Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во иранскиот прволигаш Мес Рафсанјан. 33-годишниот лев дефанзивец и официјално е промовиран како нов фудбалер на Мес Рафсанјан, откако се одлучи да ја прекине соработката со српскиот суперлигаш Раднички Ниш. Претходно во својата кариера Ашковски има настапи и за белградски Партизан, норвешки Штромгосет, холандска Фортуна Ситард, Славија Софија, романските Ботошани и Сепси, полската Горник Лечна и други екипи, но и Шкендија во македонското првенство. Ова ќе биде 11 земја во која Ашковски има настапувано во ноеговата интернационална кариера.
Author: riste
Македонија славеше значајна победа против Романија (24:23) во последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Нашите ракометари стигнаа до оваа победа со гол постигнат во последната секунда од натпреварот, а стрелец на тој гол беше Ненад Костески кој даде свој коментар на одиграниот натпревар со Романија. „Сите ја имавме желбата и бевме спремни за овој дуел. Дадовме максимум и мислам дека на крајот треба сите да сме среќни и задоволни. Имавме добро првенство со голем бод против Португалија која знаеме како котираше на минатото првенство. Овој дуел со Романија го спремавме долго време. Се потрудивме да одиме на што повисока разлика, но не…
Ракометарите на Македонија забележаа победа во драматична завршница над Романците (24:23) во последното коло од групната фаза на Европското првенство. Оваа победа значи дека сигурно ќе бидеме со пласман кој ќе ни донесе еден бараж и улога на фаворит во ждребката. По натпреварот капитенот Филип Кузмановски го искажа задоволството за одиграното првенство: „Мора да бидеме задоволни со победа на Европско првенство. Можеби очекуваме повеќе, поквалитетни сме од резултатот, но со голем притисок влеговме во вториот дел за да бркаме разлика за да дојдеме до главната група. Не успеавме во тоа, треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам…
Македонија забележа победа во дуелот со Романија од 24:23 и со тоа го обезбеди третото место во групата Б во Хернинг. Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот со Романија даде коментар за овој натпревар, но и за тоа како помина ова ЕП за Македонија. „Задоволен сум, сепак, победивме, а кога ќе сумираме се треба да сме задоволни што направивме во овие три меча со силни противници. Видовте дека Романија е цврста, јака селекција која што знае што сака. Малку ми е жал затоа што почнавме многу добро и заслуживме да имаме повеќе, со поголема концентрација, фокус и верба. Како да се…
Македонската ракометна репрезентација по одиграните нерешени 29:29 против Португалија и денот одмор, денеска го игра третиот натпревар од групата Б во Хернинг, а противник е селекцијата на Романија. Досега со Романија имаме одиграно 6 официјални натпревари и тоа во квалификации или бараж средби за плсаман на ЕП или СП. Првиот двомеч го имавме во 1997 година, во Скопје нашата репрезентација славеше со 35:22, а во Орадеа, Романија победи со со 32:25. Втор пат Македонија и Романија се сретнаа во 2018 година кога на домашен терен победивме со убедливи 32:24, а во Клуж загубивме минимално со 26:25. Последните два натпревари беа…
Капитенот на нашата репрезентација Филип Кузмановски кој имаше одличен настап на дуелот со Португалија кога постигна 15 гола, ја најави средбата со Романија која ќе биде од големо значење за нашата репрезентација на ова ЕП. „Сигурно дека многуте одиграни големи натпреварувања на дел од играчите се од голема помош. Имаме многу играчи кои играат во своите клубови и имаат главни улоги, носат тешки одлуки и играат дерби натпревари. Мислам дека нашиот напредок во репрезентацијата се должи на тоа. Добро се познаваме дека сме долго заедно и треба да бидеме среќни. Покажуваме квалитет во текот на целите натпревари, не само во…
По стартниот очекуван пораз од Данска, нашата репрезентација одигра нерешено со фаворитот Португалија и со тоа ја израдува нашата спортска и ракометна јавност, но исто така ги задржа своите шанси за пласман во главната рунда на ова ЕП. На редовната средба со новинарите зборуваше селекторот Кирил Лазаров. Тој се осврна на мечот со четвртопласираната светска селекција, но го најави и дуелот со Романија. „Треба да се подготвиме добро и да имаме правилен пристап, бидејќи Македонија ретко по квалитетна партија знаела да повтори иста добра игра во само 48 часа. Не сум загрижен бидејќи мислам дека овие момци прераснуваат во сериозни ракометни ликови, па мислам дека се…
Македонија одигра нерешено против фаворизираната Португалија на Европското првенство во ракомет, а конечните 29:29 ја оставаат нашата селекција во игра за втората фаза до последниот натпреварувачки ден од првата рунда. Избраниците на Кирил Лазаров покажаа карактер како ретко кога на големите натпреварувања, па наместо да паднат и да дозволат противникот да ги дотолчи при негатива од -5, денеска се вратија од големата негатива во вториот дел и покажаа дека прават крупни чекори напред и на психолошки план. Мартин Томовски доби шанса во второто полувреме и со неколку клучни одбрани ја одржа Македонија во игра, а на крајот беше и херој…
Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и мотивирано против силната селекција на Португалија и со ремито во Хернинг останува во игра за пласман во главната рунда на Европското првенство. Капитенот Филип Кузмановски беше вистински лидер на теренот , постигна 15 гола и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот, а во својата прва изјава не го криеше воодушевувањето од начинот на кој целата екипа играше во текот на целиот натпревар и го освои големиот бод. „Тешко е да се говори после ваков натпревар, едноставно верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Работевме напорно и фокусот ни беше…
Македонија одигра нерешено против Португалија (29:29) во вториот натпревар на ЕП во Данска, Норвешка и Шведска. По натпреварот селекторот Кирил Лазаров даде свој коментар на натпреварот. „Прво сакам да им честитам на моите играчи што одиграа одличен натпревар и направија една невозможна мисија. Јас и пред почетокот на првенството во една изјава кажав дека ние сме мала земја, во моментов многу сме деградирани, не е лесно да играш против светски велесили. Ова не е алиби, видовте сами, тоа е така. Во иднина ќе биде многу тешко да се бориме со вакви работи. Јавноста сака ракомет, ни дава поддршка, сакам да…
