Author: riste

NBA

Суперѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ, ја заврши регуларната сезона со 23 поени, 8 скока и 1 асистенција во победата над Сан Антонио од 128:118. Со ова Никола Јокиќ ја заврши сезоната како лидер во НБА по број на скокови (12,9) и асистенции (10,7), станувајќи првиот играч во историјата на кого му успеало тоа. Центарот втора година по ред постигнува просечно трипл-дабл, додавајќи 27,7 поени на горенаведените бројки. Откако одигра 18 минути против Сан Антони Спарс, Јокиќ го исполни критериумот од 65 натпревари и сега влегува во трка за индивидуални награди.

Read More

Легендарната поранешна македонска репрезентативка и ракометна икона, Индира Кастратовиќ е назначена за шеф на делегацијата на Македонија за претстојното Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во Скопје од 21 до 29 април. Македонија за првпат е домаќин на едно вакво големо натпреварување, кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. Кастратовиќ која беше дел од славната генерација на Кометал Ѓорче Петров, а денеска е координатор на женските национални селекции вели дека е голема чест и задоволство што ќе биде шеф на делегацијата на Македонија. „Ми претставува голема…

Read More

Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален учинок го заврши предквалификацискиот турнир во Литванија. Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, Македонија ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот погодок беше Јанев, кој погоди во 14. минута од средбата. Претходно, Македонија забележа убедлива победа над Турција со 6:3, како и триумф од 4:2 против Бугарија, со што го заокружи настапот со девет освоени бодови. Сега нашата футсал репрезентација ќе ја очекува ждребката за…

Read More

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за организирање на меѓуконтинентални плејоф натпревари доколку иранската репрезентација се повлече од Светското првенство во 2026 година, објави „RMC Sport“. Според изворор, Иран можеби нема да присуствува на Светското првенство поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток. Во овој случај, тимовите кои не успеаја да се квалификуваат ќе имаат шанса да се квалификуваат. Се очекува по два тима од Азиската фудбалска конфедерација (AFC) и УЕФА да учествуваат во потенцијалните плејоф натпревари. Така, италијанската репрезентација, која загуби од Босна и Херцеговина во решавачкиот квалификациски натпревар, може да добие уште една можност да се бори за билет…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, имал прелиминарни разговори со клубот за потпишување на нов договор, објави „Би-Би-Си“. Артета е на чело на клубот од 2019 година, а својот единствен голем трофеј како менаџер го освои во својата дебитантска сезона на „Емирати“, кога „топџиите“ го освоија ФА Купот. Микел Артета моментално има само уште една година од договорот, но 44-годишниот Шпанец со својата работа ги убеди челниците на клубот дека е вистинската личност. Според „Би-Би-Си“, двете страни почнале да дискутираат за нов договор пред некое време, а овој процес се движел во позитивна насока. Сепак, како што се приближуваше крајот на сезоната, страните…

Read More

Главниот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, го продолжи договорот со клубот до 2028 година, објави прес-службата на Јувентус на социјалните мрежи. 67-годишниот Лучијано Спалети ја презеде функцијата менаџер на Јувентус на 30 октомври 2025 година. Неговиот договор со клубот првично беше со важност до крајот на сезоната 2025/26. Претходно беше објавено дека платата на италијанскиот тренер според неговиот нов договор би можела да достигне 6 милиони евра годишно. Јувентус е 5-ти на табелата во Серија А за сезоната 2025/26, со 57 бода од 31 натпревар. Интер е прв, со 72 бода од исто толку натпревари.

Read More

Еден од најдобрите македонски одбојкарски тренери, поранешниот репрезентативец Жарко Ристоски, следната сезона ќе работи во едно од најсилните европски национални првенства. Ристоски денеска и официјално потпиша договор со турскиот прволигаш екипата на Истанбул Беледијеспор и ќе го предводи тимот од почетокот на следната сезона. Од клубот денеска соопштија дека Ристоски е доведен за да го однесе тимот едно скалило нагоре, кон тимовите кои следната сезона ќе се борат за место во плеј-офот во најсилниот турски одбојкарски шампионат. Во тековната сезона, Ристоски со екипата на Ал Хилал ги освои практично сите трофеи во шампионатот на Саудиска Арабија.

Read More

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина денес по долго боледување на 67-годишна возраст, објави српскиот „Телеграф“. Душко Вујошевиќ имаше долга борба со бубрезите и во 2025 година беше подложен на трансплантација во Белорусија. Тој беше примен во болница околу еден месец, а се појавија и проблеми со срцето и белите дробови. Познатиот тренер роден во Подгорица ја започна својата тренерска кариера во 1976 година во јуниорските категории на Партизан. Неговата прва самостојна работа беше во ОКК Белград, каде што го водеше јуниорскиот тим и со него стана шампион на Југославија. По една сезона, тој се пресели во Младост од Земун,…

Read More

Денеска, во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на покана на Претседателот на МОК, г-дин Даниел Димевски, се одржа официјална работна средба со Н.Е. Амбасадорката на Народна Република Кина, г-ѓа Џијанг Сјаојен (Jiang Xiaoyan) и нејзината делегација. На средбата, на која присуствуваше и стручниот тим на МОК, се разговараше за актуелните состојби и идниот развој на спортот, како и за отворањето на нови можности за соработка помеѓу двете пријателски земји во повеќе полиња поврзани со спортот и олимпизмот. Во фокусот на разговорите беше ставена меѓусебната поддршка, размената на позитивни практики и искуства, како и можностите за заеднички проекти кои ќе…

Read More

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го објави потпишувањето на двегодишниот договор со македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов. Десниот бек стави потпис на двегодишна соработка со пелистерци, откако реши да замине од Алкалоид по истекот на договорот. Серафимов пристигна во Битола и стави потпис на договор по долги преговори со актуелниот шампион на Македонија. На пелистерци бекот ќе им се приклучи на стартот на подготовките за новата сезона. „Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин…

Read More