Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски веќе неколку години наназад покажува дека е во светскиот атлетски крем во маратонско трчање. Дарио Ивановски и денес се прикажа во ново одлично светло во својата омилена дисциплина. Македонскиот претставник беше дел од маратонот во Севиља кој се одржа рано утрово во Андалузија, па со одличен настап успеа да пристигне на целта и да оствари трето најдобро време во својата кариера. Ивановски го заврши маратонот со време од 2:12:23 и заврши на 38-то место во конечниот пласман на маратонот во познатиот шпански град, а најдолгата делница донесе неверојатно големи возбудувања. Победникот на маратонот е Шура…
Author: riste
Последниот македонски претставник на Олимписките игри во Кортина/Милано е Јана Атанасовска, а младата скијачка за жал не успеа да го комплетира првиот свој предизвик на патеката во Кортина. 19-годишната ЈанаАтанасовска тргна амбициозно на велеслаломската трка, но по 22 секунди возење, таа за жал излета од стазата и остана без пласман. За време на првото мерење на стазата, Атанасовска имаше заостанување од 1,45 секунда од водечката Брињоне, но набрзо после тоа излета од стазата и го заврши својот настап на велеслаломската трка. Тоа значи дека Јана остана без пласман на својот дебитантски настап на ЗОИ, па сега останува уште нејзиниот настап…
Македонскиот ракометен тим Охрид одигра одличен натпревар на домашен терен и убедливо славеше против Дукла Прага од Чешка (30:21) во рамки на првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Купот, третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет. Ракометарите на Охрид пред домашната публика покажаа квалитет и сила и покажаа дека сакаат да одат по патот на Алкалоид кој минатата година го освои овој трофеј. Од почеток до крај на мечот во „Билјанини Извори“ беше јасно кој ќе биде победник на оваа средба. Тоа ГРК Охрид го најави со самиот старт кога отворија со серија од 6:0. Дукла во текот на целиот натпревар ја бркаше…
Македонскиот скијач Виктор Петков заврши на 55.позиција по двете успешно завршени трки во велеслалом на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ). Петков по првото возење имаше 57-мо време, додека по втората трка го поправи својот пласман и заврши како 55-ти. Неговото време по двете трки беше 2.48,37 минути за 23.37 секунди послабо од победникот Лукас Пинеиро Братен од Бразил кој го освои златниот медал. Сребрениот медал заврши кај Марко Одермат од Швајцарија која заостана за +0.58 секунди, а бронзен беше Лоик Мељард исто така од Швајцарија со +1.17 секунда зад победникот. За Македонија на ЗОИ остануваат уште настапите на Јана Атанасовска, која ќе…
Напаѓачот на Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, можеби нема да учествува на Светското првенство во 2026 година. Неговата одлука ќе зависи од неговата физичка состојба. Аргентинската легенда се подготвува за новата сезона во МЛС лигата и би можел да учествува на турнирот ова лето, но нема гаранција дека ќе игра. Ова го објави „The Touchline“ на профилот на социјалните мрежи на X. Според извор, напаѓачот на Интер Мајами размислува да го пропушти Светското првенство. Доколку Меси смета дека не е 100% подготвен, нема да игра. Тој истакна дека нивото на МЛС лигата не е доволно високо или конкурентно, па…
Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити се заинтересирани за крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон. Сепак тимот од „Енфилд“ во моментов води во трката за 24-годишниот крилен напаѓач, според медиумите на Островот. Според истиот извор, Њукасл не сака да го пушти Гордон и нема да започнат преговори додека не се добие понуда од приближно 85-95 милиони фунти (98-109 милиони евра). Гордон игра за Њукасл од јануари 2023 година. Оваа сезона, напаѓачот настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и имајќи пет асистенции. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 60 милиони евра.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека клубот е во преговори со дефанзивецот Ибрахима Конате во врска со продолжување на договорот. Иднината на 26-годишникот на „Енфилд“ станува сè по важна, бидејќи неговиот тековен договор истекува во јуни оваа година. Ова значи дека клубот треба брзо да ги реши идните планови на играчот. „Во преговори сме со него, а тоа многу зборува за нашите намери. Очигледно, сакаме тој да остане, но разговорите се во тек, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Немаше да ги водиме овие дискусии ако не сакавме да го задржиме“, изјави Слот за „Ливерпул Ехо“. Тренерот, исто така, го бранеше…
Нашиот натпреварувач, Ставре Јада, денеска го освои 83-то место во трката крос-кантри на 10 километри со што го заврши настапот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Тој во конкуренција на 113 натпреварувачи обезбеди време во рамките на неговите можности од 25:28 минути. Јада претходно настапи во спринт и го обезбеди 88 место. На денешната трка, Јоханес Хесфолт Клабо од Норвешка сосема очекувано го освои златото пред Матјас Делож од Франција и бронзениот, Ејнар Хедегерт од Норвешка.
Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги дозна своите противници за претстојната сезона во Лигата на нации. За првпат ќе настапуваме во Дивизијата Б, каде во групата ќе бидеме со селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија. Денес беше утврден и распоредот на натпреварите од групната фаза, кои ќе се одиграат во два квалификациски прозорци. Во првиот период се предвидени дури четири средби во рок од две недели, додека во вториот прозорец ќе се играат преостанатите две кола. Првиот натпревар го играме дома против Швајцарија, додека групната фаза ќе ја затвориме со Словенија, исто така на домашен терен. Распоредот на натпреварите на Македонија…
ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Дукла Прага во првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое нашиот преставник ппосакува да го повтори успехот на Алкалоид од минатата сезона. Тимот имаше неколку промени во играчкиот кадар, а за тоа зборувавме со спортскиот директор на клубот, Славчо Ристески. „Периодот за пауза го искористивме да направиме одредени промени во играчкиот кадар, неколку играчи заминаа, а донесовме три квалитетни засилување, едно со Бундеслигашко искуство и две засилувања кои се добро познати на нашата спортска јавност. Мислам дека сега имаме тим кој може да цели на високи резултати и во…
