Author: riste

Тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен, остана реален по победата од 3:1 над Интер во плејоф рундата од Лигата на шампионите, велејќи дека тимот сè уште има простор за подобрување. „Мислам дека денес имавме малку среќа. Бевме исклучително ефикасни, но според нашите стандарди тоа беше просечна изведба. Резултатот е добар, но играта беше просечна“, рече Кнутсен. Во врска со стратегијата за реваншот следната недела, специјалистот нагласи дека неговиот тим не треба да се затвори. „Има многу работи на кои треба да се работи. Тоа ќе биде сосема поинаква игра. Не можеме само да се браниме длабоко во нашата половина и да…

Read More

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, го коментираше резултатот од 31-то коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон. Натпреварот заврши нерешено 2:2. „Многу е тешко да се прифати. Во второто полувреме не игравме онака како што требаше, онака како што треба да играме за да добиеме натпревар од Премиер лигата. Подобро е да не судиме сега; сите се премногу емотивни во моментов. Треба да го прифатиме овој удар, го заслужуваме. Лесно е да се каже нешто во жештината на моментот што ќе му наштети на тимот. Секој го сака најдоброто. Но, мора да се помине и низ тешки времиња. Денес, ја плативме…

Read More

Францускиот гигант Марсеј официјално го објави назначувањето на Хабиб Беј за свој нов главен тренер. Тој го наследува Роберто Де Зерби. 48-годишниот специјалист, кој претходно го водеше Рен, потпиша договор со Олимпик Марсеј до 2027 година. Хабиб Беј е поранешен играч на Марсеј, играјќи на „Велодром“ помеѓу 2003 и 2007 година. Марсеј моментално е на 4-то место на табелата во Лига 1 со 40 бода по 22 одиграни натпревари.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја пречекуваат екипата на Висла Плоцк во рамките на 11.коло од Лигата на шампионите. На клупата на домашната екипа ќе биде Слевче Алушовски кој во паузата се врати на чело на тимот од Битола и ќе дебитира со својата екипа во елитното натпреварување. Алошовски во разговор во нашата програма зборуваше за средбата која го очекува неговиот тим: „Секој натпревар е нова приказна, се обидуваме од грешките да учиме и да вметнуваме нови работи и да се подобруваме. Во Битола нашата екипа никогаш не била во подредена улога и секогаш играме на победа, така ќе биде и…

Read More

Словенечкиот репрезентативец и ракометар на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник од следната сезона ќе го носи дресот на Слован Љубљана, откако потпиша тригодишен договор со клубот предводен од Урош Зорман. Тајник реши да си замине од Еурофарм Пелистер по три сезони поминати во Битола, период во кој двапати ја освои титулата во македонското првенство и беше едно од клучните играчи на шампионот. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а ракометарот реши да прифати нов предизвик и да се врати во својата земја. Домен тајник можеше истото да го направи и минатата година кога имаше можност да потпише за Слован, но…

Read More

Двократниот европски ракометен шампион Вардар вечерва од 18:45 часот во Лисабон ја почнува главната фаза од натпреварите во ЕХФ Европската лига. На гостувањето кај Бенфика „црвено-црните“ се надеваат на старт со победа и нови два бода во трка за пласман во нокаут-фазата. Вардарци во оваа фаза доаѓаат со два бода, а Португалците влегоа без бодови. Бенфика пред своите гледачи ќе се обиде да дојде до првите бодови, со оглед на тоа што веќе ја доби и улогата на благ фаворит. Лидерот во нашето првенство во мечот влегува и со неколку повратници и нови ракометари со надеж дека уште во првиот…

Read More

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, беше незадоволен од судењето по поразот на тимот со 2:1 од Џирона во 24-то коло од шпанското првенство. Тренерот верува дека играчот од средниот ред Клаудио Ечевери го фаулираше Жил Кунде пред победничкиот гол на Фран Белтран. „Сите ја видоа ситуацијата пред вториот гол. Секако, фаулот беше очигледен, но тоа не е поентата. Можеби ќе зборував повеќе за тоа ако игравме добро, но игравме лошо. Судиите си ја вршат работата. Понекогаш не е многу добро, но тие играат на исто ниво како нас, па можеби не беше најдоброто ниво“, изјави Флик. По овој натпревар, Џирона е на 12-то место во табелата на…

Read More

Весникот „Атлетик“ откри детали за здравствената состојба на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе . Францускиот фудбалер го пропушти саботниот натпревар од Ла Лига против Реал Сосиедад (4:1), но веќе се врати вчера за време на тренингот со целиот тим. Мбапе има проблеми со коленото од декември, кога му беше дијагностициран истегнување на лигаментите. Според изворот, играчот е на конзервативна терапија. Медицинскиот персонал на Реал Мадрид очекува постепено подобрување на неговата состојба и покрај постојаните болки. Раководството на клубот не планира да прави никакви промени во одобрениот распоред за рехабилитација.

Read More

Екипата на МЗТ Скопје останува „владетел“ во македонската кошаркара. Оваа екипа успеаја да слави во финалето од Купот на Македонија против МКК Куманово (96:70) и така го одбранија ланскиот трофеј, па дојдоа до четвртото одличје во низа. Само на два клуба во Куп-историјата на Македонија и успеало тоа да дојдат до четири трофеи во низа, тоа се МЗТ Скопје и Работнички. Неизвесност на натпреварот имаше само на почетокот, а потоа МЗТ Скопје покажа дека има поквалитетеи ростер и го реши победникот на натпреварот. Финалето се играше пред 3.500 гледачи во одлична атмосфера која не му помогна на домашниот тим да направи подвиг и да слави пред свооите…

Read More

Фудбалерите на Вардар забележаа нова победа во ПМФЛ, откако на мечот со Работнички славеа со убедливи 0:3. Дуелот меѓу скопските прволигаши беше одигран на терените на ФФМ, а Вардар го реши уште во првото полувреме откако дојде до водство со головите на Закариќ и Омерагиќ, а победата беше потврдена со уште еден гол на новајлијата Цветковиќ во второто полувреме. Со оваа победа Вардар ја задржува предноста која ја има во однос на конкурентите Шкендија и Струга во битката за титулата. Откако Струга направи кикс на домашен терен и загуби од Силекс со 2:3, сега Вардар има 48 бодови и е…

Read More