Author: riste

Челзи ја договори цената на голманот Роберт Санчез со Брајтон. Ова го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според Романо, 25-годишниот голман ќе ги чини Сините 29 милиони евра со бонуси. Исто така, се истакнува дека лондонскиот клуб се уште преговара со оваа екипа во врска со играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Роберт Санчез се пресели во Брајтон од Леванте на 17 години. Голманот играше како позајмен за Форест Грин во Втората лига и Рочдејл во Лига 1. За првиот тим на својот клуб одигра 90 натпревари. Голманот има еден официјален натпревар за шпанската репрезентација. Договорот на Роберт истекува на 30 јули 2025…

Read More

Одредени медиуми во Англија пишуваат дека играчот на Челзи, Хаким Зијеш има голема желба да се врати во Холандија односно во Ајакс. Да потсетиме дека кон крајот на јуни месец Мароканецот падна на лекарските прегледи и му пропадна трансферот во саудискиот Ал-Наср. Бидејќи Челзи нема да смета на него, јасно е дека во најкус можен рок ќе треба да си најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата. Последните информации велат дека саудиските клубови Ал-Ахли и Ал-Шабаб пројавуваат интерес за овој фидбалер.

Read More

Сигурен нов центарфор на Манчестер Јунајтед ќе биде Расмус Хојлунд кој веќе е во Манчестер, пренесува Фабрицио Романо. Се очекува вечерва да го мине првиот дел од лекарските прегледи. Репрезентативецот на Данска доаѓа од Аталанта, каде мина само една сезона. Според Дејвид Орнштајн, договорот е 75 милиони евра плус уште 10 милиони евра во бонуси (вкупно 72 милиони фунти). Договорот на 20-годишниот фудбалер со клубот од „Олд Трафорд“ ќе биде на 5+1 година. Манчестер Јунајтед веќе го ангажираше Мејсон Маунт и голманот Андре Онана претходно ова лето.

Read More

Германскиот тим РБ Лајпциг испрати нова понуда од 32 милиони евра за 20-годишниот дефанзивец на Олимпик Лион, Кастело Лукеба. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо во својот „Твитер“. Според изворот, покрај 32 милиони евра, зделката ќе вклучува и одреден процент од идната продажба, која Лион ќе ја добие во случај на евентуален трансфер на Лукеба од Лајпциг. Германскиот клуб веќе ги договорил со францускиот дефанзивец личните услови од договорот. Доколку договорот биде успешен, Лукеба ќе потпише договор со РБ Лајпциг до крајот на јуни 2028 година. Во сезоната 2022/2023, Лукеба одигра 34 натпревари за Лион во францускиот шампионат, на кои постигна два гола. Договорот на…

Read More

По една недела тренирање со екипата на РК Вардар, Јапонецот Косуке Јасухира го потпиша едногодишниот договор со поранешниот шампион на Македонија, Вардар 1961. Откако беа завршени сите технички и административни формалности, средниот бек следната сезона ќе игра во дресот на „црвено-црните“. Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а македонскиот клуб има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар. Минатата година настапуваше и беше пријавен и за Лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за…

Read More

На стартот на сезоната во Фудбалското првенство на Србија, на натпреварот Црвена Звезда против Војводина, во новинарката ложа на стадионот „Рајко Митиќ“ беше и екипата на Спортското радио 90,3 ФМ која разговараше со легендарниот фудбалер и некогашен АС токму на црвено-белите, Милош Шестиќ. „Задоволен сум од подготвителните натпревари на Црвена Звезда, но и од оваа победа во првото коло со 5:0. Верувам дека оваа година Црвена Звезда и во групите од Лигата на шампионите и во домашното натпреварување ќе има големи успеси, впрочем како што и доликува на поранешниот Европски и Светски фудбалски шампион“ изјави Шестиќ за Спортското радио 90,3…

Read More

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје продолжува да ја засилува екипата за новата сезона, откако вчера ја засили центарската линија, денеска ја освежи бековската линија со двајца кошаркари од САД. Нови играчи на МЗТ Скопје се Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см), кои имаат европско искуство, а еден од нив има настапувано и во Македонија. Ворку  е добро познат на македонската кошаркарска јавност бидејќи две сезони настапуваше за Гостивар и имаше просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Тој е првиот странец кој остварил трипл-дабл во македонскиот шампионат и тоа токму против…

Read More

Одличен викенд за македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на атлетските митинзи во Германија. Најпрво во саботата во Штутгарт победи со скок од 7,67 метри, додека пак во неделата во Инеринген Хетинген прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с) што претставува негов најдобар скок во кариерата, а воедно и нов македонски рекорд. Претходниот најдобар скок од 7,79 метри беше во сопственост на Андреас кој го постави на 24 мај оваа година. Андреас имаше одлична серија на скокови, натпреварувањето го започна со 7,71 метри, во втората серија имаме неуспешен обид, додека во третата и четвртата серија следуваа скокови од 7,81 и 7,86 метри. Во петтата…

Read More

Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека потпишал нов долгорочен договор со техничкиот спонзор на клубот, Адидас. „Односот меѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најпознатите икони во глобалниот спорт, благодарение на нашата заедничка посветеност на стилот, талентот и што е најважно, високите перформанси. Нашето партнерство, започнато во 80-тите години од минатиот век, беше надополнето во изминатата деценија со најиновативните дизајни и технологии. Сега со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова моќно партнерство во остатокот од оваа деценија и во 2030-тите“, рече извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд во својата изјава.

Read More

Преговорите за новиот договор на Виктор Осимен со Наполи се поблиску до финализирање. Агентот на Нигериецот, Роберто Календа пристигна во Кастел Ди Сангро, каде што тренира тимот, на завршни разговори со претставниците на клубот. Двете страни се во постојан контакт од почетокот на летото и работат на тоа Осимен да остане што подолго на „Диего Армандо Марадона“. За напаѓачот се заинтересирани голем број водечки клубови од Европа, предводени од Челзи, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Сепак, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е категоричен дека ќе го задржи најдобриот стрелец во Серија А барем уште една сезона. Исклучок би…

Read More