Очекуваниот нов менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, ќе го чини клубот 20 милиони евра, објави „Скај Италија“. Ова ќе биде сумата што ќе му биде исплатена како казна на Челзи, со кого Италијанецот сè уште има договор, иако долго време не е менаџер на тимот. Според последните информации, двата клуба постигнале договор и се очекува Мареска многу наскоро да се појави на „Етихад“, каде што ќе треба да ја продолжи работата на Пеп Гвардиола. За Мареска, ова е враќање во Манчестер Сити, каде што веќе беше дел од стручниот штаб на Пеп. Договорот на тренерот ќе биде за три…
Author: riste
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои високото 4. место во скок во далечина на Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, кое овој викенд се одржува во Волос, Грција. Својот најдобар резултат Андреас Трајковски го оствари во шестата серија, кога скокна 7,68 метри, што му го донесе четвртото место во исклучително силна конкуренција. Борбата за медалите беше на највисоко ниво, а за место на победничкиот подиум беше потребен скок над 8 метри. Златниот медал го освои Гркот Милтиадис Тентоглу со скок од 8,36 метри, додека големо изненадување приреди младиот српски атлетичар Лука Бошковиќ, кој со резултат од 8,19 метри…
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер го затвори кругот на засилувања за новата сезона, откако денеска претстави уште едно име во својот ростер. Нов член на клубот ќе биде Алекса Колаковиќ, среден бек од Србија со богато интернационално искуство. 28-годишниот српски репрезентативец со пелистерци се обврза на едногодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона. „Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во…
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и следната сезона ќе биде лидер на Еурофарм Пелистер. По кратки преговори после завршување на сезоната, раководството на клубот и капитенот се договорија,. Toj останува лидер и капитенот во составот на битолчани, кои ќе бидат предводени од Лино Червар. Можноста за трансфер во Фуксе Берлин, кој имаше сериозни намери да го ангажира Куzмановски останува затворен случај, Еурофарм Пелистер е изборот на нашиот најдобар ракометар.
Екипите на Силекс и Шкендија кои ќе играат во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, веќе ги знаат ривалите со кои би играле доколку ја пројдат првата пречка. Шкендија важи за фаворит против Европа од Гибралтар, додека Силекс доби тешка задача против Динамо Минск од Белорусија. Доколку Шкендија го мине противникот, во 2. Квалификациско коло игра против Браво од Словенија, првиот меч е како гостин, вториот е како домаќин, додека Силекс доколку биде подобар од Динамо Минск ќе патува во Азербејџан, кај Нефчи. Исто така во втората квалификациска рунда на Конференциската лига може да се најде и Вардар,…
Македонскиот фудбалски првак Вардар доколку го елиминира КУПС, во првата рунда на ЛШ, ќе го очекува пресметка со победникот од двомечот на Сабах (Азербејџан) и ТНС од Велс. Првиот натпревар „црвено-црните“ ќе го одиграат на гости додека реваншот би бил одигран во Скопје. Натпреварите од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите се играат на 21/22 јули, односно 28/29 јули.
Францускиот фудбалер, Адриен Рабио, по победата од 3-1 над Сенегал, изјави дека не е задоволен од квалитетот на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Играчот од средниот ред рече дека теренот кој ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство на 19 јули, се чувствувал помалку како вистинска а повеќе како вештачка трева. „Теренот дури и не знам дали можете да го наречете така. Се чувствуваше повеќе како вештачка трева – многу тврда и нестабилна“ – изјави Французинот
Илјадници јордански навивачи го гледаа натпреварот против Австрија на огромни екрани поставени во Римскиот амфитеатар во центарот на Аман. Министерството за млади, исто така, обезбеди големи екрани во четири спортски градови и 60 младински центри низ кралството. Владата во обид да им даде можност на навивачите да ја поддржат репрезентацијата го одложи почетокот на официјалното работно време за 10:00 часот
Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, го коментираше поразот на неговиот тим од Франција со 3-1 во првиот меч за двете земји на Мундијалот. „Навистина сакавме да го добиеме натпреварот. За жал, ни недостасуваше ефикасност а на Светското првенство сè се одлучува според деталите. Ја губевме топката во значајни моменти“ – рече Тиау. „Во второто полувреме направивме неколку колективни грешки кои на крајот се покажаа како одлучувачки“ – објасни селекторот на Сенегал.
Супер-ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо, ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата во првиот натпревар против Демократска Република Конго на светскиот шампионат. „Секој пат кога ќе го облечеме овој дрес, чувствуваме иста гордост, иста страст и иста одговорност како на првиот ден“, напиша Роналдо на социјалните мрежи. „Започнува ново поглавје. Време да дадеме сè од себе за нашата земја и за сите оние кои нè поддржуваат. Верувајте како што веруваме ние! , додаде Кристијано.
