добие, Лука го заслужува“ – објасни како размислува поранешниот играч.

Read More
NBA

Екипата на Орландо веројатно ќе се раздели со тренерот, Џамал Мозли, наведува колумнистот, Џејк Фишер. 47-годишниот кошаркарски тренер речиси сигурно ќе поднесе оставка без разлика на резултатот во решавачката фаза од сезоната. Мозли откако го презеде Орландо во 2021 година, не успеа да победи во ниту еден меч во плеј-офот.

Read More