Author: riste

Во Нион се одржа ждрепката за плејофот од Лигата на шампионите, а Динамо Загреб, каде што настапува нашиот капитен Стефан Ристовски, доколку го помине грчки АЕК ќе игра против белгиски Ројал Антверпен. Динамо во следните две недели ќе игра против АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Доколку испадне оди во истата фаза на натпреварување во Лига Европа. Во плеј-офот од Лигата на шампионите може да настапи и уште еден македонски фудбалер. Тоа е Мартин Мирчевски со својот ТСЦ Бачка Топола, но прво српскиот вицешампион ќе мора да го мине тимот на Брага. Доколку тоа се случи, во…

Read More

Македонија утре ќе ги дознае противниците во квалификациите за ЕП 2025 година. Ждрепката за квалификациите за Евробаскетот во 2025 година ќе се одржи на утре ( 8.август во 11:30 часот во Минхен), соопшти секторот за Европа на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Пласман во квалификациите изборија селекциите на Србија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шведска, Шпанија, Турција и Украина. Составот на шеширите ќе биде познат утре, а 32 селекции ќе бидат поделени во осум групи со по четири репрезентации.…

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е во преговори да премине во Ал Хилал, тврдат португалските медиуми. Разговорите меѓу двете страни се одвиваат добро. Двата клуба се заинтересирани за комплетирање на зделката. Феликс е во Атлетико Мадрид од 2019 година. Во вториот дел од сезоната 2022/23 играше како позајмен во Челзи. Во јули оваа година фудбалерот изјави дека сонува да се пресели во Барселона. Сепак, на главниот тренер на Каталонците Чави не му се допаѓа трансфер опцијата на Феликс, пренесуваат шпанските медиуми. Атлетико планира да заработи 100 милиони евра од продажбата на 23-годишниот Португалец.

Read More

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски очекувано денес дојде најдобриот пласман на АТП листата во досегашната кариера. На Ивановски му беа запишани бодовите (21) од триумфот во австриски Крамзах, а тоа му овозможи скок од дури 30 позиции со што е многу блиску до влез меѓу најдобрите 300 тенисери во светот. Со вкупно 176 поени Калин е 306 рекет во светот, далеку пред сите кога се во прашање нашите тенисери. Имено Горазд Србљак се наоѓа на 1130.место, додека Обрад Марковски е 1220 на планетава. Во конкуренција на двојки, Калин Ивановски е 608 додека Марковски на 1025 место. Што се однесува до врвот…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе може да го загуби бонусот за лојалност, објави медиумите во Франција. Доколку Килијан Мбапе јавно каже дека сака да го напушти ПСЖ, тој ќе изгуби бонус за лојалност од 40 милиони долари што треба да доспее на 31 август. Во исто време, се забележува дека Реал Мадрид нема да преземе никакви чекори во корист на Мбапе додека напаѓачот јавно не изјави дека сака да го напушти ПСЖ. Претходно беше објавено дека Мбапе одбил да го обнови договорот со ПСЖ. Подоцна, парижаните не го вклучија напаѓачот на претсезонскиот тренинг камп во Јапонија. Последните информации велат дека…

Read More

Челзи сака да го ангажира играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо. На крајот на јули, лондончани упатија трета понуда за трансфер на 21-годишниот играч за врска на еквадорската репрезентација – 80 милиони фунти, но Брајтон повторно ја одби. Се вели дека разговорите се блиску до ќорсокак. Брајтон го цени играчот на 100 милиони фунти. Според „Телеграф“, Челзи подготвува нова понуда бидејќи го гледа Каиседо како врвна трансферна цел ова лето. Мојсес Каиседо минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 1 гол и 1 асистенција.

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија со две победи над Романија ги отвори подготовките за Европското првенство. По првиот тест натпревар кој се играше зад затворени врати, синоќа во втората контролната пресметка нашите одбојкари славеа победа од 3:1. Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од одиграната игра и двете победи, но напомена дека оваа селекција допрва треба да го достигне својот врв. „Мислам дека треба да бидеме задоволни после двете контролни средби со Романија. Игравме против селекција која исто така ќе игра на Европското првенство и која поседува голем квалитет во своите редови. На моменти игравме многу добро, сите елементи функционираа, но имаше и…

Read More

Францускиот дефанзивец на Барселона, Клемент Ленгле, летово би можел да се пресели во италијански Наполи, пренесува „Фудбал Шпанија“. Според изворот, каталонскиот клуб одамна го ставил 28-годишниот фудбалер на списокот за продажба во летниот преоден рок и не смета на него во новата сезона. Барселона се надева дека ќе заработи малку од продажбата на него, како и ќе го растовари платниот список. Така Ленгле ќе мора да го промени клубот – за Французинот веќе пројави интерес од англискиот Тотенхем и неколку саудиски клубови. Последен во трката за играчот влезе Наполи, кој бара замена за Ким Мин Џеј, кој замина во Баерн.…

Read More

Финалистот од Конференциската лига, Фиорентина го објави трансферот на Јери Мина. Колумбискиот дефанзивец потпиша за клубот како слободен играч по заминувањето од Евертон, каде што беше во последните пет сезони. Договорот на 28-годишниот играч е за една сезона со опција за уште две, доколку има успех во следната сезона. Јужноамериканецот доаѓа во „Артемио Франки“ на местото на Бразилецот Игор, кој беше продаден на Брајтон. Мина има сериозно искуство, бидејќи во кариерата играше за тимови како Палмеирас и Барселона. Во последните пет сезони го носеше дресот на „карамелите“ за кој одигра 99 натпревари, постигна 9 голови и 1 асистенција. За него…

Read More

Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави трансферот на шпанскиот голман Роберт Санчез, кој минатата сезона настапуваше за Брајтон. 25-годишниот голман има седумгодишен договор со Челзи. Наскоро Санчез треба да се приклучи на првиот тим на „сините“. „Многу сме задоволни што му посакавме добредојде на Роберт во Челзи. Тој ќе додаде квалитет на нашата голманска позиција. Роберт во неколку наврати се покажа во Премиер лигата и доби признание во националниот тим. Воодушевени сме што тој ќе работи со Маурицио и неговиот стручен штаб во претстојната сезона“, изјавија спортските директори на Челзи, Пол Винстанли и Лоренс Стјуарт. Санчез минатата сезона…

Read More