Author: riste

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува со градење на тимот за следната сезона. Клубот од Битола официјално го продолжи договорот со Ник Хенигман. Словенечкиот лев бек ќе остане во Битола и во сезоната 2026/27, со опција соработката да биде продолжена и за уште една година, односно до 2028 година. Во таборот на „пелистерци“ Хенигман се гледа како важен дел од ростерот, играч кој носи квалитет, но и лидерство, иако е дел од тимот само една сезона. Хенигман пристигна во Битола минатото лето и веднаш остави силен печат. Со Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, настапуваше континуирано во домашната Суперлига и во…

Read More

Младиот возач на Мерцедес, Кими Андреа Антонели победи на третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Италијанецот беше најбрз на трката за ГН на Јапонија која се возеше на патеката „Сузука“. Со оваа победа Антонели го презеде врвот во поредокот пред принудната пауза од пет недели. Антонели имаше катастрофален старт, иако почна од пол-позицијата. Веднаш на стартот падна дури до седмото место, па мораше да се пробива за да стигне до врвот. Трката добро ја почнаа Оскар Пиастри и Шарл Леклер кои излегоа пред двата болиди на Мерцедес, а на крајот завршија и на подиумот. Клучниот момент на трката…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска. Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на…

Read More

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации за Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Италијанецот, кој пред две недели во Шангај стана најмладиот освојувач на пол-позиција во историјата, забележа уште еден одличен резултат во квалификациите со време од 1:28,778 минути. Во битката за пол-позицијата, Антонели беше подобар од својот клупски колега Џорџ Расел, кој заостана три десетинки од секундата. На овој начин, возачите на Мерцедес го комплетираа првиот ред во Јапонија за првпат од 2018 година. Најблиску до двоецот на Мерцедес беше Оскар Пјасти од Мекларен. Квалификациите несомнено беа обележани…

Read More
NBA

Кон Книпел се бори со поранешниот соиграч од универзитеото Дјук, Купер Флег, за наградата за НБА дебитант на годината. Книпел е лидер во лигата по број на постигнати тројки и држи рекорд за дебитанти по бројoт на шутеви од далечина. „Тој е веројатно најдобриот бел американски играч. Флeг е добар, но не толку . Не е многу ефикасен. Книпел ќе беше добар во Далас“ – заклучи Тиг.

Read More
NBA

Бил Симонс е претпазлив во проценката на потенцијалниот трансфер на Јанис Адетекумпо бидејќи верува дека Бакс веројатно нема да добијат максимална компензација. „Зошто да го менуваме за толку голема сума? Дали е меѓу првите пет играчи во лигата? Поблизок е со Ембиид отколку со Јокиќ. Постојано се повредува. Би бил навистина загрижен за тоа.“ – рече Симонс. „Да речеме Мајами. Ќе морам да се откажам од сите средства и да потпишам четиригодишен договор од 280 милиони долари. Не би го направил тоа“ – потенцираше Симонс.

Read More

Бразилецот, Касемиро, кој има повеќе од 150 мечеви за Манчестер јунајтед во текот на летото ќе си замине до стадионот – „Олд Трафорд“. Тоа го потврди самиот играч на социјалните мрежи.  „Сè уште навистина уживам во времето поминато во Јунајтед. Овој клуб е голем и навивачите беа одлични кон мене но, не сум се предомислил“ – рече Касемиро. „Нашата цел е да го вратиме клубот во Лигата на шампионите“ – потенцираше играчот од средниот ред кој имаше серија на добри настапи во последните мечеви.

Read More

Времениот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, би можел да добие понуда само за краткорочен договор, објавија медиумите во Англија. Челниците на тимот не брзаат да донесат конечна одлука иако нема многу слободни тренери на пазарот кои може да седнат на клупата на „Олд Трафорд“.   „Црвените ѓаволи“ сакаат да ангажираат стратег кој има искуство од Премиер лигата. Во моментов не се шпекулира со имиња.

Read More

„Скај Спорт Италија“, наведе дека напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, може да биде суспендиран и да го пропушти крајот на сезоната доколку не се врати во Неапол пред крајот на месецов. Лукаку самоиницијатвно е во Антверпен – Белгија за да тренира и да биде блиску до семејството барем уште една недела. На тоа реагира италиајнскиот тим кој најави казна па дури и суспензија на голгетерот. Шпекулациите велат дека Лукаку во текот на летото ќе си замине од Серија „А“ бидејќи има понуди од Турција и Блискиот Исток.

Read More

Еден од најистакнатите ракометари во поновата европска историја, Иван Чупиќ, денес го одбележува својот 40-ти роденден, зад себе оставајќи кариера исполнета со врвни достигнувања, трофеи и длабока трага во ракометниот свет. Поранешниот Хрватски репрезентативец, роден во Метковиќ, изгради импресивен спортски пат настапувајќи за повеќе значајни европски клубови. Кариерата ја започна во РК Метковиќ, а потоа следуваа ангажмани во Медвешчак Загреб и Горење Велење. Својата класа ја потврди и на највисоко ниво во германската Бундеслига со Рајн Некар Левен, како и во полскиот гигант Киелце, со кој ја освои титулата во ЕХФ Лигата на шампиони. Сепак, посебно место во неговата кариера…

Read More