Author: riste

Најскапо платениот селектор на Светското првенство во Катар го заврши учеството во групната фаза на турнирот, пишува „АС“. Станува збор за селекторот на Германија Ханзи Флик. Платата на селекторот на Германија е 6,5 милиони евра годишно. Сепак, тој не успеа да го одведе националниот тим на оваа земја до елиминациите на првото големо првенство во кое го предводеше тимот. Германците завршија само трети во групата Е зад првопласираната Јапонија и второпласираната Шпанија. Останатите тренери во топ 5 според платата која ја добиваат се: Герет Саутгејт од Англија (5,8 милиони евра годишно), Дидие Дешамп од Франција (3,8 милиони), Тите од Бразил…

Read More

Напаѓачот на Србија и Јувентус, Душан Влаховиќ ги демантираше гласините дека е во романтична врска со сопругата на неговиот репрезентативен колега, голманот Предраг Рајковиќ. Претходно беше објавено дека напаѓачот почнал да излегува со сопругата на голманот за време на тренинг кампот пред Светското првенство. „Штета што сум принуден да коментирам неспортски гласини пред мечот на Светското првенство и речиси нема смисла да се оценува оваа апсурдност. Сè за мојата афера со сопругата на мојот партнер е лага. Штета што во пресрет на натпреварот морам да зборувам за такви работи“, изјави за „Марка“ Влаховиќ. Во групата Г, Бразил освои шест бода…

Read More

Градското обвинителство на Торино подготвило досие за судењето на поранешниот претседател на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус Андреа Ањели, како и на други колеги од раководството, пренесува агенцијата АНСА. Вкупно, истрагата за финансиски неправилности и прекршоци во Јуве ќе опфати 11 лица. Сите тие се под сомнение за прекршување на финансиското управување на најуспешниот италијански клуб. Поточно, истрагата е за фалсификувани документи за трансфери на пари, измама и зголемени суми за купување играчи, вклучувајќи го и потпишувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој играше за Јувентус од 2018 до 2021 година. Но, тоа не е се, раководството на клубот може да…

Read More

Напаѓачот на полската репрезентација Роберт Левандовски ги сподели своите очекувања пред натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство со француската селекција. Натпреварот ќе се одигра во недела на 4 декември во 16:00 часот. „Франција е фаворит. Треба да се подобриме ако сакаме да им создадеме проблеми, особено да понудиме повеќе можности во нападот. Имаат одличен тим, но нивниот натпревар со Тунис покажа дека се е можно (Франција загуби со резултат 0:1) . Ова е голем предизвик за нас. Знаеме какви играчи имаат, но мора да ја искористиме шансата, да се обидеме да дадеме се од себе, да се бориме. Знаеме…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го коментираше своето достигнување во националниот тим во кое го надмина легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона . „Дознав дека неодамна го срушив неговиот рекорд. Јас не знаев дека сум го направил тоа. Среќен сум што можам да продолжам да поставувам вакви рекорди. Верувам дека Диего би бил многу среќен за мене, бидејќи секогаш ми покажуваше голема љубов. Тој секогаш беше среќен кога ми одеше добро“, рече Меси. Лионел Меси стана најстариот играч кој дриблал пет или повеќе пати и создал пет или повеќе шанси за гол на еден натпревар на Светското првенство. Претходниот рекордер беше Диего…

Read More

Синоќа на стадионот 974 беше одигран натпреварот од 3.коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Во групата Ц играа Полска и Аргентина, мечот го доби Аргентина со резултат 2:0. Напаѓачот на аргентинската репрезентација Лионел Меси не реализираше пенал, кој беше досуден во 37. минута од натпреварот против Полска по прекршок на голманот Војчех Шчесни токму над Меси. Меси стана вториот играч во историјата на Светските првенства кој промашил два пенали во историјата на своите настапи на турнирот. Меси во 2018 година не успеа да го погоди голот на исландската репрезентација од пенал. Асамоа Гијан од Гана стана првиот…

Read More

Алексис Мекалистер не е меѓу големите имиња во репрезентацијата на Аргентина, но неговиот гол им го донесе посакуваниот мир на „гаучосите“ во победата од 2:0 над Полска, со што селекцијата на Аргентина се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. „Среќен сум бидејќи одигравме многу добро. Се вративме на она што можеме. Ја чувавме топката, бевме мирни и во целина имавме одлична игра. Време беше да ги покажеме нашите вистински квалитети“, изјави играчот од средниот ред на Брајтон. Мекалистер е третиот аргентински интернационалец со англиско потекло кој оставил свој белег на едно светско финале. Во 1974 година играше Карлос Бабингтон, а…

Read More

Херардо „Тата“ Мартино по елиминацијата од Мундијалот во Катар, изјави дека повеќе не е селектор на Мексико. И покрај победата од 2:1 над Саудиска Арабија, Мексико не успеа да се пласира во осминафиналето. Полска го освои второто место во групата, бидејќи примија помалку голови. „Договорот ми истече во моментот кога судијата свирна крај на натпреварот“, објасни аргентинскиот стручњак кој го водеше Мексико. Мартино е на клупата на репрезентацијата на Мексико од 2019 година, но не оствари некој позабележителен резултат. Не блескаше ниту во квалификациите, а го загуби и финалето на „Голд Купот“ од САД. Претходно го водеше Парагвај до четвртфинале на Светско првенство, а со Аргентина играше две финалиња…

Read More

Поразот од Мексико со 1:2 ја спречи Саудиска Арабија да се квалификува во осминафиналето на Светското првенство 2022. Тимот ја изненади Аргентина на почетокот, но на крајот заврши на последното место во својата група, а селекторот Ерве Ренард смета дека тоа е сосема реално. „Ако треба да сумирам, Мексико одигра подобро од нас и заслужено не победи. Настапивме под нашите можности и не реагиравме добро откако се најдовме во ситуација да го бркаме резултатот. Мораме да му бидеме благодарни на нашиот голман, бидејќи да не беа неговите интервенции, ќе постигнеа. Само во последните минути верувавме дека нешто може да се…

Read More

Брилијантниот настап на Коди Гакпо на Светското првенство во 2022 година ќе ја направи мала веројатноста ПСВ Ајндховен да може да го задржи до крајот на сезоната. Според „Voetbal International“, офанзивниот играч за врска стана трансферна цел на Ливерпул. Во клубот од „Енфилд“ се подготвени да започнат преговори со претставниците на 23-годишниот фудбалер за да го привлечат во јануари, но ПСВ за својата ѕвезда ќе бара минимум 50 милиони евра. Пред почетокот на сезоната Гакпо беше блиску до договор со Манчестер Јунајтед, но преговорите влегоа во ќорсокак и „црвените ѓаволи“ го купија Антони од Ајакс. На „Олд Трафорд“ сепак не…

Read More