Author: riste

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада денес го имаше својот прв настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Во своето трето учество на ЗОИ, Ставре Јада ја заврши спринт трката долга 1.6 километри и се пласира на 89 место. Со време од 3:59.56 часа македонскиот натпреварувач заостана 52 секунди во однос на Клебо од Норвешка, кој е фаворит за олимпиското злато. За оваа трка беа пријавени 95 натпреварувачи, еден беше дисквалификуван, а еден не ја заврши целта. Јада за три дена повторно ќе се појави на олимписката патека и ќе се натпреварува во трката на 10 километри. Во продолжение на ЗОИ…

Read More

Македонските репрезентативни напаѓачи Бојан Миовски и Елмин Растодер имаа одличен ден во дресот на своите клубови. Миовски и неговиот Ренџерс се пласираа во четвртфиналето од Купот на Шкотска откако убедливо со 8-0 славеа во пресметката против Квинс Парк, а нашиот голгетер го постигна седмиот гол за домашниот тим во 80-тата минута. Елмин Растодер продолжи да блеска во дресот на Тун, откако денеска на гостувањето кај Сервет беше меѓу клучните играчи во победата од 1-3. Растодер го отвори резултатот во 40-тата минута, носејќи му водство на својот тим од 0-1. Ова беше негов осми погодок во тековната сезона.

Read More

Светската шампионка од Залбах 2025, Бризи Џонсон од САД, ја освои олимписката титула во спуст на Игрите Милано-Кортина 2026. Џонсон стартуваше шеста и имаше одлично возење, завршувајќи пред Ема Ајхер од Германија, која заврши само 4 стотинки зад победничката. 22-годишната скијачка стана најмладата освојувачка на медал во спуст за жени од 1994 година и првата Германка што освоила медал во оваа дисциплина од 1998 година. Италијанката Софија Гоџа го освои бронзениот медал.

Read More

Битолскиот атлетски клуб Олимп вчера пред медиумите и официјално го најави своето ребрендирање и ангажман на скоро цела македонската атлетска репрезентација во своите редови, со што јасно ја наметна улогата на лидер на атлетскиот спорт во земјата. АК Олимп е основан во 1960 година и претставува еден од најстарите и најтрофејни атлетски клубови во Македонија. Клубот потпиша договори со петнаесет атлетски имиња, сите репрезентативци и перспектива на клубот и земјата. Меѓу нив се дел од најдобрите македонски атлетичари во последните години како маратонката Адријана Поп Арсова​, но и Ирма Хајдари​, Марина Домазетовска​ и други. Тренер на новиот бран атлетичари ќе…

Read More

Македонската Дејвис Куп репрезентација на непосакуван начин го почна и вториот натпреварувачки ден во Никозија, а тоа значи дека селекцијата на Кипар оставрува победа без оглед на резултатите од последните два синг мечеви кои следат денеска. Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов претрпеа убедливи порази на сингл мечевите кои се одиграа вчера, а како избор на селекторот Шевченко и за мечот во двојки, македонскиот тандем не успеа да ја задржи шансата за победа во целокупниот резултат. Мицов и Хусеиновиќ загубија од Ефстатиу и Неос со 6:2 и 7:5 во два сета, по што стана јасно дека Кипар запишува победа во пресметката…

Read More

Денеска во Кочани се одигра ревијален пријателски натпревар меѓу Осогово и Вардар, кој беше најавен како хуманитарен меч во сеќавање на жртвите од страшната несреќа во дискотеката „Пулс“ минатата година. На стадионот Никола Мантов во Кочани, Вардар славеше со 4:1. Сите средства од собрани од продажбата на билетите за овој меч одат во хуманитарни цели, а беше организирана и посебна хуманитарна акција во чии рамки, на аукција беше ставен дрес на актуелен фудбалерот на домашниот клуб, Велинов. Дресот се продаде за 23.000 денари, а го купија Комити, кои потоа му го подарија дресот на еден домашен фан.

Read More

Најдобрата македонска тениска Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во финалето на тенискиот турнир во Порто. Денеска во второто полуфинале, Ѓорческа во вториот дет од дуелот со Американката Кроули го предаде мечот. Во првиот сет Американката славеше со 7:5, а во вториот натправи предност од 3:0, по што нашата тенисерка не можеше да го продолжи мечот и реши да се повлече.

Read More

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби првите два натпревари во сингл на дуелот со Кипар во рамките на Втората Светска зона од Дејвис купот. Во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0). Ефстафиу ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6:2, откако стигна до водство од 5:1, а во вториот сет беше убедлив без загубен гем го заврши сетот. Во вториот меч Стефан Мицов беше поразен од Фотос Фотиадес исто така во два сета со 6:3 и 6:0. Утре на програмата се уште два сингл меча и мечот…

Read More

Барселона е последниот клуб кој и официјално го потврди своето повлекување од контроверзниот проект наречен фудбалска европската Суперлига. Денеска, каталонскиот клуб официјално ја извести Суперлигата за повлекување од проектот. Со ова, само Реал остана единствениот официјален учесник и поддржувач на проектот, кој очигледно е дека веќе нема иднина.

Read More

Рајо Валјекано вчера го проследи соопштението од сите свои првотимци кои побараат натпреварот против Реал Овиедо да биде навремено одложен, но гостите требаше да стигнат до Мадрид за да дознаат вест кој никој не сакаше да ја слушне. Иако имаше сериозни барања натпреварот да биде презакажан за друг термин, Ла Лига ги држеше сите во неизвесност до ова утро, а на три часа пред одигрување на мечот, реши истиот да го одложи. Ла Лига ја извести јавноста дека натпреварот се одложува поради тоа што теренот на Рајо не гарантира безбедна игра за сите фудбалери на теренот, сето тоа како последица…

Read More