Денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето во фудбалската Лига на Европа. Еве ги двојките: Генк – ФрајбургБолоња – РомаФеренцварош – БрагаШтутгарт – ПортоПанатинаикос – БетисНотингем Форест – МитјиландСелта – ЛионЛил – Астон Вила Првите осминафинални натпревари се закажани за 12-ти а реваншите на 19-ти март. Финалето во Лига Европа ќе биде одиграно на „Водафон Арена“ во Истанбул на 20 мај.
Author: riste
Реал Мадрид и Манчестер Сити повторно ќе се сретнат во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Тоа значи дека петта сезона во серија двата гиганти ќе се борат прво на „Бернабе“ а потоа и на реваншот во Англија. Еве ги другите парови од 1/8 финалетоБодо/Глимт – Спортинг ЛисабонПари Сен Жермен – ЧелзиЊукасл – БарселонаГалатасарај – ЛиверпулАтлетико Мадрид – ТотенхемАталанта – Баерн МинхенБаер Леверкузен – Арсенал Првите прсметки ќе бидат одиграни на 10-11 март а реваншите се закажани седум денови подоцна.
Мартин Демикелис и официјално е нов тренер на шпанска Мајорка. Аргентинскиот стратег потпиша договор до летото 2026 година со опција за продолжување за уште една сезона. Поранешниот дефанзивец на Баерн и Манчестер Сити последната работа ја имаше во мексиканскиот клуб Монтереј, од каде што си замина во 2025 година. Мајорка е на 18-то место по 25 натпревари во Ла Лига и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок, од што ќе зависи и натамошниот ангажман на Демикелис.
Аргентински Ланус победи на гости против Фламенго со 3:2 по продолженија во реванш натпреварот од Јужноамериканскиот Суперкуп и за првпат го освои овој трофеј. Во регуларните 90 минути Фламенгославеше со 2:1 и надомести за поразот од 1:0 на првиот меч, но во дополнителните 30 минути Ланус постигна два гола за конечен триумф. Суперкупот на Јужна Америка се игра меѓу победникот на Копа Либертадорес (Фламенго) и победникот на Копа Судамерикана (Ланус). Во 2014 година, Ланус го загуби Суперкупот на Јужна Америка, а досега само два аргентински клуба го освоојуваа овој трофеј, Бока Јуниорс – 4 пати и Ривер Плата – 3…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Гулер, го одигра својот 100-ти натпревар за клубот. Тоа се случи во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите, во кој Реал Мадрид ја победи Бенфика со 2:1. Со ова достигнување, Арда Гулер му донесе на својот поранешен клуб Фенербахче приход од 2 милиони евра, објави „АС“. Достигнувањето на границата од 100 натпревари за мадридскиот клуб активираше клаузула во неговиот договор со која Реал Мадрид треба да му исплато на неговиот поранешен клуб одреден бонус. Оваа сума ќе се зголеми за 2 милиони евра ако турскиот играч одигра уште 25 натпревари за Реал Мадрид.…
Салата „Работнички“ беше целосно реконструирана и вчера официјално беше пуштена во употреба, а во пресрет на првиот натпревар кој ќе се одигра во домот на „центарци“, градоначалникот на Општина Центар излезе со важна напомена и најава за јавноста. Реновираниот „Градски парк“ во петок ќе биде свечено отворен со натпреварот меѓу Македонија и Луксембург во претквалификациите за Европско првенство, но во најскоро можно време, кошаркарскиот храм ќе добие ново име. По предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, а по барање и иницијатива на ветераните на КК Работнички, ќе биде предложено до советот реконстуираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, легендата…
Фудбалерите на Вардар и Работнички доживеаја елиминација во четвртфиналето на Купот на Македонија. Освојувачот на Купот од минатата година, Вардар, им приредија непријатно изненадување на своите навивачи, откако денеска загуби на пенали од второлигашот Охрид. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а охриѓани на пенали славеа со 4:2. Во полуфиналето е уште едне второлигаш, екипата на Шкендија Арачиново, која денеска со 3:1 беше подобра од Работнички. Во оваа фаза остануваат дуелите Детонит Плачковица – Силекс и Струга ТЛ – Шкендија. За утре е закажан дуелот во Кратово, додека Струга и Шкендија ќе играат на 18 март.
Ракометарите на Охрид ќе излезат на мегдан со грчкиот Олимпијакос во 1/4 финалето во ЕХФ Купот. Македонскиот тим првиот меч ќе го игра како гостин во Пиреја додека реваншот ќе биде покрај нашата езерска убавица. Ќе потсетиме, трофејот во ова натпреварување минатата година го освои Алкалоид. Четвртфинални двојки во ЕХФ Купот се:Татабања – НилуферЦелје – БузауИзвиѓач – КарвинаОлимпијакос – Охрид Натпреварите од четвртфиналето се на програмата на 27/28 март и 4/5 април. На извлекувањето во Виена, ЕХФ го одреди и патот до финалето. Така, ако Охрид го елиминира Олимпијакос, познато е со кој вкрстува во полуфиналната фаза. Таму Охрид би играл со подобриот од пресметката меѓу Целје и Бузау. Повторно…
Во центарот на вниманието на нашата ракометна јавност денска ќе биде дуелот меѓу Вардар и Мелсунген од главната рунда во Лигата на Европа. Како дел од 2 коло во групата 3 , германскиот тим Мелсунген кој е лидер на табелата со шест бода, доаѓа во Скопје на мегдан против нашиот преставник Вардар кој се бори за пласман во осминафиналето од ова натпреварување. Вардар е на делба од второто до четвртото место заедно со Бенфика и Кристијанштад со по два бода. Германците се решина мечот во Скопје да го играат со младинци и д аим дадат шанса на младите ракометари да…
Раководството на Баерн Минхен е во напредни преговори со агентот на Ленарт Карл, Михаел Балак, за продолжување на неговиот договор, објави Фабрицио Романо. Младиот играч наполни 18 години на 22 февруари, кога неговиот договор автоматски важеше до летото 2029 година. Сепак, Баварците сакаат да го задржат Ленарт Карл уште подолг временски период и моментално разговараат за договор до летото 2031 година, како и за зголемување на платата на играчот. На „Алијанц Арена“ сакаат да ги затворат вратите за клубовите заинтересирани за Карл. Клубот го гледа како играч околу кого може да се гради тимот во иднина. Самиот играч е многу…
