Author: riste

Челзи ќе биде отворен за понуди за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо ова лето, објавија дел од медиумите во Лондон. Гарначо се приклучи на лондонскиот тим минатото лето од Манчестер Јунајтед за 40 милиони фунти. 21-годишниот Аргентинец не успеа да се етаблира како редовен стартер и постигна само еден гол во англиската Премиер лига. Челзи очекува сериозен интерес за Алехандро Гарначо од други клубови – тие се подготвени да го пуштат Гарначо за истата цена што ја платија за него. Трансферот на Алехандро беше комплетиран кон крајот на август, кога Челзи повеќе немаше многу опции на трансфер пазарот. Гарначо одигра 31 натпревар за…

Read More

Никола Граховац го продолжи договорот со актуелниот ракометен шампион на Македонија. Битолските „зелено-бели“ објавија дека Граховац ќе биде во дресот на Е. Пелистер до 2028 година. „Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Е. Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28“, објавија од клубот. Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.

Read More

Во периодот од 27 до 30 март во Таранто, Италија, се одржа Семинар за шефови на мисии посветен на финалните подготовки за Медитеранските игри „Таранто 2026“. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на овој настан беше претставен од делегација во состав: претседател Даниел Димевски, генерален секретар Ѓорги Тасев и Петар Спасеновски, раководител на сектор спорт и шеф на делегацијата за Медитеранските игри 2026. На 20 недели пред свеченото отворање на Игрите, кои е предвидено да се одржат од 21 август до 3 септември 2026 година, македонските претставници од прва рака се запознаа со сите организациски и технички аспекти. Заедно со делегациите на…

Read More

Денеска на посебна средба со новинарите, претседателката на Федерацијата за училишен спорт, Елена Мицковска, денеска порача дека започнуваат со реализација на проектите за кои досега работеа во подготвителна фаза, а ќе претставуваат мега значајни манифестации за младинскиот спорт во Македонија. Од 20 до 28 април во Скопје ќе се одржи Светското училишно првенство во ракомет, каде што играчите се на возраст до 18 години. „Иднината на светскиот ракомет доаѓа кај нас и тоа е одлична шанса за нас да се докажеме како организатори. Како луѓе кои и самите потекнуваме од спортот, знаеме колку се вредни ваквите натпреварувања, каде што играчите…

Read More

Ракометниот суперлигаш Бутел денес на прес-конференција ја најави соработката со новиот тренер. На клупата на РК Бутел од наредната сезона ќе седне поранешниот репрезентативец и легенда на Вардар, Столе Стоилов. Ова ќе биде прв клуб кој ќе го води Стоилов, откако претходно беше помошник во Вардар, а воедно е и во стручниот штаб на нашата репрезентација. Стоилов најави дека целта му е да работи со млади ракометари и да биде конкурентен за плеј оф. Неговата проценка е дека Бутел има добра програма и стратегија и затоа прифатил да седне на кормилото на оваа екипа. „Баравме идеално и квалитетно решение за…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ се огласи по мартовскиот репрезентативен прозорец во кој нашата репрезентација беше елиминирана во полуфиналето на баражот за пласман Светското првенство по поразот од Данска во Копенхаген. Првиот човек на ФФМ нагласи дека репрезентацијата не е само резултати, па иако се важни, има поголеми вредности.  „Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни. Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И…

Read More

Шпанскиот клуб Селта Виго објави на својата официјална веб-страница дека го продолжил договорот со главниот тренер Клаудио Жиралдес . Новиот договор на специјалистот со клубот од Виго е со важност до летото 2028 година. Тренерот е на чело на првиот тим на Селта Виго од 2024 година, а претходно работеше во младинскиот систем на клубот. Селта Виго моментално е на шестото место на табелата во шпанската Ла Лига со 41 бод. Тимот има 10 победи, 11 нерешени и осум порази. За време на неговата играчка кариера, Клаудио Жиралдес беше дел од системот на Реал Мадрид, а играше и за Понтеведра, Оренсе, Корухо…

Read More

Белорускиот ракометен клуб Мешков Брест, објави, дека на 51-годишна возраст почина поранешниот тренер и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров.  Тој извесен период беше дел од раководната гарнитура а повремено седеше и на клупата на машката и женската екипа на „црвено-црните“. Кокшаров беше дел и од експедицијата која во два наврата ја покори Европа во 2017 и 2019 година.  Кокшаров беше и селектор на ракометарите на Русија а го водеше и женскиот тим на Ростов Дон пред да замине во Мешков Брест.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува во Даблин кај Република Ирска во пријателски натпревар, откако беше елиминарана во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. Нашиот национален тим беше поразен од Данска во Копенхаген со 4:0, со што пропаднаа надежите за нов историски настап на големо натпреварување, додека Ирска исто така го завршија својот пат кон Светското првенство оваа година. Домашната селекција очекуваше дека вечерва на „Авива“ стадионот во Даблин ќе се борат за настап на Мундијалот, меѓутоа добија пријателски меч со Македонија и разочарани немаат многу интерес кај домашните фанови. Од друга страна дуелот со Ирска доаѓа како можност за новиот селектор Гоце…

Read More

Македонскиот тим ГРК Охрид со победа над Олимпијакос од 31:26 се враќа од гостувањето во Атина. Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ, ГРК Охрид покажа одлична игра и полека гледа кон следната полуфинална фаза во ова натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид. Екипата на Охрид одигра одличен натпревар и заслужено дојде до победата на натпреварот во Атина на гостински терен. Разликата во квалитет Охрид ја покжа уште во првото полувреме кое го доби со 15:10, за да во вториот дел ја одржува оваа предност и да слави на крајот со +5 голови позитива. Одличен кај макеоднскиот…

Read More