Шкотскиот тим Хартс и официјално го потврди трансферот на Роџерс Мато, кој ќе ја продолжи кариерата во оваа земја уште во текот на зимскиот преоден рок. „ФК Вардар АД ја информира јавноста дека фудбалерот Роџерс Кассим Мато ќе настапува за Хартс (Шкотска) како позајмен играч до крајот на сезоната. Му посакуваме многу успех и среќа во новиот предизвик“, соопштија од Вардар. Од страна на Хартс преку соопштение беше потврден овој трансфер и со објава на нивната веб страница потврдија дека Мато е веќе нивен играч. „Хартс со задоволство може да го потврди потпишувањето со Роџерс Мато во овој преоден рок. Офанзивниот фудбалер од Уганда доаѓа…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез (22), наскоро треба да потпише нов договор со каталонскиот клуб, со што ќе остане во клубот до јуни 2031 година, објавија шпанските медиуми. Лопез и Барселона постигнаа усмен договор за продолжување на соработката според кој шпанскиот играч од средниот ред ќе заработува значително поголема плата. Новиот договор ќе му овозможи на Лопез да остане на „Камп Ноу“ уште две години, до јуни 2031 година. Иако не е редовен првотимец, Лопез постигна осум гола и имаше десет асистенции минатата сезона. Челзи беше заинтересиран за него минатото лето, но Лопез одлучи да остане во Барселона. И оваа…
Денеска во Барселона ќе заврши дводневниот состанок на челниците на Евро-лигата. Според најавите, едно од клучните прашања би можело да биде промената на генералниот директор на лигата – Паулиус Мотиејунас. Управниот одбор ќе разговара и за евентуално нов формат со две конференции и намалување на бројот на мечеви. Според информациите, Фенербахче е блиску до потпишување на нов десетгодишен договор додека Вилербан веројатно ќе се повлече од натпреварувањето.
Екипата на Мекларен во Формула 1, потврди, дека од денеска до петок ќе го искористи правото да тестира на патеката во Барселона. Секој од тимовите има можност да одбере само три дена од вкупно пет додека трае првата тест-сесија в пресрет на новата сезона. Зад воланот на Мекларен ќе бидат Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Поранешниот голман на Интер, Андре Онана, може да се врати во редовите на италијанскиот тим во наредното лето. Црномурестиот чувар на мрежата кој е на платниот список на Манчестер Јунајтед но, игра како позајмен во Турција, има реални шанси повторно да го облече дресот на „нероаѕурите“. Камерунецот има уште две години од договорот со „црвените ѓаволи“. 29-годишникот треба да биде наследник на Јан Зомер на голот на Интер.
Тренерот на Аталанта, Рафаеле Паладино, не крие дека е оптимистички расположен пред денешното гостување кај Ројал Унион во Белгија, во рамките на последното коло по групи во елитата на Европа. „Имаме сон да завршиме меѓу првите осум но, пред сè е важно да се фокусираме на трите бода. Натпревар е многу значаен и нема да правам никакви ротации во составот“ – рече Паладино. Бодовите се императив и за домаќините кои се борат да влезат во елиминациите во ЛШ.
Фудбалерите на Тотенхем, Вилсон Одобер и Рендал Коло Муани, вчера беа вклучени во сообраќајна несреќа додека патувале кон аеродромот пред натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт. Инцидентот се случил на прометниот автопат во Хартфордшир откако пукнала гума на едно од возилата. Менаџерот, Томас Франк, потврди дека двајцата играчи не се повредени во инцидентот и дека ќе бидат присутни на денешниот натпревар во Германија.
Екипата на Кливленд се откажаа од 22-годишниот кошаркар, Крис Ливингстон, објавија медиумите во САД. Поентерот потпиша двонасочен договор со клубот кон крајот на октомври.Тој одигра само три натпревари во сезонава постигнувајќи просек од 3 поени и 1 скок што е далеку под очекувањата. Ливингстон беше избран на 58-мо место на НБА драфтот во 2023 година.
Лидерот на Селтикс, Џејсон Тејтум, несвесно го навреди тимот на Мемфис кој е еден од десетте клубови во лигата кои никогаш не освоиле шампионски прстен. „Да ја имав мојата сегашна кариера со Гризлис, ќе имав подигната статуа пред арената“ – рече Тејтум. „Сега се обидувам да ги стигнам играчите како Лари Бирд. Тоа е предизвик“, изјави кошаркарот од НБА лигата.
Женскиот ракометен клуб Атлетик од Скопје го најави одржувањето на првото издание на меѓународниот женски ракометен турнир “ АТЛЕТИК И ПРИЈАТЕЛИТЕ” кој ќе се одржи во Спортскиот центар Јане Сандански (мала сала) во период од 30 јануари до 01 февруари. ЖРК Атлетик кој е лидер на табелата во првата женска ракометна лига со 11 победи од 11 одиграни средби по првиот дел од сезоната е најсериозен кандидат за пласман во Супер лигата, а зимската пауза ја искористи за добри подготивки, но и организација на овој женски ракометен турнир. На турнирот ќе учествуваат три екипи од Македонија (Вардар, Куманово и Атлетик)…
