Author: riste

Пауло Фонсека кој седи на клупата на францускиот елитен состав Лион, даде оценка за модерниот стил на фудбал.  „Станува сè потешко за тренерите кои сакаат да играат добро. Не можеме да заборавиме дека тоа е најпочитуваниот спектакл во светот“ – рече Фонсека. „Никој не сака да оди на стадион за да гледа здодевен натпревар без шанси за гол. Играта драматично се менува а тоа што го гледаме денес не е убаво“ – рече Фонсека.

Read More
NBA

Првиот човек на Голден Стејт, Џo Лакоб, ги негираше гласините дека тимот се обидел да го продаде кошаркарот Дрејмонд Грин. „Тој е клучен дел од нашиот клуб. Не можете едноставно да го продадете. Тоа се прави само ако добивате неверојатни средства за возврат“ – рече Лакоб. „Никогаш не се разговарарло на таа тема и Грин го знае тоа“ – потенцираше сопственикот на НБА тимот.

Read More

Олимпискиот шампион и двократен освојувач на Стенли Купот, Јаромир Јагер, објави дека нема да ја продолжи професионалнате кариера. 54-годишниот хокеар беше избран како петти на драфтот на НХЛ во 1990 година од Питсбург. Тој освои два Стенли Купа во 1991 и 1992 година и успеа да се пробие на второто место зад Вејн Грецки (Канада) по вкупниот број на поени во лигата. Со селекцијата на Чешка освои злато и бронза на Олимписките игри а два пати беше и светски шампион.

Read More

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, се осврна на најавите дека Турција може да се вклучи во календарот во 2027 година. „Не е потврдено. Новите трки што доаѓаат ќе се реализираат на патеки а не со улични кругови. Тие имаат добро тркачко минато“- рече Доменикали пред стартот на новата сезона во Бахреин. Ќе потсетиме дека од сезоната 2027 во распоредот сигурно ќе биде вметната трката за Големата награда на Португалија во Портимао.

Read More

29-годишниот Јоханес Хефслот Клебо, го освои и шестиот златен медал на Олимписките игри во Милано – Кортина. Норвежанецот ќе остане забележан во спортскиот алманах бидејќи победи во сите дисциплини на ЗОИ во Италија. Последната победа дојде во дисциплина во крос-кантри скијање – 50 км класичен стил. Клебо има 11 трофеи и се издвојува како еден од најдбрите кога станува збор за Олимпијадите.

Read More

Ракометниот клуб Алкалоид објави дека ја продолжиле соработката со својот среден бек Игор Ѓорѓиев. Средниот бек кој има 25 години ги брани боите на клубот од Автокоманда од 2021 година и реши да остане во таботот на клубот со кој успеа да освои неколку трофеи. Од клубот со кратко соопштение ја објавија оваа информација: „РК Алкалоид останува доследен и ја продолжува својата клупска стратегија да гради тим за иднината со македонски играчи. Со задоволство ја информираме јавноста дека продолжен е договорот со нашиот капитен, средниот бек Игор Ѓорѓиев (25), кој реши да остане лојален на нашиот клуб. Ракометарот кој е…

Read More

Интер ја потврди повредата на нивниот капитен Лаутаро Мартинез по неговите медицински прегледи денес, што е истегнување на левата потколеница, здобиена во поразот од 1:3 од Бодио/Глимт во Лигата на шампионите. Клубот додаде дека состојбата на напаѓачот ќе биде повторно проценета следната недела. Во меѓувреме, според „Скај Спорт Италија“, неговото закрепнување би можело да трае најмалку еден месец, потврдувајќи ги зборовите на тренерот на тимот, Кристијан Киву, кој по натпреварот изјави дека станува збор за сериозна повреда. Ова значи дека Лаутаро ќе го пропушти не само реваншот против Норвежаните следната недела, туку и градското дерби со Милан на 7-8 март,…

Read More

По синоќешниот пораз на домашен терен од екипата на Самсунспор од 1:0, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, изјави дека неговиот тим не се прикажал во најдобро издание. „Противникот беше подобар и сакам да им честитам. Мислам дека ние не бевме на нашиот максимум. Кога играш против ваков квалитетен тим треба да ја искористиш секоја шанса. Противникот успеа да постигне гол од една од шансите, и тоа го реши мечот. И ние имавме две-три добри шанси, но не ги искористивме. Нѐ чека меч со Силекс в недела, а потоа во четврток на гостински терен ќе се обидеме да се претставиме во…

Read More

Од ФК Вардар соопштија дека талентираниот бек кој на стартот на пролетната полусезона во ПМФЛ дебитираше за Вардар, Филип Цветковски, стави потпис на прв договор со клубот. Во Вардар не сакаа да ризикуваат ништо и му дадоа тригодишен договор на момчето кое е родено во 2009 година. 16-годишникот веќе одигра неколку натпревар за Вардар и ја убеди управата, па парафира соработка до 2029 година. Цветковски е младински репрезентативец на Македонија со настапи за селекцијата до 17 години. Тој важи за еден од најголемите таленти во својата генерација. На само 16 години го убеди тренерот Гоце Седлоски да му даде шанса…

Read More

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029. За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) и Азербејџан (во Баку), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16.кошаркари. Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23. февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер). Во овој февруарски ФИБА „прозорец“, кошаркарите ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Луксембург и Азербејџан.…

Read More