Англискиот напаѓач Хари Кејн имаше асистенција на натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2022 година против Велс (3-0). 29-годишниот напаѓач ја даде третата асистенција на овој светски шампионат и успеа да го повтори достигнувањето на Дејвид Бекам. Кејн стана првиот играч на Англија кој постигнал најмалку три асистенции на едно Светско првенство по Бекам на Светското првенство во 2002 година. Овој статистички податок го објави „Опта Џо“ на „Твитер“. Англија во групната фаза освои седум бода и од првото место се пласираше во 1/8 финалето на Светското првенство во Катар каде за противник ќе ја има репрезентацијата на Сенегал.…
Author: riste
Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе би можел да го пропушти последниот натпревар на својата репрезентација од групната фаза на СП 2022. Избраниците на Дидие Дешамп денеска во 16 часот се соочуваат со Тунис, но стрелецот на три гола од почетокот на првенството е неизвесен за настап поради мала повреда. Мбапе вчера тренираше со преврзан зглоб. Сепак, тој остана до крајот на сесијата и не покажа непријатност. Напаѓачот почувствува болка на мечот со Данска (2:1) и можно е Дешам денеска да му даде одмор, уште повеќе што Французите веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Тренерот на светските шампиони планира да направи неколку…
Селекторот на Бразил Тите одлучи да ги одмори повеќето стартери за натпреварот против Камерун кој се игра во петок. Бразил веќе си обезбеди пласман во осминафиналето на СП 2022 година и ова, како и здравствената состојба на некои од главните играчи, е главната причина зошто Тите ќе смета на сосема поинаков состав во однос на натпреварите против Србија (2:0) и Швајцарија (1:0). Повредени се Нејмар, Данило и Алекс Сандро. Други играчи имаат температура и не се чувствуваат добро. Според „О Глобо“, стартниот состав против камерун би требало да изгледа вака: Едерсон, Дани Алвеш, Едер Милитао, Бремер, Алекс Телес, Фабињо, Бруно…
Американскиот играч за врска Кристијан Пулишиќ се повреди во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година со репрезентацијата на Иран (1:0). Да потсетиме дека Пулишиќ постигна гол во 38. минута од средбата и удри во друг играч. Играчот од средниот ред ја продолжи играта, но на полувремето беше заменет поради повреда. Според прес-службата на американскиот тим, при лекарски преглед на Пулишиќ му била констатирана контузија на карлицата. Голема е веројатноста, фудбалерот да може да учествува на следниот натпревар на репрезентацијата на Светското првенство во 2022 година. Тимот на САД заврши на второто место во групата…
Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло од групата А во кое се сретнаа селекциите на Холандија и Катар, односно Еквадор и Сенегал познати се селекциите кои продолжуваат со настап на СП. Холандија славеше против Катар со 2:0, додека Сенегал ја совлада репрезентацијата на Еквадор со 2:1. На тој начин Холандија заврши како прва во групата, додека Сенегла на второто место. Така, холандската репрезентација стигна до плеј-офот на секое од своите 11 светски првенства. Холанѓаните учествуваа на Светските првенства во 1934, 1938, 1974, 1978, 1990, 1994, 1998, 2006, 2010, 2014 и 2022 година. На Светското првенство во 1934 и 1938 година…
Конзулот на Италија во Катар, Енрико Маса, изјави дека неговиот сонародник, кој истрча на теренот со знаме од виножито за време на натпреварот на Светското првенство меѓу Португалија и Уругвај, е ослободен. Самиот навивач на една од социјалните мрежи потврди дека неговото дело не повлекувало никакви правни последици. „Младиот навивач кој го предизвика инцидентот беше ослободен веднаш по натпреварот, без обвинение. Други информации нема да бидат откриени поради лична доверливост“, изјави Енрико Маса. Инцидентот се случи во второто полувреме од средбата. Навивачот истрча на теренот со знаме со виножито на кое пишуваше PACE (Знаме на мирот), а на маицата на…
Селекторот на данската репрезентација Каспер Хјулманд зборуваше за притисокот врз играчите на тимот во пресрет на натпреварот од 3. коло од групната фаза на СП 2022 со Австралија. „Мислам дека би било погрешно и нечесно ако не кажам дека има притисок. Но, ние сме многу тесно поврзан тим, правиме се заедно. Колку повеќе искуство добивате во овие настани, можеби чувствувајќи го притисокот, толку повеќе се чувствувате горди“, изјави Хјулманд. Репрезентацијата на Австралија во 1. коло од групната фаза загуби од Франција (1:4), а потоа со минимален резултат го победи Тунис (1:0). Сега тимот има три бода и се втори на…
Репрезентацијата на Костарика, која победи на Светското првенство со Јапонија со резултат 1:0, го упати првиот удар кон голот противникот на Светското првенство по 184 минути и 11 секунди по стартниот свиреж во натпреварот од 1. коло со Шпанија. (0:7), објави „Opta Sports“. Ударот што го упати дефанзивецот Кајшер Фулер заврши во победнички гол. Фулер упати прецизен удар од шеснаесетникот, јапонскиот голман Шуичи Гонда посегна по топката, но не успеа да го спаси својот тим од пораз. Така тимот на Костарика се израмни со Јапонеците според бројот на освоени бодови, двата тима имаат по 3 бода. Вечерва ќе се сретнат…
Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе биде меѓу играчите кои ќе добијат медал на Светското првенство доколку неговата репрезентација го освои турнирот во Катар, објави „RMC Sport“. Според изворот, ФИФА ќе додели 26 медали на играчите на тимот што ќе го освои турнирот. Карим Бензема, кој не беше во можност да настапи за француската репрезентација, беше во нејзиниот состав за турнирот, но поради повреда беше принуден да се откаже од учеството на Светското првенство. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп можеше да побара замена, но одлучи да не го стори тоа. Да потсетиме дека Франција е актуелен шампион од претходното СП вп…
Катарските власти ќе ја стават на црна листа на Португалија на крајот на Светското првенство поради изјавите на претседателот Марсело Ребело де Соуза и премиерот Антонио Коста. Да потсетиме дека Де Соуза даде изјава за човековите права на конференцијата во Доха, на маргините на натпреварот помеѓу Португалија и Гана. Иако овие зборови беа прилично благи, владата на Катар веќе ги разгледа претходните изјави на лидерите на земјата, по што португалскиот амбасадор во земјава беше повикан кај вицепремиерот на Катар. Црната листа може да има политички и економски импликации и да влијае на движењето на луѓето меѓу двете земји. На Катар,…
