Author: riste

Селекторот на холандската репрезентација Луис ван Гал се прости од играчите по болниот пораз во четвртфиналето на Светското првенство. „Лалињата“ загубија од Аргентина на пенали, а по натпреварот Ван Гал потврди дека се повлекува и од новата година ќе биде заменет со Роналд Куман. „Не се чувствувам поразен, се разделувам со одличен, многу здружен тим. Бев тренер 20 натпревари и не загубивме ниту еднаш“, изјави Ван Гал на прес-конференцијата по натпреварот. Куман се враќа на чело на Холандија, откако претходно го водеше тимот во периодот 2018-2020 година. Најдоброто достигнување на „лалињата“ под водство на Куман е финалето на Лигата на…

Read More

Предводникот на хрватската репрезентација Лука Модриќ го утеши својот соиграч од Реал Мадрид – Родриго. Модриќ верува дека Бразилецот ќе биде посилен по неговото клучно промашување на пенал во четвртфиналната пресметка на Хрватска со Бразил на Светското првенство во Катар. Родриго беше еден од двајцата играчи кои промашија, заедно со Маркињос, а Бразил загуби со 2:4 на пенали. Модриќ знае како се чувствува неговиот 21-годишен соиграч од Реал Мадрид. Хрватскиот маестро од средниот ред беше само една година постар кога промаши пенал во поразот на Хрватска од Турција во четвртфиналето на ЕП 2008 година. „Сигурен сум дека ќе стекне повеќе…

Read More

Францускиот голман Уго Лорис ги сподели своите очекувања од четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија. Средбата ќе се одржи утре, 10 декември со почеток во 20:00 часот. „Некои од нас играат и тренираат со англиски играчи секој ден. Ако можеме да им помогнеме на соиграчите со знаењето стекнато во клубовите, тоа ќе го направиме. Добри се во дуел игра, високи се, имаат играчи кои можат да изведуваат добри слободни удари. Мораме да бидеме многу внимателни, но нашиот напад има се што ни е потребно за да им направиме проблем во нивната одбрана. Ако ги споредиме двете селекции, има повеќе…

Read More

Барселона е во потрага по замена за крилниот напаѓач Феран Торес , кој наскоро може да го напушти клубот. Според одредени извори, каталонскиот клуб размислува како замена да го донесе бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели, која настапува за лондонскиот Арсенал. Во исто време Милан исто така е заинтересиран за Мартинели. Бразилскиот фудбалер се уште не го обновил договорот со Арсенал, кој истекува во летото 2024 година. Доколку Мартинели дојде во Барселона, тоа би можело да му ја отвори вратата на Феран Торес да премине во Јувентус, кој ја следи ситуацијата со Шпанецот. Претходно се појави информација дека скаутите на Барселона го…

Read More

Реал Мадрид нема намера да го ангажира напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Според „Марка“, португалскиот интернационалец на кралскиот клуб му бил понуден од Жорге Мендеш, но од „Сантијаго Бернабеу“ не покажале интерес. Иднината на Леао во Милан е неизвесна бидејќи договорот му истекува во 2024 година, а во оваа фаза нема гаранции дека ќе биде обновен. Со оглед на фактот дека има доста клубови кои сигурно можат да му понудат поголема плата на Португалецот, на Милан нема да му биде лесно да го задржи Леао. Реал Мадрид не е меѓу кандидатите за Рафа Леао, бидејќи на левото крило во нападот…

Read More

Англискиот играч од средниот ред и Борусија Дортмунд Џад Белингем би можел да го смени клубот уште во зимскиот преоден рок, пишува Дејли Меил. 19-годишниот фудбалер ќе ги извести челниците на германскиот тим за желбата да го напушти клубот по Светското првенство и покрај тоа што неговиот договор со Борусија е со важност до 2025 година. Во исто време, Дортмунд нема да ја намали цената на Белингем и за него ќе бара 150 милиони евра.Претходно беше објавено дека за Англичанецот се борат Реал, Челзи, ПСЖ и Манчестер Сити. Белингем оваа сезона одигра 22 натпревари за Борусија Дортмунд, постигнувајќи девет гола…

Read More

Натпреварот кој се игра денес од 16 часот на стадионот „Едукејшн Сити“ во Ал Рајан ја отвора четвртфиналната фаза на Светското првенство. Преставникот на Европа, Хрватска во досегашниот дел играше одлично и дојде како втора во групата со Мароко, Белгија и Канада, а во осминафиналето ја елиминира Јапонија на пенали. Бразил ја доби својата група во друштво на Камерун, Швајцарија и Србија, а потоа во првото коло од директните елиминации ја победија Јужна Кореја со 4:1. Логично, Бразилците важат за фаворити на овој меч, бидејќи имаат најголеми шанси воопшто да ја освојат титулата. Најголемите ѕвезди на Бразил беа одморени во…

Read More

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, по неуспехот на тимот на Светското првенство побегна на Малдиви. „Црвените ѓаволи“ беа елиминирани по групната фаза на Мундијалот. Голманот и неговата свршеница Мишел Герциг заминале на рајското место веднаш по неговото враќање дома. Двајцата ќе поминат неколку дена во романтична атмосфера, пред Куртоа да се врати на своите обврски во Реал Мадрид. Првиот натпревар на Реал Мадрд по паузата поради светското првенство е на 30 декември. Среќниот пар сподели неколку фотографии од нивниот одмор. Тие навечер позираат прегрнати на плажа.

Read More

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе одлучи за својата иднина по Светското првенство во 2022 година во Катар, тврди новинарот Фабрицио Романо. Јасно е дека 37-годишниот напаѓач нема да потпише договор со нов клуб пред крајот на Светското првенство. Претходно беше објавено дека Роналдо потпишал договор на 2,5 години со клубот Ал-Наср од Саудиска Арабија. Платата на играчот треба да биде околу 200 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и приходите од реклами. Така, за време на престојот во саудискиот клуб, Роналдо би заработил околу 500 милиони евра. Понудата на Ал-Наср останува валидна, но Роналдо чека опции од европските клубови. Тој…

Read More

Шпанската фудбалска федерација го објави назначувањето на Луис де ла Фуенте за селектор на шпанската репрезентација. Претходно, Де ла Фуенте работеше со јуниорската и младинската селекција на Шпанија. Специјалистот ќе ги започне обврските во А селекцијата по Светското првенство во Катар. На оваа функција, Луис де ла Фуенте го замени претходниот селектор Луис Енрике, кој доби отказ по елиминацијата на репрезентацијата во 1/8 финалето на Светското првенство во Катар 2022 година. Под водство на де ла Фуенте, шпанскиот тим освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Новиот селектор ќе дебитира на клупата на А репрезентацијата на…

Read More