Author: riste

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Тихомир Костадинов се реши да побара поголема минутажа во друг клуб и ја напушти екипата на Сигма. Сепак, Костадинов останува во Чешка затоа што во финишот од преодниот рок се пресели во екипата на Словачко, екипа на која ќе се обиде да ѝ помогне до крајот на сезоната да избори опстанок во првата лига на Чешка. Тихомир Костадинов не одигра ниту една минута за Сигма во подготвителниот период затоа се одлучи за нов предизвик. Во кариерата претходно македонскиот фудбалер беше дел од полски Пјаст Главице, словачките екипи Руженборк и Банска Бистрица, додека во Македонија настапуваше за…

Read More

Емил Рајковиќ и Тофаш ја завршија соработката. Турскиот клуб денеска со официјално соопштение потврди дека нашиот стручњак ја напушта позицијата прв тренер на тимот. Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026, но не успеа да ја заврши на своето ново работно место. Кризата која го зафати тимот на резултатски план, а особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите беа иницијална каписла за турските газди да побараат ново тренеско решение. „Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се заблагодаруваме за неговиот придонес во нашиот клуб и кошарката во Бурса. Му…

Read More

Ждрепката за петтата сезона од Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи вечерва во 18 часот во Брисел. Македонската фудбалска репрезентација за првпат ќе се натпреварува во Лига Б дивизија, а пред ждрепката е сосема јасно дека нашите ривали ќе ги очекуваме од четвртиот шешир. Петтата сезона од Лигата на нации ќе започне кон крајот на септември оваа година, а сите учесници уште денеска ќе ги дознаат имињата на своите противници. Традиционално, вкупно 54 членки на УЕФА (без суспендираната Русија) се поделени во четири дивизии (лиги) врз основа на резултатите во претходното издание на престижното натпреварување. За првпат во…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, за победата над Сандерленд (1:0) во 26-то коло од Премиер лигата вели дека е е една од најважните оваа сезона. „Многу важна победа. Моравме да дадеме сè од себе по само два дена одмор. А потоа уште еден тежок натпревар на гостински терен. Повторно покажавме колку сме добри со топката. Денес создадовме толку многу шанси. Покажавме карактер во текот на целиот натпревар, поради што си заминуваме од тука со победа од 1-0. Имавме многу добри периоди во второто полувреме и многу можности каде што нашите квалитетни играчи се најдоа на ветувачки позиции. Генерално, тоа беше…

Read More

Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио посакува враќање во Серија А. Според некои вести на италијанскииот печат, тој е нетрпелив да ја напушти Премиер лигата по три сезони во Лондон. Според „Газета дело Спорт“, италијанскиот репрезентативец изразил желба да се врати во својата татковина ова лето. Тотенхем поставил цена од 30 милиони евра за да ја осуети можноста за негово заминување, но останува да се види какви понуди ќе стигнат за Викарио. Сепак, експлицитната желба на играчот да замине би можела да ја намали предноста што ја имаат Спарси и да го олесни постигнувањето договор за заинтересираните страни. Интер и Јувентус…

Read More

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го сподели своето мислење за дизајнот на новите болиди во Формула 1. Хамилтон верува дека воведувањето на повеќе режими на моторот и режим на претекнување со активни аеродинамични елементи ќе го направи тркањето премногу комплексно за гледачите да го разберат: „Не мислам дека некој во публиката ќе може да сфати како функционираат новите автомобили. Премногу е комплицирано. Всушност, толку е смешно. Неодамна бев на брифинг каде што ни објаснија сè. Разбирањето на сите карактеристики на новите автомобили би барало докторат“, вели тој. Хамилтон беше прашан дали може да се каже дека способноста за подобро управување…

Read More

Раководството на Нотингем Форест размислува да го отпушти главниот тренер Шон Дајч . Претседателот на клубот, Евангелос Маринакис, е незадоволен од резултатите на тимот оваа сезона и сериозно размислува да го замени 54-годишниот менаџер. Дајч го презеде тимот во октомври 2025 година, но не успеа да ги подобри нивните резултати. Нотингем Форест моментално е само едно место над зоната за испаѓање. Сфаќајќи дека Дајч не е добар избор, Маринакис реши да се обиде да го привлече менаџерот Марко Силва од Фулам за време на летната пауза. Договорот на Силва со Фулам истекува ова лето, а Маринакис сака да го ангажира менаџерот како…

Read More

Европскиот првак во карате за млади сениори до 21 година, Матеј Белистојаноски, во студиото на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за освоеното злато на Кипар како и за наредните предизвици во Премиер лигата и амбицијата да обезбеди норма за Светскиот шампионат.  „Во мојата категорија имаше многу натпреварувачи и затоа морав да одработам шест борби  за да стигнам до златниот медал.  Во финалетовлегов крајно мотивиран и одлично подготвен од страна на мојот тренерски тим. Не можам да опишам како се чувствував кога станав шампион“ – рече Белистојаноски. „ Ме радува што мојот успех беше нагласен низ медиумите и во јавноста, посебно…

Read More

Вчера во Џенова, Италија, македонската репрезентативка во Џиу-Џица, катерина Ацевска со три победи успеа да го освои златниот медал на силниот Гранд При турнир за сениори. Како најдобро рангиран борец, Катерина во својата категоријата во првото коло беше слободна, а во второто коло се бореше со противник од Италија и го победи со Фул ипон иако и во регуларниот дел беше 15-1. Во финалето Ацевска имаше противничка од Полска, мечот беше малку потежок, но сепак Кате победи со 16-7 и го освои златниот медал. Со ова прво место, Ацевска освои многу важни бодови за Светската ранг листа, каде полека го…

Read More

Денес стартува пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, со два натпревари од 17-то коло кои се на програмата денеска прволигашите тргнуваат во битка за шампионската титула и борбара за настап во Европа, но и за опстанок во фудбалската елита. Колку се подготвени екипите организациски и како ФФМ преку натпреварувачката комисија се подготвуваа за ова ни презентираше ,Васко Дојчиновски, претседател на натпреварувачката комисија при ФФМ: „Ние како ФФМ изминатиот месец ги направивме сите редовни состаноци на кои анализиравме се што се случуваше во првиот дел од сезоната, со акцент на проблемите кои ги имаа клубовите при организација на натпреварите. Исто така…

Read More