Author: riste

Променет е терминот за одигрување на натпреварот меѓу Бенфика и Вардар во првото коло од Главната фаза во Лигата Европа во Лисабон закажан за 17 февруари 2026. Наместо во првично закажаниот термин од 20,45 часот по средноевропско време, мечот ќе се игра на 17 февруари 2026 година, со почеток од 18,45 часот по средноевропско време, односно 17,45 часот по локално време во Лисабон. Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува Бенфика, па поради тоа беше направена корекција на почетокот на ракометниот дуел. Вардар во Главната фаза од Лигата…

Read More

Поранешниот напаѓач на француската репрезентација, Карим Бензема, се пресели од Ал-Итихад во Ал-Хилал. Прес-службата на Ал-Хилал го објави потпишувањето на договорот со поранешниот напаѓач на Реал Мадрид на социјалните мрежи. Медиумските извештаи претходно тврдеа дека Французинот ја одбил понудата за нов договор од Ал-Итихад. Карим Бензема игра во лигата на Саудиска Арабија од летото 2023 година. Оваа сезона, тој постигна 16 гола на 21 натпревар за клубот во сите натпреварувања. Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, наводно се спротивставил на трансферот на Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал. Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија ги поседува Ал-Наср, Ал-Итихад, Ал-Хилал и Ал-Ахли.

Read More

Македоснкиот олимписки комитет на посебна прес-конференција го претстави нашиот олимписки тим кој ќе настапи на ЗОИ во Кортина Милано од 6 до 22 февруари 2026 година. Македонската делегација ќе ја спчинуваат 4 спортисти по двајца во машка и Женска конкуренција во алпско и нордиско скијање. Од МОК потенцираа дека нашите спортисти по добро одработените подготовки патуваат за Италија каде ќе настапат на овие ЗОИ и ќе се обидат да дадат се од себе за добро преставување на Македонија , но и нивно најдобро претставување во своите дисциплини. По ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за нордиецот Ставре…

Read More

Моделот „Лотус 98Т“, управуван од легендарниот бразилски тркач Аиртон Сена во сезоната 1986, е ставен на продажба на аукциската куќа „РМ Сотбис“ . Овој автомобил, во црно-златна боја, се натпреваруваше на осум Гран При трки во текот на сезоната 1986. Токму зад воланот на овој автомобил Сена ги постигна своите две победи таа година – на Големата награда на Шпанија и на Големата награда на САД во Детроит. Цената на лотот се движи помеѓу 9,5 и 12 милиони долари. Доколку продажбата е на повисока цена, автомобилот би можел да стане еден од петте најскапи тркачки автомобили на Формула 1 во историјата. Моменталниот рекорд му…

Read More

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беше одржана ждрепката за плејоф натпреварите од Лигата на шампионите за сезоната 2025/2026. Плејоф натпревари за Лигата на шампионите 2025/26: Борусија Дортмунд (Германија) – Аталанта (Италија)Олимпијакос (Грција) – Баер (Германија)Клуб Бриж (Белгија) – Атлетико Мадрид (Шпанија)Галатасарај (Турција) – Јувентус (Италија)Монако (Франција) – Пари Сен Жермен (Франција)Карабаг (Азербејџан) – Њукасл Јунајтед (Англија)Бодо-Глимт (Норвешка) – Интер (Италија)Бенфика (Португалија) – Реал Мадрид (Шпанија) Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 февруари. Тимовите кои се рангираат како носители ќе ги играат реванш натпреварите дома. Победниците од плејофот ќе…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија денеска информираше дека е постигнат договор за ангажман на Ѓорѓи Кочов како асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал. Овој ангажман е дел од континуираните активности на Федерацијата насочени кон комплетирање на стручниот штаб и подигнување на професионалните стандарди во најдобрата национална селекција. Ѓорѓи Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство. По завршувањето на играчката кариера, тренерската ја започна во 2014 година, со исклучителни резултати во младинските селекции на…

Read More

Во организација на Министерството за спорт беше одржана традиционалната манифестација изборот на “Спортисти на годината“ за 2025. 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“ ни ги донесе најдобрите за изминатата година, а за спортист на годината беше прогласен боксерот Ален Рустемовски кој го освои 2.место на ЕП до 23 години. За најдобра спортистка беше прогласена Катерина Попева, која беше светска првенка во боди билдинг. За најдобар тренер/селектор беше прогласен Могамед Ибрагимов во борење. Одбојкарската репрезентација на Македонија е најдобриот национален тим во машка конкуренција, додека ракометната го доби ова признание во женска конкуренција. Добитници по категории: Спортист на годината: Ален…

Read More

Есенскиот шампион во ПМФЛ, Вардар ќе добие уште еден повратник после Дарко Велковски. Станува збор за Бобан Николов, кој што од среда се приклучува на клубот. Поранешниот репрезентативец беше дел од „црвено-црните“ во периодот од 2015 до 2018 година, а потоа играше во Фехервар, Лече, Шериф, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука. Тој веќе утре ќе треба да земе раскин на договорот со Фарул Костанца и ќе се приклучи на „црвено-црните“ кога ќе се вратат од подготовките од Анталија. Оваа вест е потврдена и од раководството на „црвено-црните“. Николов има и репрезентативно искуство со 48 натпревари зад себе, а со Шериф…

Read More

Ракометниот клуб Алкалоид на стартот на подготовките за вториот дел од сезоната се пофали со зимското засилување во бековската линија, а тоа ќе биде Филип Николов. 26-годишникот доаѓа од редовите на градскиот ривал Бутел Скопје. Николов е бек, ама одлично одговара и во игра во два правци. Поради тоа тој ќе биде опција и за офанзивата и за дефанзивата на Алкалоид и Кирил Лазаров. Велешанецот Николов во својата ракометна кариера освен за Бутел настапуваше уште за екипите на Радовиш и Охрид. Сега во Алкалоид ја задолжи опремата со број 24. Филип Николов беше и на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија пред ова Европско првенство.

Read More

Ракометниот клуб Алкалоид го започна подготовките за вториот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија. Овој клуб веројатно последен во мак-ракометот почна со припремите поради репрезентативните обврски на најголемиот дел од играчите. Тренерот Кирил Лазаров на располагање на тренинг ги има сите ракометари. „Веќе ни е позната ситуацијата по големи натпреварувања да се вратиме на клупски обврски и да го фатиме овој начин на работа. Имаме голем број на репрезентативци, тие се веќе во некоја оптимална форма и како што реков, знаеме каков е процесот за надоврзување од репрезентативен на клупски план. Се подготвуваме за тоа што не очекува, крајот на…

Read More