УЕФА се обидува да го принуди Џани Инфантино да поднесе оставка од функцијата претседател на ФИФА. Сите 55 земји-членки на УЕФА ќе гласаат за отстранување на швајцарскиот претседател преку гласање за недоверба, освен ако тој не поднесе доброволна оставка. Унијата може да иницира такво гласање само со 43 земји-членки, објави „Телеграф“. Според изворот, УЕФА има и план за дискредитација на Инфантино, план развиен од самиот Швајцарец. За време на корупцискиот скандал во кој е вклучен поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, Инфантино тајно развил план за оддалечување на УЕФА од Меѓународната фудбалска федерација и создавање алтернативна глобална фудбалска организација (Инфантино работеше во УЕФА пред да го…
Author: riste
Ракометната кадетска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Белград, откако загуби од Шведска со 29:33. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски пружија сериозен отпор и беа во игра за добар резултат, меѓутоа недостигаше концентрација во клучните моменти од натпреварот за да стигнат до позитивен резултат на овој натпревар. По завршувањето на настапов во групи, нашата селекција продолжува во разигрувањата за пласман. Во нашата репрезентација најефикасни беа Трајче Костов и Горазд Дамчевски кои постигнаа по осум гола, додека со пет гола мечот го заврши Бобан Поповски.
Младиот македонски интернационалец Георг Стојановски денес лета за Катар од Софија преку Истанбул за да се приклучи на својот нов тим Лусаил. Напаѓачот го напушта Спартак Варна по одиграни 27 натпревари, со постигнати 10 гола и 4 асистенции. 22-годишниот фудбалер имаше одлични настапи за екипата на Спартак Варна , а тоа беше забележано од клубот од Катар и му беше понуден договор кој ќе биде потпишан веднаш откако ќе ги помине медицинските прегледи. Од бугарскиот прволигаш се задоволни од овој трансфер затоа што ќе заработат за нив рекордна сума како обештетување за нашиот млад фудбалер. „Одам во Катар со еден…
Заеднички став на европското фудбалско семејство УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ Светското првенство не смее да се третира како инвестициски производ. Тоа претставува едно од најголемите наследства на светскиот фудбал, создавано низ генерации од играчи, национални репрезентации и навивачи од сите континенти. Ниту еден дел од него не смее да биде отстапен на приватни инвеститори. Светското првенство не е на продажба. Загриженост за процесот на…
Спартак Варна ќе го продаде напаѓачот Ѓорг Стојановски на клуб од Катар. Ова го откри спортскиот директор на тимот од Варна, Енгибар Енгибаров. Така, внукот ќе го следи примерот на дедото Ѓоко Хаџиевски, кој исто се разделува од клубот од Варна. Енгибаров ја објави веста на прес-конференција, на која присуствуваа и поранешниот тренер на тимот и Алекс Илиев. 22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 29 натпревари, во кои постигна 10 гола и имаше 5 асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари.
Македонскиот вицешампион Шкендија ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот натпревар против словенечки Браво и да обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци во првиот натпревар во Словенија долго време имаа контрола врз играта и водеа, но поради грешките во одбраната на крајот загубија со 2-1. Сепак, во клубот владее оптимизам дека со поддршката од трибините можат да направат пресврт и да се пласираат понатаму. За таа цел и обезбување што поголема поддршка, Шкендија донесе одлука влезот на стадионот да биде бесплатен за сите навивачи. Тренерот Положани нема да може да смета на голманот Бабакар…
Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во ВМФЛ, Иван Глигоров е повратникот кој ќе го засили штипскиот офанзивен ред! После одличниот учинок минатата сезона во Охрид, Глигоров беше на мета на многу фудбалски клубови од првата лига. Тој го послуша своето срце, се врати во својата природна средина, ја одбра својата “прва љубов” – Брегалница! Своите фудбалски почетоци, Иван ги имаше во италијанската IMS фудбалска академија, од каде се пресели во подмладокот на еминентниот португалски ФК Национал. Од Португалија, на свои 19 години се врати во Брегалница каде настапуваше во првата и втората фудбалска лига. Потоа се пресели во…
Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) ја истражува можноста за организирање на проштален натпревар за напаѓачот Нејмар со репрезентацијата, објави „Глобо“. Според изворот, иницијативата е сè уште во прелиминарна фаза на дискусија. 34-годишниот фудбалер претходно го објави своето повлекување од бразилската репрезентација. Неговиот прв натпревар за петкратните шампиони беше во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата во сите натпреварувања, постигнувајќи 80 гола и 59 асистенции. 34-годишниот Нејмар е најдобар стрелец на сите времиња во репрезентацијата на Бразил. Како дел од бразилската репрезентација, Нејмар ги освои Олимписките игри (2016), стана сребрен медалист на Игрите (2012) и Копа Америка (2021), а исто така го освои и…
Манчестер Сити пронајде замена за шпанскиот репрезентативен дефанзивен играч од средниот ред Родри, кој е блиску до трансфер во Реал Мадрид, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Според изворпт, играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади, е еден чекор поблиску до приклучување кон Манчестер Сити. Клубот и играчот се согласиле за личните услови за договор што ќе важи до летото 2031 година. Претходно, медиумските извештаи покажаа дека францускиот клуб бара 100 милиони евра од потенцијалната продажба на 18-годишникот. Родри пак, даде зелено светло за трансфер во мадридскиот гигант. Минатата сезона, Буади одигра 42 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб, постигнувајќи една…
Еден од најтрофејните фудбалски тренери од Македонија, Ѓоко хаџиевски официјално си заминува од бугарскиот прволигаш Спартак Варна. На изненадување на навивачите на овој клуб кои одлично го прифатија Хаџиевски, клубот од Варна излезе со официјално соопштение во кое ја потврдува разделбата со нашиот фудбалски струњак а во него се вели: „Раководството на ФК Спартак Варна ги информира своите навивачи дека, на изрична молба на главниот тренер, Ѓоко Хаџиевски, од денес, неговиот договор со клубот ќе биде раскинат. Одлуката е лична на г-дин Хаџиевски и беше соопштена на раководството по победата во дербито во Варна против Черно Море. Кога го презеде…
