Author: riste

Македонската ракометна репрезентација е пред голем предизвик, вечерва во Хернинг , Данска во ранките на 2.коло од групата Б игра против селекцијата на Португалија. По стартниот очекуван пораз од домашната репрезентација на Данска, избраниците на Кирил Лазаров вечерва се пред уште една тешка задача затоа што за противник имаат уште една многу квалитетна селекција која игра брз и модерен ракомет. Досега со селекцијата на Португалија имаме одиграно 10 официјални натпревари, но ова ќе биде прв натпревар на едно големо натпреварување како што е Европско првенство. Изминатите десет натпревари секогаш биле дел од квалификациите за ЕП и СП. Првиот натпревар со…

Read More

Средниот бек на нашата ракометна репрезентација Игор Ѓоргиев направи анализа на мечот со домашната селекција на Данска и рече дека оваа репрезентација стана велесила во последните десет години и против нив е секогаш тешко да се игра. „Данска покажа дека во последните десет години е велесила во ракометот. Тоа го докажа и против нас. Нивната транзиција е речиси перфектна, а и има и уште многу позитивни сегменти во нивната игра. Затоа се најдобри“, рече Ѓоргиев.  Ѓоргиев исто такна истакна дека против Португалија не им преостанува ништо друго освен да го дадат максимум и се од себе. „Ние ќе го оставиме…

Read More

Португалија е следниот противник на Македонија на Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Португалците во првото коло покажаа моќ против Романија, додека ние имавме меч со фаворитот Данска и имавме можност да се надигруваме со една од најдобрите селекции на ова ЕП. Пред утрешниот натпревар на брифингот зборуваше и Мартин Велковски кој истакна дека добро им е познат квалитетот на Португалија. „Не очекува Португалија, репрезентација на слично ниво со Данска. Видовме на минатото првенство дека поседуваат многу квалитет, стигнаа до самиот крај, но ние ќе ги анализираме нашите пропусти и грешки со Данска, ќе пробаме да…

Read More

Капитенот на нашата ракометна репрезентација Филип Кузмановски ги искажа своите очекувања за натпреварот со Португалија и смета дека со добра и борбена игра можеме да ја оствариме посакуваната цел, а тоа е победа која многу ќе ни значи во битката за пласман во главната фаза на ЕП. „Португалија игра сличен ракомет како Данска, брза транзиција и брз напад. Затоа треба овој натпревар да го отвориме подобро од тој со Данска и да се бориме во текот на сите шеесет минути. Во овие дваесет дена подготовки потајно се подготвуваме токму за натпреварот со Португалија. Знаевме дека Данска е фаворит, па затоа…

Read More

Македонската ракометна репрезентација по натпреварот со Данска и поразот на стартот на ЕП, сега веќе размислува за следниот натпревар со Португалија. Селекторот Лазаров на денешната средба со новинарите зборуваше за следниот противник. „Португалија е одлична селекција и тука дојде да се бори за медал. Сепак, не е на нивото на Данска. Мораме да бидеме позитивни и реални и да се обидеме да одиграме подобро од вчера. Сите посакуваме изненадување, но мора да стоиме цврсто на земја и да бидеме компетитивни. Португалија е фаворит, цела ноќ се занимавам со нив, како и минатите шест месеци. Нивните апетити пораснаа, мислат дека можат…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска го започнува својот 9-ти настап на Европските првенства, осмо по ред. Нашата селекција на ова ЕП кое се одржува по 17-ти пат ќе биде во групата Б која се игра во Хернинг, Данска. Организатори на ЕП се Данска, Норвешка и Шведска. Прв ривал на Македонија ќе биде светскиот и олимписки првак Данска и тоа на нивни терен во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг. Против Данска досега имаме одиграно осум официјални натпревари, од кои шест на големите натпреварувања, и две квалификациски средби. Само една победа на осумте соочувањата, на првиот меч од квалификациите за ЕП 2022,…

Read More

Вчера како бомба одекна веста дека шкотскиот тим Хартс се договорил од јули во своите редови да го доведе Роџерс Мато, а денес следува реакција и од Вардар. „Црвено-црните“ прифатија милионска понуда од МЛС лигата за трансфер на Мато во САД. Понудата е од Спортинг Канзас Сити, а Вардар реши да ја прифати откако стана јасно дека може да го загуби играчот бесплатно по крајот на сезоната. Во договорот на Вардар со Спортинг Канзас стои и клаузула од 10% за потенцијален следен трансфер на крилниот фудбалер. Сепак, сега се е во рацете на самиот Мато, бидејќи одлуката дали би се преселил во МЛС…

Read More

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди потписот со едно од најперспективните крила во земјава, Бобан Поповски кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс. Станува збор за момче кое има само 17 години, а потекнува од школата на Преспа, за потоа да му се приклучи на развојниот тим на Алкалоид. Поповски беше дел од кадетските и младинските тимови, пред да заигра за Мулти Есенс со кој играше во Првата лига. Тој е и стандарден член на младинските репрезентации на Македонија до својата генерација. Со потписот на Бобан Поповски „црвено-црните“ доведоа директна замена за капитенот Гоце Георгиевски кој е пред крај на кариерата. Младото момче…

Read More

Ракометниот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески, зборуваше пред почетокот на ЕП, а го коментираше и последниот контролен меч кој го добија против екипата на Мидтјиланд со убедливи 36:27. Костески смета дека тимот е максимално подготвен за најсериозните предизвици кои ги очекуваат. „Ова беше последен контролен меч пред настапот на Европското првенство. Мислам дека одлично се подготвивме пред сите предизвици во групната фаза, а тоа го покажавме и на денешниот меч.  Пристапивме максимално сериозно и го одигравме натпреварот со полна пареа до самиот крај. Знаеме што треба да правиме и знаеме дека се среќаваме со сериозни ривали, не треба да трошиме зборови за…

Read More

Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Владо Милев реши да се повлече и повеќе нема да биде дел од одбојкарскиот клуб Струмица. Милев е еден од највлијателните луѓе кои работеа во овој клуб. Со своите познанства и контакти ѝ помогна на Струмица да се развие во сериозен проект, а од клубот порачаа дека тоа нема никогаш да биде заборавено. „Одбојкарскиот клуб Струмица имаше чест и привилегија да биде воден од човек со исклучителен интегритет, визија и посветеност – Владо Милев. Репрезентативец на Македонија, дел од генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската одбојка, и потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија.…

Read More