Author: riste

Фудбалерите на Тотенхем би можеле да се соочат со значително намалување на платите доколку тимот испадне од англиската Премиер лига на крајот од сезоната, објави инсајдерот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, кој ова го објави на социјалните медиуми. Според изворот, повеќето договори на играчите на лондонскиот клуб вклучуваат клаузула со која би можеле да им се намалат платите за приближно 50% ако тимот заврши во Чемпионшип. Тотенхем моментално е на 16-то место на табелата во англиската Премиер лига со 29 бода. Вест Хем Јунајтед, кој е на 18-то место, има 25 бода.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека неуспесите на тимот не се поврзани со повредите и отсуството на Џuд Белингам и Килијан Мбапе. „Мбапе и Белингам како изговор? Не, ова е Реал Мадрид, а ние имаме доволно играчи за да победуваме на натпреварите и без нив. Не барам изговори“, рече Арбелоа на прес-конференцијата по натпреварот против Хетафе. Реал Мадрид загуби со 0:1 на оваа средба, а по овој натпревар, Реал Мадрид е втор на табелата во Ла Лига со 60 бода. Барселона е лидер со 64 бода.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша и четвртата победа во претквалификациите за ЕП 2029, откако попладнево во Баку по голема борба славевме над Азербејџан со 70:78. Избраниците на селекторот Берокал лошо го отворија мечот и му дозволија на домаќинот комплетно да не надигра. Азербејџан во првиот период имаше 28:19, а во едне дел од втората четвртина предноста на домашните отиде и на плус 18 (43:25). Сепак, успеавме да поставиме контрола на случувањата и до полувремето се приближивме на 44:37, но го загубивме Војдан Стојановски кој се повреди. Во вториот дел конечно видовме вистинска слика на теренот. Агресинва одбрана, добра напад и…

Read More

Ракометарите на Вардар утре ќе ја пречекаат Бенфика во клучен меч од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ се борат за место во плеј-офот, а позитивен резултат против Бенфика ќе биде многу важен. На денешнета прес-конференција пред натпреварот зборуваше тренерот на тимот Иван Чупиќ.  „Две работи се во игра, првата е дека играме дома и се надеваме дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер. Се надевам дека ќе оставиме добра слика, а ќе запишеме победа и ќе ја исполниме целта да ја минеме главната фаза. Втората работа е, како тим по првата лоша презентација на цел…

Read More

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска ги извлече групите за втората фаза од ракометниот Куп на Македонија, по која следи завршиот Ф4-турнир. Фаворитите имаа статус на носители и не се во иста група, а РФМ воедно ги покани сите заинтересирани страни кои сакаат да бидат организатори, да достават барање до канцеларијата на РФМ. Група А:Бутел Скопје – Вардар 1961Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 Група Б:Пролет 62 – Македонија ЃПРадовиш – Алкалоид Група В:Тиквеш – ГРК ОхридКуманово – Младост Богданци Група Г:Струга – Еурофарм ПелистерПрилеп – Драчево Натпреварите од Купот на Македонија се играат овој викенд.

Read More

Изминатиот викенд заврши Балканскиот шампионат за сениори-ки кој се одржа во Бања Лука,БИХ. За Репрезентацијата на Македонија од сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапија вкупно 6 (шест) спортисти. Тие беа најуспешни по број на освоени медали и единствени кои на ова сениорско првенство освоија медал за Македонија. Освоени се вкупно 4 (четири) бронзени медали. Два бронзени медали се освоени во поединечните настапи, и два медали освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија. Јована Мицовска и Викторија Јовановска освоија бронзи на Балканското првенство за сениори во Бања Лука На…

Read More

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска го продолжува својот настап во претквалификациите за Европското првенство. Македонскиот национален тим ќе го одигра четвртиот натпревар од групната фаза, а за противник ја има селекцијата на Азербејџан. Македонија со три победи во исто толку натпревари е лидер во А групата. Азербејџан со гостинската победа над Република Ирска ги зголеми амбициите во трката за едно од двете места што водат во понатамошниот тек од квалификациите. На првиот меч во Скопје, Македонија славеше убедливо со 87:49 (38 разлика). Затоа јасно е зошто нашите репрезентативци важат за фаворит во денешниот натпревар. На првата средба во Скопје Андреј…

Read More

Арсенал постигна два гола од корнери во натпреварот од Премиер лигата против Челзи. Резултатот беше отворен во 21-та минута. По центаршутот на Букајо Сака кон далечната статива, Габриел ја врати топката до Вилијам Салиба. Тој шутираше кон голот, но по одбивањето на Мамаду Сар, топката заврши во мрежата. Голот му беше препишан на Салиба. На средината од второто полувреме, во 66-тата минута, домаќините повторно ја искористија можноста за прекин. По корнерот на Деклан Рајс, голманот Роберт Санчез направи грешка при излегувањето од топката, а Јуриен Тимбер ја искористи таа грешка, испраќајќи ја топката во мрежата. Лондончани со тоа го зголемија…

Read More

Борусија Дортмунд објави дека капитенот на тимот Емре Чан има скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено за време на натпреварот од Бундеслигата против Баерн (2:3). Се очекува фудбалерот да отсуствува подолго време. Спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел, ја коментираше ситуацијата: „Повредата на Емре е многу несреќен настан, не само за него, туку и за целиот клуб. Тој е наш капитен, секогаш посветен на тимот и важен дел од клубот. Емре ќе ја добие нашата целосна поддршка во наредните месеци за да се осигури неговото целосно закрепнување“, изјави Кел за прес-службата на клубот. Оваа сезона, Емре Чан одигра 16 натпревари и…

Read More

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја пролжи серијата на победи и ја забележа можеби најважната победа во групата А од претквалификациите за следното Европско првенство. Кошаркарите по цели дваесет години се вратија во салата „Градски Парк“ и славеа против директниот конкурент за првото место Луксембург со 79:70 и се со три победи од три одиграни натпревари. На клупата на Македонија вечерва дебитираше новиот селектор Жозеп Мариа Берокал кој очигледно позитивно делуваше на нашите репрезентативци кои покажаа одлична игра во текот на поголемиот дел од натпреварот. Првиот период Македонија го доби со 25:17 и најави дека сака сигурна победа на оваа средба. Добрата игра…

Read More