Швајцарскиот клуб Базел официјално го објави назначувањето на Стефан Лихтштајнер за главен тренер. 42-годишниот тренер потпиша договор кој важи до 2029 година, според официјалната веб-страница на клубот. Лихтштајнер ја започна својата тренерска кариера во 2021 година, работејќи како помошник тренер на швајцарската репрезентација до 18 години. Потоа го тренираше тимот на Базел до 16 години и работеше во Ветсвил, клуб во четвртата дивизија на швајцарското првенство. Како играч, Лихтштајнер е познат по своите настапи за клубови како Грасхоперс, Лил, Јувентус, Лацио, Арсенал и Аугсбург. Тој ја заврши кариерата во 2020 година. На меѓународно ниво, Лихтштајнер одигра 108 натпревари за швајцарската репрезентација, постигнувајќи…
Author: riste
Дефанзивецот на Виљареал и Аргентина, Хуан Фојт, заработи повреда на Ахиловата тетива во поразот од 2:0 од Реал Мадрид во 21-то коло од шпанската Ла Лига, според официјалната веб-страница на шпанскиот клуб. Ова може да значи дека Фојт кој е репрезентативец на Аргентина веројатно ќе го пропушти СП во САД, Канада и Мексико. Дефанзивецот на Виљареал ја скина левата Ахилова тетива и наскоро ќе биде подложен на операција. Според шпанските медиуми, закрепнувањето од таква повреда обично трае од шест до девет месеци. Ова значи дека играчот ризикува да го пропушти Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи од 11 јуни…
Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешани славеа со 3:1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната. Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево со 3:0, додека мечот меѓу шампионот Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово од претходно беше одложен. ПРВА ЛИГА МАЖИПЛЕЈ-ОФ, 1. КОЛОШТИП УГД – СУШЕВО 3:0 (25:15, 25:14, 25:13)РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ 1:3 (16:25, 25:20, 15:25, 20:25)СТРУМИЦА 47&72…
Локалниот херој Мануел Фелер ја израдува домашната публика на легендарната патека „Штрајф“, освојувајќи го слаломот од Светскиот куп во алпско скијање во познатиот зимски центар Кицбил. Фелер мораше да чека за својата победа до самиот крај, бидејќи лидерот по првото возење, Лоик Мајард, се спушташе по патеката на ветувачки начин. Сепак, на крајот, Швајцарецот го изгуби водството во вториот дел од патеката и заврши втор, 0,35 секунди зад него. Германецот Линус Штрасер продолжи со својата извонредна форма во Кицбил и повторно се искачи на подиумот на третата позиција, 0,53 секунди зад него. Фелер конечно го исполни својот сон (по 11-ти…
Одличната Микаела Шифрин го обезбеди малиот кристален глобус во дисциплината слалом од Светскиот куп во алпско скијање по деветти пат во кариерата со доминантна победа во Шпиндлерув Млин (Чешка). За неа, тоа беше седма победа во осум слаломи оваа сезона и секако беше најдобра од сите. Американката обезбеди победа со вкупен резултат од 1:37,59, а зад себе ја остави актуелната светска шампионка Камил Раст (Швајцарија) за 1,67 секунди. На подиумот место имаше и за третопласираната Ема Ајхер (Германија). Така, пред последните два слалома во сезоната, Шифрин го предводи пласманот во дисциплината со предност од 680 поени и водство од 288…
Додека е на подготовки во Турција, есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, ги продолжува договорите со играчите на кои ќе смета во наредниот период. Од Вардар објавија дека ги продолжиле договорите со двајца првотимци. Во вардаровото семејство остануваат Георгие Јанкулов и Мислав Матиќ. Двајцата се согласија на нови договори кои сега ќе имаат важност до јули 2028 година. 26-годишниот Матиќ во Вардар пристигна пред точно една година, а во својата кариера има настапувано за Рудеж, Шибеник, Локомотива Загреб од Хрватска, како и Минај од Украина. Една година во дресот на Вардар помина и десниот бек Јанкулов, кој дојде од Брера, а претходно има настапи за Силекс и Борец од Македонија, како…
Во рамките на својата работна посета во Анталија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера беше во посета на македонските фудбалски екипи кои ги реализираат своите зимски подготовки во овој турустички центар. Откако најпрво го посети Тиквеш, беше во посета на Вардар, а потоа и во кампот на Шкендија и Силекс, за посетите д аги заврши во кампот на Струга ТЛ. Со тоа Омерагиќ вчера имаше целодневна активност со македонските клубови кои се подготвуваат во Турција за време на зимската пауза. Во следните неколку дена Омерагиќ ќе ги посети и останатите наши клубови тука, а многу веројатно ќе…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за претстојното 23-то коло од англиската Премиер лига против Манчестер Јунајтед. Натпреварот ќе се одигра утре, 25 јануари, на стадионот „Емирати“. Артета ги забележа промените во играта на противникот под водство на новиот тренер Мајкл Керик. „Доаѓањето на Мајкл ќе донесе нови идеи. Интензитетот на играта секогаш се зголемува. Ова беше очигледно во дербито на Манчестер, во начинот на кој се однесуваа и играа, па затоа очекуваме навистина тежок натпревар и секако, ќе се адаптираме на него. Но, ние играме дома и знаеме колку е важен овој натпревар за нас“, рече Артета за официјалната веб-страница на клубот.…
Денеска во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот и есенски шампион, Вардар, за противник го доби второлигашкиот лидер, Охрид Лихнидос. Дербито на четвртфиналето ќе се игра во Струга, каде финалистот од минатата година ќе го пречека актуелниот шампион на Македонија, тетовска Шкендија. Во останатите два меча, Работнички за противник ја доби Шкендија од Арачиново, додека екипата на Силекс ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица. КУП НА МАКЕДОНИЈА: ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Вардар – Охрид Лихнидос Струга – Шкендија Шкендија Арачиново – Работнички Детонит Плачковица – Силекс Натпреварите се играат на 25-ти…
Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев од Романија замина за Чешка. Тој од денеска е нов член на најдобриот тим во чешката Екстралига, Карловарско. Клубот денеска и официјално го потврди трансферот на нашиот капитен, кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на романски Рапид. 37-годишниот Ѓоргиев во 21-вата своја сезона како интернационалец за првпат ќе настапува во првенството на Чешка. „Ова ми е 21-ва сезона како играм во странство и ќе ми биде првпат во Чешка. Многу сум среќен што се приклучувам на успешниот клуб ВК ЧЕЗ Карловарско, кој досега имаше одлична сезона. Се надевам дека сите ќе останеме…
