Author: riste

Синоќа во Џеда се одигра финалето на шпанскиот Суперкуп, во кое Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и го освои трофејот. Пред почетокот на натпреварот беа објавени почетните состави. Првично, Реал Мадрид требаше да започне со Арда Ѓулер , но тренерот на Мадрид, Чаби Алонсо, набрзо го измени составот, давајќи му на Гонзало Гарсија место во стартниот состав. Медиумите од Шпанија подоцна открија дека вклучувањето на Ѓулер во почетниот состав било техничка грешка – вклучувањето на Гарсија во почетниот состав било планирано уште од самиот почеток. За потсетување, Рафиња (двапати) и Роберт Левандовски ги постигнаа головите за Барселона. Винисиус и Гонзало Гарсија…

Read More

Саудискиот клуб Ал-Итихад му понуди договор на 38-годишниот напаѓач Карим Бензема со важност до летото 2028 година. Ова го објави новинарот и инсајдер Николо Шира на социјалните мрежи. Тековниот договор на играчот истекува на 30 јуни. Преговорите меѓу клубот и играчот се во тек, а страните се стремат да постигнат конечен договор. Оваа сезона, Бензема одигра 10 натпревари во Саудиската лига, постигнувајќи седум гола. Карим Бензема игра за Ал-Итихад од јули 2023 година. Напаѓачот се приклучи на својот нов тим како слободен агент откако му истече договорот со Реал Мадрид, за кого играше од 2009 година.

Read More

Ливерпул на својата официјална веб-страница објави дека десниот бек Конор Бредли претрпел сериозна повреда. „Десниот бек се повреди во последните минути од натпреварот од Премиер лигата против Арсенал во четврток вечерта. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, по што ќе го започне својот период на рехабилитација во тренинг центарот. Во оваа фаза, нема индикации кога ќе се врати на теренот“, се вели во соопштението на клубот. Според „Скај Спортс“, 22-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од сезоната. Бредли се појави во 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, при што имаше две асистенции. Неговиот тековен договор со клубот е до летото…

Read More

Лондонски Арсенал има намера да ги продолжи тековните договори на пет играчи. Според весникот „Тајмс“, „Топџиите“ се блиску до постигнување договор со дефанзивецот Јуриен Тимбер , а планираат и да водат разговори со голманот Давид Раја , играчите од средниот ред Микел Мерино и Мартин Oдегард, како и со напаѓачот Каи Хаверц. Според изворот, сите играчи наведени погоре имаат тековни договори со Лондончани кои истекуваат во летото 2028 година. Договорот на дефанзивниот играч од средниот ред Деклан Рајс исто така истекува истата година, но неговиот договор вклучува опција за продолжување до крајот на сезоната 2028/29.

Read More

Ракометарите на Македонија одиграа нерешено со домаќинот Швајцарија (29:29) во последниот натпревар од „Жолтиот куп“ кој се играше во Винтертур. Овој резултат за нас значеше освојување на второто место на пријателскиот турнир поради послаба гол-разлика од домашната селекција. Самиот натпревар на крајот донесе вистинска драма, а нашата репрезентација извлече реми во последниот напад со голот на Марко Митев. Македонија повторно одигра лошо први и одлично второ полувреме, а Швајцарија беше таа која доминираше во првиот дел и на одмор замина со предност од 18:13. Во вториот дел влеговме нешто посигурно во нападот, реализираа Ристески и Атанасијевиќ, а бркавме разлика која беше меѓу три и…

Read More

Легендарната Линдзи Вон беше најбрза на спустот од Светскиот Куп во Заухензе, Австрија и на тој начин ја забележа својата 84 победа во кариерата. Трката се одржа на изменета (пократка патека од првично планираната), а Линдзи Вон ја заврши за 1:06,24. Второто место го освои Норвежанката Кајсе Викоф, која заостануваше 0,37 секунди, додека друга Американка, Жаклин Вилс, беше трета (+0,48). Ова е втора победа на Линдзи Вон откако се врати од пензија, а прва во спустот. Ова беше нејзин шести пласман на подиумот откако се врати, 143. во нејзината кариера и 70. во спустот. Вон има вкупно 45 победи во…

Read More

Марко Одермат ја покажа својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање во последните години, тој спречи второ последователно изненадување во својата омилена дисциплина – велеслалом – и ја освои својата петта последователна победа во Аделбоден (Швајцарија). Швајцарецот направи многу силно прво возење, а потоа водеше со цели 0,49 секунди пред Лукас Пињеиро Бротен (Бразил), кој го освои второто место. Трет заврши Лео Анџено (Франција) со +0,68 секунди за Одермат Со денешната победа, неговата шеста во сезоната, Одермат го зголеми своето водство на врвот од генералниот пласман, со 955 поени и води со цели 467 пред Пињеиро Бротен. Трет, 504…

Read More

Лондонски Арсенал има намера да му достави понуда на Реал Мадрид за турскиот напаѓач Арда Ѓулер. Договорот би можел да достигне 80 милиони евра, според новинарот и инсајдер Екрем Конур, кој го објави ова на својот профил на социјалните мрежи. Претходно се шпекулираше дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за играчот. Сепак од Реал Мадрид не сакаат да го пуштат 20-годишниот напаѓач, гледајќи го како дел од долгорочниот проект на клубот. Во тековната сезона 2025/26, напаѓачот одигра 27 натпревари, постигна три гола и имаше осум асистенции. Арда Ѓулер игра за Реал Мадрид од јули 2023 година. Договорот на турскиот играч од средниот…

Read More

Според пишувањата на турските медиуми, екипата на Трабзонспор го насочи вниманието кон Роџер Мато, 22-годишнот лево крилен играч од Уганда кој игра за нашиот најтрофеен клуб Вардар. Мато, кој е ѕвезда оваа сезона во ПМФЛ со 15 гола и 2 асистенции во 17 настапи, доби позитивни извештаи од скаутинг тимот. Со одобрение на главниот тренер Фатих Теке, раководството започна официјални преговори за трансферот. ФК Вардар вчера излезе со соопштение дека откупната клаузула на Мато ќе биде 1,5 милион евра, но се шпекулира дека тој би можел да ги исполни очекувањата на Трабзонспор. Турските медиуми исто така пренесуваат дека пред неколку…

Read More

Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, откако славеше над селекцијата на Украина со 31:26. Нашите ракометари дојдоа до победата со одлична игра во второто полувреме. Натпреварот започна израмнето, но Украина прва направи предност од 3 гола , водеше со 9:6 и 10:7, а Македонија успеа да израмни на 10:10, потоа следуваше пад во играта на нашата репрезентација , тоа го искористија противниците и направија серија од 4:0 и дојдоа до предност од 14:10, з ана одмор д азаминат со водство од 17:13. Во вториот дел сосема различна слика на теренот, Македонија играше одлично, а усшеа за само неколку…

Read More