Возачот на Мекларен, Ландо Норис , победи на трката за ГН на Унгарија на патеката „Хунгароринг“, која вусшност беше единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот стигна до првата победа оваа сезона, а воедно и прва по освојувањето на шампионската титула минатата година. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет со место на подиумот заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Конечен пласман на Формула 1 трката за ГН на Унгарија. Резултати од трката:1. Ландо Норис (Мекларен) – 70 круга.2. Макс Верстапен (Ред Бул) +15.080.3. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) +18.728.4. Чарлс Леклерк (Ферари) +23.840.5. Луис Хамилтон…
Author: riste
Откако своите подготовки за новата сезона ги започнаа ГРК Охрид и РК Алкалоид, и вицешампионот Еурофарм Пелистер ги започна подготовките следната сезона. Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови. Во екипата на Еурофарм пелистер има доста промени во составот за следната сезона: Дојдоа:Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ,…
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е пред трансфер во српски Нови Пазар, тврдат дел од тамошните медиуми. Според пишувањата, Ристовски заедно со Адем Љајиќ треба да бидат нови засилувања за српскиот суперлигаш кој ја отвори новата сезона со победа против Раднички од Крагуевац. Минатото лето, 34-годишниот Ристовски пристигна на Кошево, беше стандарден во првиот тим на Сараево, но тамошните медиуми тврдат дека не би било изненадување ако Сараево одлучи да се раздели со него.
Македонскиот пливач на долги патеки, Петар Цеков го заврши настапот на Европското младинско првенство во пливање на отворени води во Сукоро, Унгарија, со одлично 18. место во конкуренција на 37 натпреварувачи во дисциплината 10 километри, која водено е и олимписка дисциплина. Петар, кој има само 17 години, настапуваше во конкуренција до 19 години, против најдобрите европски маратонци. Трката се одвиваше во исклучително силно темпо, со квалитет кој наликуваше на сениорско Европско првенство. На стартот беа присутни најсилните европски пливачки сили Унгарија, Италија, Франција, Германија, Русија, Турција, Полска, Финска, Австрија, Чешка, Грција, Словачка, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Кипар и други. „И покрај…
Фенербахче и Галатасарај се во засилени преговори за трансфер на напаѓачот на Милан и репрезентацијата на Португалија, Рафаел Леао. Според „Скај Спорт Италија“, португалскиот репрезентативец бара плата од 13-14 милиони евра годишно. Според изворот, самиот 27-годишен играч би сакал да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, но не исклучува други опции за развој на неговата кариера. Милан наводно бара 60 милиони евра за играчот, од кои 50 милиони евра се фиксна цена, но прелиминарните разговори покажаа дека Галатасарај нема да може да се приближи до таа сума. Фенербахче се уште размислува.
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го отвори денот со официјална потврда на трансфер, односно ново име во своите редови кое ќе треба да го подигне нивото во составот на Диего Симеоне. Канг-ин Ли и официјално се враќа во Шпанија, а доаѓа од редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ, во чии редови не можеше да ја добие посакуваната минутажа. Кореецот добил јасна информација од Луис Енрике за својот статус и решил да ја промени средината, па по многу освоени трофеи и две европски титули, сега ќе го носи дресот на Атлетико. Ли беше промовиран како играч со посебни квалитети од страна на…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер решија да го пропуштат претстојниот Мастерс во Торонто, а организаторите јавно побараа промени кои ќе значат намалување на ваквите потези во иднина. Светскиот рекет број еден и грен-слем рекордерот решија да одмораат во пресрет на Ју-Ес Опен и нема да настапат на турнирот предвиден за периодот од 2 од 13. август, а организаторите велат дека побарале од АТП да направат промени за да ги заштитат тенисерите, но и турнирите и фановите на овој спорт. – Јасно е дека сме разочарани поради одлуките на Јаник и Новак, посебно што и минатата година го пропуштија изданието во…
Шпанскиот шампион Барселона ја започна својата предсезона со победа во својот прв пријателски натпревар, победувајќи ја ФК Европа со 4-1. Натпреварот се играше зад затворени врати во тренинг-комплектот „Сиутат Еспортива Жоан Гампер“. Тренерот Ханси Флик им даде на своите играчи пауза за викенд пред тимот да замине на тренинг-камп во Англија. Следниот натпревар на Каталонците ќе биде на 31 јули против Бирмингем и ќе биде отворен за навивачите. Најновото засилување на тимот, Карим Адејеми, сè уште не играл за Барса. Германскиот репрезентативец, кој дојде од Борусија Дортмунд, го имаше својот прв целосен тренинг со тимот утрово по презентацијата во четврток.…
Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За првпат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за…
Она што се најавуваше со денови, конечно денес е потврдено. Германскиот фудбалер Карим Адејеми потпиша за Барселона. Напаѓачот се приклучува на каталонскиот тим од Борусија Дортмунд, кој ќе добие вкупно 29 милиони евра од трансферот и ќе има процент од следната продажба. Адејеми ќе го засили веќе силниот напад на Барселона, може да игра на сите напаѓачки позиции, а првенствено игра како крилен играч. Германецот потпиша петгодишен договор со каталонскиот гигант и беше претставен на навистина феноменален начин. 24-годишникот ги помина изминатите четири години во Дортмунд. Во 146 настапи, постигна 36 гола и имаше 25 асистенции. Претходно играше за Салцбург…
