Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија двегодишна суспензија од страна ЕХФ и плус парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на ЕП. Покрај ова и двајцата ќе мора да платат и парична казна. Нивната суспензија се однесува на сите натпреварувања што се под капата на ЕХФ. „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ЕХФ ЕВРО 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе…
Author: riste
Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното. Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на шести мај во Крушево. ИО на ОФМ позитивно одговори на оваа промена свесен за она што ја очекува репрезентацијата – учеството во Европската лига 2026 за Македонија, која има двојно значење, како прв дел од квалификацискиот циклус за континенталниот собир во 2028 година, но истовремено и како прв дел од подготовките за настапот на Европското првенство 2026 во септември во Софија. Првиот дел од подготовките…
Екипата на ГРК Охрид денеска објави информација за уште едно ново име за следната сезона. Во тимот од Охрид доаѓа повремениот македонски репрезентативец Мартин Карапалевски. 26-годишниот среден бек со Охрид се договори за соработка од две сезони, што значи дека во дресот на Охрид ќе настапува најмалку до јуни 2028 година. Во Охрид тој ќе го носи дресот со број единаесет. Карапалевски последните две сезони настапува за тимот на Ваљадолид во Шпанија, каде што остава одличен впечаток. Доказ за тоа е последниот избор на „дрим-тим“ на колото, во кој место имаше токму за македонскиот среден бек. Претходно, беше меѓу организаторите на играта во Вардар. Инаку, Карапалевски…
Извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, откри дека многу фудбалери сакаат да му се приклучат на клубот иако нема обезбедено место во Лигата на шампионите. „Мислам дека нашата стратегија за трансфери ќе биде амбициозна, без разлика на сè. Не знам каде ќе завршиме. Се зборува за четвртото место, но може да биде подобро“ – рече Комоли. Во последните шест кола, „старата дама“ ќе се обиде да ја задржи четвртата позиција на табелата која овозможува учество во елитата на Европа за наредната сезона.
Екипата на Јувентус ја разгледува можноста да испрати понуда за дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин откако играчот го загуби статусот на првотимец, најавија медиумите во Италија. Тренерот на „старата дама“, Лучијано Спалети, одлично ги познава квалитетите на стоперот бидејќи заедно работеа во Наполи во сезоната 2022-23 кога беше освоена титулата во Серија „А“. Се претпоставува дека Баварците за потписот на репрезентативецот на Јужна Кореја ќе бараат најмалку 40 милиони евра.
Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, ПСЖ, доцна вечер ќе гостува кај Ливерпул во реваншот од четвртфиналната фаза. Тренерот на французите, Луис Енрике, изјави дека ништо не е готово иако неговиот тим на првата средба на „Паркот на принцовите“ забележа победа со 2-0. „Во фудбалот работите се менуваат многу брзо, ништо не е решено. Мора да бидеме фокусирани. Знаеме колку е тешко да се игра на Енфилд“ – потенцираше тренерот на „светците“.
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го одработи вчерашниот тренинг пред заминувањето за Германија на реваншот со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа како Французинот работи со соиграчите. Познато е дека брзоногиот напаѓач заработи повреда на аркадата на петочниот меч со Жирона и немаше активност во текот на викендот. Шпанскиот тим утре ќе има тешка задача на гостувањето кај Баварците откако на првата средба загуби со 2 спрема 1.
Фудбалерите на Барселона доцна вечер ќе гостуваат кај Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на каталонците, Ханси Флик, верува дека неговите избраници може да ја анулираат негативата од 2-0. „100% ќе бидеме фокусирани. Верувам во мојот тим, треба да бидеме силни во нападот“ – рече Флик. „Имаме квалитет, во натпреварите против Атлетико неколку пати бевме подобриот тим“ – нагласи тренерот на Барса на задолжителната прес-конференција.
Кошаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, проговори за неговиот соиграч Расел Вестбрук со кој ја дели соблекувалната. „Ако сака да се бори со десет слонови, ќе се борам со него. Тој ми е другар“ – рече Дерозан. Ќе потсетиме дека Вестбрук им се придружи на „Кингс“ непосредно пред почетокот на сезоната и тоа со минимален договор. 37-годишниот бек во регуларниот дел имаше просек од речиси 16 кошеви, седум асистенции и две украдени топки.
УЕФА ги назначи судиите за реваншите од 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид и Арсенал-Спортинг. Славко Винчич од Словенија ќе го води натпреварот меѓу германскиот и шпанскиот тим. Негови помошници ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ а четврти судија ќе биде Давид Шмајц. ВАР тимот ќе го водат Холанѓаните Пол ван Боекел и Денис Хиглер. Средбата на англискиот Арсенал и португалскиот Спортинг ќе ја суди француски тим предводен од Франсоа Летесие. Ќе му помагаат Сирил Муние и Мехди Рахмуни а Стефани Фрапарт ќе биде четврти судија. Во ВАР собата главниот збор…
