Author: riste

По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“. Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот триумф во Даблин (88:76), со кој беше потврдена лидерската позиција во групата. Селекторот Жозеп Марија Берокал е задоволен од сработеното во подготвителниот период и од начинот…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, доживеа вистински шок на прес-конференцијата по поразот од Англија на Светското првенство. Имено, портпаролот на федерацијата му соопштил дека неговиот татко починал. Селекцијата на ДР Конго беше поразена од Англија со резултат од 2:1, а херој на Горди Албион беше Хари Кејн, кој со два гола ги одведе во осминафиналето, каде што ќе играат против Мексико. Сепак, моментот беше засенет од трагична вест. Не е познато точно кога 49-годишниот Десабре дознал за смртта на својот татко, но веста беше јавно потврдена на самиот крај од неговото обраќање до медиумите по натпреварот. Портпаролот…

Read More

Реал Мадрид му го понудил на играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, на англискиот гигант Манчестер Сити. Англискиот клуб размислува за трансфер на 23-годишникот, пишува „Марка“. Според извор, Манчестер Сити и Реал Мадрид се во преговори во врска со трансферот на играчот од средниот ред, а новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, е отворен за продажба на Камавинга, бидејќи сака клубот да потпише нов играч од средниот ред и централен дефанзивец. Настапите на Едуардо во последните сезони не го импресионираа португалскиот менаџер.

Read More

Антонио Конте е подготвен да прифати значително намалување на платата за да се врати на претходната позиција како селектор на Италија, но се очекува дека тоа сепак, ќе чини двојно повеќе од неговиот главен конкурент за таа позиција, Роберто Манчини. Конте и Манчини се водечки кандидати за наследник на Џенаро Гатузо, кој се повлече кратко време по неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство кон крајот на март. Се очекува на претстојниот состанок на федерацијата да бидат разгледани неколку теми, вклучувајќи го и изборот на потпретседатели, додека продолжуваат дискусиите за нов селектори технички директор на националниот тим.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, со солзи во очите го коментираше поразот од САД: „Кога не победуваш, секогаш нешто недостасува. За жал, во натпревар каде што имавме контрола, примивме гол во незгоден момент поради наша грешка. За жал, во второто полувреме се обидовме со сè, младите момци заслужуваат комплименти, навистина ми се допаѓаат. Изразот на моето лице кажува колку сум среќен, иако е тажен ден што не влеговме во историја уште еднаш, но продолжуваме понатаму“, рече Барбарез и додаде: „Многу е тешко да се повторат приказните од Велс и Италија. Пробавме сè, имаше некои ситуации,…

Read More

Нотингем Форест го раскина договорот со главниот тренер Витор Переира на необичен начин, објави новинарот Бен Џејкобс. Договорот со Португалeцот содржеше клаузула што му дозволуваше на клубот да го раскине до 30 јуни. Вечерта на 30 јуни во 23:58 часот, Форест му испратил и-меил на Переира со кој го известува за раскинувањето на нивното партнерство. Според изворот, Переира веќе ги испланирал предсезонските подготовки на клубот во Португалија. Покрај тоа, раководството на Нотингем се договорило со него за учество на тимот на предсезонски турнир во Удине, каде што требаше да играат Удинезе и Барселона. Оливер Гласнер ќе го замени Переира на…

Read More

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски ќе биде дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија.Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија…

Read More

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе стана првиот играч кој постигнал два или повеќе гола на седум натпревари на Светското првенство. Ова го објави „Squawka“ на профилот на социјалните мрежи на X. На синоќешниот натпревар, Мбапе постигна два гола во натпреварот од 1/16 финалето на Светското првенство во 2026 година против репрезентацијата на Шведска (3:0). Мбапе претходно постигна два или повеќе гола во натпреварите против Ирак (3:0), Сенегал (3:1), Аргентина (3:3, 2:4 пенал, 2022), Полска (3:1, 2022), Данска (2:1, 2022) и Аргентина (4:3, 2018).

Read More

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, го коментираше триумфот на неговиот тим од 3:0 над Шведска во шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година. Мбапе постигна два гола во тој натпревар. „Разбирам зошто играм, каде сум и кои се моите одговорности. Тимот е јасен во врска со своите цели тука. Започнува нова етапа. Денес игравме самоуверено, иако почетокот беше тежок. Се кренавме и создадовме можности што можевме да ги завршиме со голови. Мојата работа е да ја следам атмосферата во соблекувалната“, изјави Килијан Мбапе. Французите се пласираа во осминафиналето на СП 2026, каде што ќе се соочат со Парагвај.

Read More

Македонската штафета 4х400 метри постави нов национален рекорд на националното првенство за сениори, кое викендов се одржа во Скопје. Машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри со време од 3:15.82. Со тоа беше подобрено времето на досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди. Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски, кои со одличен тимски настап поставија нови стандарди во македонската атлетика.

Read More