Манчестер Јунајтед го искористи пријателскиот натпревар со Ленс за да го престави своето трето засилување. Расмус Хојлунд и официјално стави потпис на договор со „црвените ѓаволи“, а имаше шанса да се претстави и пред полните трибини на „Олд Трафорд“. Италијанскиот тим Аталанта доста добро профитираше од овој трансфер, бидејќи Данецот минатото лето беше купен за 17 милиони евра од Штурм. Сега, Хојлунд за сума од 74 милиони, плус девет во вид на бонуси се пресели во Манчестер Јунајтед. Самиот играч нагласи дека е пресреќен бидејќи му се исполни детскиот сон. „Не е тајна дека сум навивач на овој клуб од…
Author: riste
Манчестер Сити и официјално го објави потписот на Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. Хрватот веќе е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, а трансферот е вреден 90 милиони евра. Претходниот рекорд го држеше Хари Мегваер, кој од Лестер се пресели во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра. 21-годишниот хрватски дефанзивец потпиша на 5 години со „граѓаните“ и неговиот договор е до 2028 година. Фудбалерот ќе го носи тимот со број 24. „Отсекогаш сонував да играм во Англија еден ден и да го правам тоа сега со Манчестер Сити – по сезоната што штотуку ја имаа – е вистинска чест за…
УЕФА на својата официјална веб-страница ја претстави ажурираната табела со коефициенти за сезоната 2023/2024. Очекувано на врвот е Англија односно Премиер лигата која и понатаму е водечка лига во Европа. Зад Англија следуваат Шпанија, Италија и Германија. Промената е меѓу Холандија и Франција кои си ги сменија местата па во Топ 5 лигите сега е Хоалндија пред Франција. Топ 10 најдобри национални првенства со коефициенти на УЕФА: За жал квалитето на нашата лига е на самото дно во Европа, па Македонија се наоѓа на 52-то место, а зад нас се само Црна Гора, Гибралтар и Сан Марино.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се надева дека ќе го собори рекордот на поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни и ќе стане најдобар стрелец во историјата на клубот. „Можам ли да го надминам рекордот на Руни? Се надевам. Никогаш не знаеш што ќе се случи. Секогаш се трудам да постигнувам голови и да давам асистенции. Постои шанса ова да се случи. Разговарав со Руни за тоа и тој сака да го направам тоа“, рече Рашфорд во интервјуто со Гери Невил на каналот „The Overlap“ на YouTubе . За англискиот тим Вејн Руни постигна 253 гола. Маркус Рашфорд има постигнато 123 гола во дресот на Манчестер Јунајтед. Рашфорд (25) потекнува од школата на…
Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол се простил од соиграчите пред преселбата во Манчестер Сити. Ова го пренесува новинарот Патрик Бергер во својот „Твитер“. Според изворот, хрватскиот фудбалер отпатувал за Велика Британија, каде мора да го помине последниот лекарски преглед за да договори трансфер во Манчестер Сити. Англискиот клуб ќе плати 90 милиони евра за Гвардиол плус 10 милиони евра бонуси. Хрватот ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. 21-годишниот Гвардиол минатата сезона забележа 41 настап за РБ Лајпциг во сите натпреварувања и постигна три гола. Дефанзивецот стана освојувач на бронзен медал на Светското првенство во Катар 2022 година.
Бразилскиот напаѓач на ПСЖ Нејмар може да го напушти францускиот клуб. Според „Спорт“, раководството на парижаните и понудило на Барселона да го земе на позајмица Нејмар за сезоната. ПСЖ ја разгледува понудата како дел од договорот за претстојниот потег на крилниот напаѓач Осман Дембеле. Нејмар (31) играше за Барселона од 2013 до 2017 година. Неговата преселба во ПСЖ останува најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Парискиот клуб плати 222 милиони евра за бразилскиот напаѓач. Договорот на Нејмар со ПСЖ е до јуни 2025 година. Тој е проценет од Трансфермаркт на 60 милиони евра. Нејмар минатата сезона 2022/2023 имаше 29 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања,…
Челзи се обрати до инвеститорите за дополнителна финансиска поддршка, велат извори блиски до клубот. Според овие информации, за инвестирањето на пари во Челзи, инвеститорите ќе можат да добијат дел од клубот. Притоа, тие ќе можат да ја задржат својата приватност. Клубот би можел да собере до 450 милиони евра. Конечната одлука допрва треба да биде донесена и не е јасно колкав капитал би можел да собере Челзи на крајот, ниту дали некоја инвестиција ќе биде комбинација од долг и капитал. Челзи минатата сезона заврши на 12-тото место во англиската Премиер лига – најниската позиција на клубот во последните 29 години -…
Саудискиот клуб Ал Шабаб е активно заинтересиран за бразилското крило на Фулам, Вилијан, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо на своите социјални мрежи. Според Романо, англискиот клуб не планира да го продаде играчот. Клубот го сака овој играч и ќе направи се за да го задржи. За предлогот на саудискиот клуб разговара и самиот Вилијан со раководството на Фулам. Бразилецот неодамна, на 18 јули, го продолжи договорот со Фулам. Во сезоната 2022/2023, бразилскиот играч од средниот ред имаше 27 настапи во англиската Премиер лига за Фулам, постигнувајќи пет гола и правејќи пет асистенции. Фулам ја завршија сезоната на 10. место на табелата, а Вилијан е проценет на 3…
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи сериозно ја разгледува опцијата кариерата да ја продолжи во Холандија. Според добро упатени извори, Ајакс има намера наскоро да започне официјални преговори, а самиот Бонучи е отворен за преселба во Амстердам. Бонучи помина 12 сезони во Јувентус, со што стана олицетворение на последната ера на клубот. Дефанзивецот неколку години беше капитен на тимот, за кој одигра повеќе од 500 натпревари. Минатата сезона 36-годишниот играч поретко играше на теренот поради понеефикасната игра и бројните повреди. Според италијанските медиуми, стручниот штаб на Јувентус го вклучил Бонучи во групата играчи на кои „старата дама“ повеќе не смета.
Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле ја комплетираше својата преселба во Пари Сен Жермен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Според изворот, 26-годишниот Французин во следните неколку дена ќе потпише петгодишен договор со Парижаните, играчот веќе го поминал лекарскиот преглед. Барселона ќе добие 50 милиони евра за Осман, кој е во каталонскиот клуб од 2017 година. Претходно, напаѓачот настапуваше за Борусија Дортмунд и Рен. Во сезоната 2022/2023, Дембеле имаше 35 настапи за Барселона во сите натпреварувања, во кои постигна осум гола и девет асистенции. Договорот на играчот со каталонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според…
