Навивачите на фудбалската репрезентација на Аргентина денес организираа втор протест пред хотелот во Доха каде се сместени членовите на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) за да им помогнат да најдат билети за финалето на СП кое го играат против Франција. Претходниот ден атмосферата меѓу навивачите и официјалните лица беше тензична, а дел од навивачите држеа натписи „АФА, дајте ни билети“, па членовите на федерацијата се договорија денес да се сретнат со навивачите. Стадионот „Лусаил Иконик“, ќе биде местото каде се игра финалето, собира нешто помалку од 89.000 гледачи, но се дознава дека во Катар има повеќе од 30.000 Аргентинци кои сакаат да присуствуваат…
Author: riste
Семејството на францускиот интернационалец Маркус Турам може да успеа да постигне уникатен рекорд. Францускиот напаѓач стигна до последниот натпревар на Светското првенство во Катар – исто како и неговиот татко Лилијан, кој играше во финалето на Светското првенство во 1998 и 2006 година. Така таткото и синот Турам го запишаа историското достигнување да стигнат до финалниот натпревар на Светското првенство. Маркус Турам ќе се надева дека Франција ќе го добие финалето со Аргентина и ќе може да го следи спектакуларниот успех на неговиот татко Лилијан, кој стана светски шампион со победата на Франција над Бразил од 3:0. Никогаш досега во…
Финалето на Светското првенство во 2022 година помеѓу Аргентина и Франција треба да се игра во недела, но веќе пет клуба можат да бидат сигурни дека ќе имаат барем еден играч со титулата – Шампион на Светското првенство во Катар. Атлетико Мадрид е тимот кој може да се пофали со најмногу финалисти – четири. Тројца од нив се Аргентинецот – Науел Молина, Родриго де Пол и Анхел Кореа, додека Антоан Гризман е во репрезентацијата на Франција. Следен е Јувентус, чии претставници (вкупно тројца) се дел од финалето, дел од Аргентина се Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, како и Адриен…
Француските органи на прогонот го идентификуваа возачот кој уби тинејџер за време на нередите предизвикани од навивачите, пренесуваат медиумите во Франција. Се забележува дека мажот, чиј идентитет е веќе утврден, се уште не е пронајден и уапсен. Да потсетиме, други навивачи се приближиле до автомобилот во кој беа француските навивачи и почнале да го кинат знамето на Франција кое било истакнато низ прозорецот на автомобилот. Возачот наеднаш ја зголемил брзината за да излезе од толпата и удрил во 14-годишното момче. Тинејџерот починал во болница од здобиените повреди.
Реал Мадрид и официјално потврди за потпишувањето за договорот со Ендрик и со тоа ја победи конкуренцијата во трката за потпис со бразилскиот талент Ендрик. Документацијата е потпишана и договорот е комплетиран во изминатите 24 часа. 16-годишникот ќе пристигне меѓу „кралевите“ во летото 2024 година. Првичниот договор ќе го задржи во Мадрид до 2027 година. Ќе има и клаузула за дополнителни три години. Реал Мадрид за него ќе плати максимум 60 милиони евра. Ендрик е уште еден во низата бразилски таленти. Локалните медиуми во Бразил го споредуваат со Роналдо и Ромарио, што носи голем притисок и очекувања од неговата кариера.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното Светско првенство кое што ќе се одржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година. Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена“. Во списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари, од кои само тројца се интарнационалци. Останатите 20 доаѓаат од домашниот шампионат. Сениорите настапот на СП го започнуваат на 13.01.2023 против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот.
Франција ја продолжува одбраната на светската шампионска титула со дуелот против најголемото пријатно изненадување на СП 2022, Мароко. Франција е е на чекор од играње финале на Светско првенство вторпат по ред, а големата цел е да станат само третата селекција по Италија и Бразил што ја одбраниле титулата. Откако Мароко испиша историја како прва африканска селекција што стигнала до полуфинале на Светско првенство, Мароканците сега ќе се обидат, со помош на своите бурни навивачи, да стигнат до големото финале. Франција се пласираше во полуфиналето по победата над Англија со 2:1. Во текот на ова првенство покажаа исклучителна ефикасност потврдувајќи…
Поранешниот бразилски селектор Тите наскоро може да се врати на тренерската работа. 61-годишниот фудбалски стрчњак ја напушти функцијата во бразилската репрезентација веднаш откако Бразил загуби од Хрватска во четврт-финалето на Светското првенство 2022 година (1:1 и 2:4 на пенали). Според одредени извори во Бразил, Тите веќе добил пет понуди за работа, од кои три од репрезентации, а уште две од клубови од Европа. Во исто време се известува дека поранешниот кормилар на јужноамериканците има намера да се одмори, па нема да брза што побрзо да се врати на тренерската работа. Тите ја предводеше бразилската репрезентација од летото 2016 година. Претходно…
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси изјави дека финалниот натпревар на Светското првенство во Катар за него ќе биде финален во однос на настапите на светските првенства. „Многу сум среќен што успеав да го постигнам ова. Моите настапи на светските првенства ќе ги завршам со одигрување на мојот последен меч во финалето“, рече Меси, за „Оле“. Да потсетиме дека ривал на репрезентацијата на Аргентина во финалето на Светското првенство 2022 година во Катар ќе биде победникот од натпреварот Мароко – Франција што ќе се одржи денеска, 14 декември (20:00 часот). Меси, доколку учествува во финалето, ќе излезе на првото место меѓу сите…
Лионел Меси игра брилијантно на Светското првенство во 2022 година и во голема мера е заслужен што Аргентина веќе е во финалето. Генијалната „десетка“ беше одличен и при синоќешната победа од 3:0 над Хрватска во полуфиналето. Меси го отвори резултатот од пенал, а потоа му асистираше на Хулијан Алварез за третиот гол. Покрај тоа што сам го зазеде првото место меѓу Аргентинците со најмногу голови во светските финалиња (11), Меси има и рекордни 8 асистенции во историјата на Мундијалите. Само уште еден играч – Диего Марадона – има направено толку многу завршни додавања. Сето ова значи дека Меси е на…
