Author: riste

Ракометарите на Вардар го прегазија Мелсунген на гости во Германија со 25:34 и обезбедија директен пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европската лига. Вардар одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за првото место во својата група 3. Со пласманот во четвртфиналето, „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум во битката за полуфинале. Вечерва Вардар доминираше во Касел во секоја смисла. Одигра меч во кој домашните ракометари предводени од Парондо во ниту еден момент не успеаја да направат резултатски пресврт, а подоцна ниту да влезат во резултатски егал. Да Силва постигна шест гола, исто колку и…

Read More

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, денеска го пушти во употреба новиот мултифункционален спортски центар во населеното место Долно Коњари.Овој проект е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со оваа инвестиција жители на Долно Коњари, особено младите, добија уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити.Министерот Ристовски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација. „Овој простор треба…

Read More

Поранешниот македонски кошаркар и претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ ѝ се враќа на кошарката и доби функција во кошаркарскиот клуб Игокеа. Некогашниот капитен на репрезентацијата ќе стане нов амбасадор на Игокеа, објави генералниот менаџер на клубот, Игор Додик. Тој нагласи дека харизмата, професионализмот и препознатливиот спортски дух на Антиќ ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од оваа спортска заедница. „Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од нашата заедница“, напиша Додик во објавата на социјалните мрежи. Со ова назначување, Игокеа и Антиќ започнуваат еден нов вид…

Read More

Ракометарите на Вардар вечерва го играат последниот натпревар од групната фаза на Европската лига на ЕХФ и тоа на гостински терен кај Мелсунген. „Црвено-црните“ во овој натпревар влегуваат како лидер на табелата во групата 3 и сами одлучуваат дали директно ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на ова натпреварување. Тимот предводен од Иван Чупиќ пред себе има две поволни опции. ЕХФ ги објави сите сценарија поврзани со оваа група, а победа или реми на Вардар во Германија ќе значат прескокнување на плеј-офот и пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување. -Вардар 1961 ќе се пласира директно во четвртфиналето ако победи…

Read More

54-годишниот шпански тренер Унаи Емери веројатно ќе ја напушти Астон Вила по завршувањето на сезоната. Главната причина е незадоволството од финансирањето на клубот. Шпанецот е незадоволен и од ограничувањата за трансфери, објави „Фудбал Инсајдер“. И покрај успехот на тимот, Астон Вила се соочуваше со тешкотии во почитувањето на финансиските прописи и во Премиер лигата и во европските натпреварувања во последните години. Во февруари се појавија информации дека клубот повторно ќе биде казнет од УЕФА, и покрај тоа што оствари профит минатата сезона. Ова е затоа што Астон Вила повторно ги прекрши прописите на УЕФА за трошење пари на екипите, кои ги ограничуваат…

Read More

Реал Мадрид одговори на гласините околу евентуалниот трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Клубот ја отфрли можноста за потпишување на договорот со освојувачот на „Златната топка“ во 2024 година како дел од своите планови за летниот преоден рок во 2026 година, објави „АС“. Според еден извор, и покрај активната потрага по засилувања во средниот ред, Родри не е меѓу кандидатите што ги разгледува раководството на Реал Мадрид. Се очекува шпанскиот играч да се појави на „Сантијаго Бернабеу“ само за натпреварот против нивниот противник во следната рунда од Лигата на шампионите на УЕФА. Главните причини за откажувањето на трансферот беа…

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари победа на трката за ГН на Австралија со која официјално започна новата, 77. сезона во Формула 1 шампионатот. Британскиот возач триумфираше на патеката Алберт Парк во Мелбурн и со тоа дојде до шестата победа во својата кариера. Расел имаше одлична трака од почетокот до крај и успеа да ја задржи контролата во клучните моменти, што му овозможи да стигне до максималните 25 бодови на отворањето на сезоната. Со оваа победа, Мерцедес доби одличен старт во новиот шампионат и најави сериозна борба за титулата. Второто место му припадна на неговиот тимски колега, младиот италијански возач Андреа Кими…

Read More

Женската ракометната репрезентација на Македонија успеа да ја победи Белгија со 33:28 во последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 кој се одигра во Куманово. Ракометарките така им се реваншираа на Белгијките за поразот во првиот меѓусебен дуел во Хаселт и квалификациите ги завршуваат на третото место на табелата. Натпреварот започна ефикасно исто како и во Белгија а на полувреме Македонија замина со предност од 17:14. На стартот на вториот дел повторно Макеоднија и дозволи на Белгија да се закани, но овој пат одличната голманка Андреа Илиќ беше на голот на нашата репрезентација. Во 45. минута дојде до бројката од 11 одбрани,…

Read More

Пред нас е историски момент за македонското алпско скијање. Нашата скијачка Ева Милевска ќе испише историја како првата македонска скијачка која ќе настапи во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом – на Светското јуниорско првенство во алпско скијање. Во Нарвик, Норвешка, Ева Милевска ќе се натпреварува со најдобрите млади скијачи во светот во нејзината возраст, на едно од најпрестижните натпреварувања во календарот на FIS. Брзите дисциплини се најпредизвикувачките во алпското скијање – со долги и технички тешки патеки, скокови, компресии и брзини над 100 km/h. Со овој настап, Ева не само што се натпреварува со светската елита, туку испишува нова…

Read More

Неверојатен натпревар денеска одиграа младинците на РК Мулти Есенс, кои со 86:17 (42:8) славеа во мечот со РК Вардар Неготино во рамки на шампионатот на Македонија. Покрај неверојатно убедливата победа за домашните, мечот ќе остане во историјата како натпревар на кој еден ракометар постигна рекордни 37 гола. Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Поповски, кој имаше рекордна вечер за паметење.

Read More