Author: riste

Фрањо фон Алмен е олимписки шампион во спуст. Во швајцарско-италијанската битка во Бормио, Швајцарецот го победи Италијанецот Џовани Францони за 20 стотинки, додека бронзениот медалист Доминик Париз го освои својот прв олимписки медал на 36-годишна возраст. Фон Алмен ги обедини титулите светски и олимписки шампион. Тој се сметаше за главен фаворит, особено по победата во Кран-Монтана минатата недела. Домаќините на игрите, исто така, се истакнаа на првиот ден со медалите на Џовани Францони, кој ја потврди својата одлична форма за 2-ро место, откако стана херој на Кицбил во јануари. Марко Одермат не успеа да освои медал, откако заостана зад фон…

Read More

Три селекции во машка, и една во женска конкуренција, денеска ги дознаа противниците за претстојните европски младински првенства. Ова лето, нашиот машки младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10.до 19.јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години, а Македонија ќе биде во групата А заедно со Шведска, Ирска, Словачка и Азербејџан. Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24.јули до 2.август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија каде за противници во…

Read More

Феенорд би можел да потпише договор со поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој е слободен агент откако му истече договорот со ФК Сеул во декември. Крилниот напаѓач помина речиси две години во корејската лига, постигнувајќи 19 гола и 10 асистенции за Сеул. Тој беше во преговори со неколку клубови во Англија и Италија во јануари, но сега најверојатно ќе се приклучи на Феенорд, каде што тренер е неговиот поранешен соиграч од „Олд Трафорд“, Робин ван Перси. Само пред неколку дена, синот на поранешниот напаѓач, Шакил ван Перси, доживеа сериозна повреда за време на гостувањето кај Бетис во Лигата…

Read More

Џовани Ди Лоренцо од Наполи ќе биде подложен на операција на ногата, објави италијанскиот шампиони. Дефанзивецот ја претрпе повредата на натпреварот од 23-то коло од Серија А против Фиорентина откако падна на теренот, а потоа го напушти теренот со помош на медицинскиот тим. По натпреварот, главниот тренер на Наполи, Антонио Конте, посочи дека Ди Лоренцо ги повредил вкрстените лигаменти. Медицинската интервенција ќе помогне да се отстрани еден стар проблем за Ди Лоренцо. Сè уште не е познато точно колку долго ќе трае неговото закрепнување. Се очекува играчот од Наполи да се врати на теренот во рок од еден месец. „По…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди стана најдобар странски стрелец во историјата на турскиот клуб Галатасарај. Тој го постигна својот 73-ти гол за клубот во натпревар од Купот на Турција против Истанбулспор, кој заврши со 3:1 во корист на Галатасарај. Ова достигнување му овозможи на Икарди да го надмине претходниот рекорд на романскиот играч од средниот ред Георге Хаџи, кој постигна 72 гола за клубот. Мауро Икарди потпиша договор со Галатасарај во 2022 година, а неговиот договор е со важност до крајот на јуни 2026 година. Претходно беше објавено дека турскиот клуб сака да го продолжи договорот на Икарди за уште две до три…

Read More

Во периодот од 6 до 8 февруари 2026 година во Истанбул, Турција, ќе се одржи меѓународен ИТКФ карате семинар наменет за тренери, судии и натпреварувачи. Семинарот ќе го водат Венцислав Недев и Дејан Недев, а организатор на настанот е Мелек Кошар претседател на Федерацијата за традиционално карате на Турција. На овој семинар се очекува учество на голем број каратисти, пред сè од Европа и Азија, што претставува одлична можност за унапредување на знаењата, размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има намера да го напушти англискиот клуб следното лето, објави „Би-Би-Си“. Според изданието, во тимот на Манчестер Сити останува значителна неизвесност во врска со неговата иднина. Се забележува дека конечната одлука ќе биде донесена кон крајот на сезоната. Се нагласува дека доколку шпанскиот тренер ја промени својата прелиминарна одлука и остане во клубот, малку е веројатно дека ќе го обнови својот тековен договор, кој истекува во 2027 година. Манчестер Сити моментално е втор на табелата во англиската Премиер лига со 47 бода по 24 натпревари. Тимот, исто така, стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите, финалето…

Read More

Еден од нашите најдобри фудбалски тренери Горазд Михаилов утре заминува за Литванија каде ќе биде нов тренер на тамошниот прволигаш Ритериаи, кој во изминатата сезона во конкуренција на десет клуба се пласира на деветтото место, но успеа преку бараж да остане во Лигата. Во Литванија десетте прволигаши играаат секој со секого во четири циклуси. Шампион на  Литванија  за 2025 година беше Жалгирис. Првенството се игра од март до ноември. Горазд Михаилов има зад себе богата и успешна кариера. Во странство досега работеше во Исланд, во клубот Хотур, во Босна и Херцеговина во Рудар од Приедор, беше во стручниот штаб на Ѓоко…

Read More

Нашите најдобри фудбалери на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе играат против Данска во плеј-офот за пласман на претстојниот Мундијал а домаќинот за македонските фанови ги одреди цените на влезниците и позициите на стадионот. Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта Цена: 3.650 денари. Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички Цена: 3.650 денари. Влезниците може да се купат на веб – платформата, (https://eticket.ffm.mk/).Секој навивач прво ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата а потоа на истиот начин ќе му биде издадена и влезницата и тоа најдоцна 14 денови пред…

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа започна со победа на уште еден турнир во Португалија. Таа денеска славеше против Илена Ин-Албон од Швајцарија со 2-0 по сетови 6-2 и 6-3 на W50 турнирот во Порто кој се игра за награден фонд од 40.000 американски долари. Ѓорческа влезе директно во главната фаза а според ранкингот е петта носителка. Таа сега ќе ја чека победничката од мечот Секера (Португалија) и Шунк (Германија).

Read More