Author: riste

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува полуфиналниот натпревар од плеј-офот за пласман на  СП во 2026 година. Противник на нашата селекција е репрезентацијата на Данска со која досега имаме одиграно 3 натпревари, два биле во квалификациите за ЕП 1996 година. Во септември 1994 година Македонија во Скопје играше нерешено со тогаш актуелниот Европски шампион, Данска, а натпреварот заврши нерешено 1:1, стрелец на голот за Македонија беше Митко Стојковски. На вториот натпревар кој с еиграше на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска славеше со 1:0. Третиот и единствен пријателски натпревар го играа двете селекции во февруари 2013 година во Скопје, а тогаш Македонија…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство, а во составот на нашата селекција повторно е Бобан Николов, кој се враќа во националниот тим по двегодишна пауза. Искусниот играч за врска кој оваа пролет се врати во Македонија и настапува за Вардара верува во квалитетот на репрезентацијата и можноста за изненадување во Копенхаген. „Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во…

Read More

Реал Мадрид ќе поднесе жалба за исклучувањето на играчот од средниот ред Федерико Валверде во натпреварот од 29-то коло од шпанската Ла Лига против Атлетико Мадрид (3:2), без оглед на должината на дисквалификацијата на играчот, објави „Марка“. Клубот смета дека исклучувањето е неоправдано, а прекршокот направен од играчот се смета за основа за жолт картон. Фудбалерот доби директен црвен картон во 77-та минута затоа што го згази гостинскиот играч Алекс Баена. Во официјалниот извештај, судијата Хозе Мунуера Монтеро пресуди дека играчот е исклучен затоа што удри во противнички играч додека не бил во дофат на топката, употребувајќи прекумерна сила. Доколку оваа информација…

Read More

Според новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X, трансферот на Антоан Гризман во Орландо Сити е во суштина договорен. Американскиот клуб наводно првично сакал да го комплетира трансферот уште во март, но потоа од Атлетико Мадрид решиле да го задржат напаѓачот до крајот на сезоната за да може да му помогне на тимот во тековното натпреварување. Според новите информации, договорот е на две години и ќе стапи на сила во летото 2026 година. По натпреварот со Реал Мадрид , Антоан Гризман веднаш отпатувал во САД за да ги заврши сите формалности и да се договори за последните детали од договорот. Се забележува…

Read More

Суперѕвездата на Вашингтон Капиталс, Александар Овечкин, стана само вториот играч во историјата на НХЛ лигата кој постигнал 1.000 голови во кариерата, вклучувајќи ги регуларната сезона и плејофот, приклучувајќи се кон легендарниот Вејн Грецки. 40-годишниот Овечкин го надмина Грецки за најмногу голови во регуларната сезона во историјата на НХЛ на 6 април 2025 година, со гол број 895. Вејн Грецки останува лидер со 1.016 голови, од кои 894 во регуларната сезона и 122 во плејофот. Овечкин стигна до извонредната бројка од 1.000 голови во третиот период против Колорадо во натпревар од НХЛ, израмнувајќи го резултатот на 2:2. Колорадо го доби натпреварот…

Read More

36-годишниот Колумбиски велосипедист Наиро Кинтана објави дека се повлекува од спортот на крајот од тековната сезона, објавува весникот „Л’Екип“. „Ова е важен момент за мене, за моето семејство, за мојата земја, за сите што беа покрај мене. Сакам да кажам дека ова е мојата последна сезона како професионален велосипедист. Секоја трка во која учествувам оваа година ќе биде голема прослава, последен танц“, рече тој за време на учеството на Трката околу Каталонија. „Наироман“ е колумбиска спортска икона речиси две децении. Тој стана првиот Колумбиец што ја освои Џиро д’Италија во 2014 година, а две години подоцна ја освои и Вуелта.…

Read More

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски како единствен македонски натпреварувач денеска го имаше својот настап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун. Стојоски се појави на трките од квалификациите на 400 метри и настапи во групата 6 заедно со многу силни натпреварувачи и истрча време 47.93 секунди што беше негово најдобро време оваа сезона. Овој резултат беше доволен на крајот д азаврши како 24-ти на ова СП во сала. По неговиот настап ексклузивно ги сподели своите импресии од трката низ разговорот во нашата програма: „Морам д акажам дека сум задоволен одрезултатот со оглед на тоа…

Read More

Нашата ракометна репрезентација денеска замина за Брегенц, Австрија, каде утревечер ќе има можност да одигра контролен натпревар против домашната репрезентација. Селекторот, Кирил Лазаров за ЕХФ-неделата повика 20 ракометари. За овие мини-подготовки одлучи да ги одмори Никола Митревски и Жарко Пешевски, а поради повреди ги нема Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов. Во составот се врати Милан Лазаревски, кој после долгата пауза е во одлична форма, тоа го покажува во дресот на Вардар 1961. Контролата со Австрија е тест пред бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година.

Read More

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри, кој ја освои Лигата на шампионите во 2009 година со Барселона, по големата победа на Каталонците над Њукасл во осминафиналето од ЛШ, изјави дека Барселона го покажа своето вистинско лице на реваншот. „Честитки за Барселона, Европа почнува да ја чувствува опасноста. Кога еден тим е така возбуден, не остава ништо зад себе. Она што се случи не е триумф, туку светски земјотрес, во ноќ што ќе влезе во историјата. Какво второ полувреме беше ова? Се случи целосна трансформација. Барса играше со поинаков карактер. Ова е вистинската Барселона. Кога сакаат, прават сè. Тие се неверојатен тим.…

Read More

Фиорентина размислува за амбициозен трансфер на Енцо Мареска на клупата на „виолетовите“, откако клубот веќе воспостави првичен контакт со италијанскиот стратег. Според блиски извори, спортскиот директор на „Ла Виола“, Фабио Паратичи, имал неформален разговор со Мареска за да го претстави долгорочниот проект на клубот. Му бил објаснет проектот на клубот, бидејќи тие во моментов се обидуваат да избегнат испаѓање од лигата. Иако постои мислење дека доаѓањето на поранешниот менаџер на Челзи ќе биде речиси невозможно, тосканскиот клуб е решен да ги тестира своите можности без оглед на тоа.

Read More