Author: riste

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ би можел да го напушти тимот на крајот на сезоната, според одредени информации кои ги објавија медиумите во Италија. Двете страни се согласни за таков потег. Главните причини се две: финансиските проблеми на клубот и честите повреди на српскиот интернационалец, кои го спречуваат да го открие целиот свој потенцијал. Влаховиќ е посакуван од лондонските екипи Челзи и Арсенал. „Топчиите“ се надеваа дека ќе го купат во јануари оваа година, но тогаш самиот фудбалер инсистираше да потпише со Јувентус и покрај непријателството меѓу „бјанконерите“ и неговиот поранешен клуб Фиорентина. Јувентус во Србинот вложи 81,6 милиони евра…

Read More

Играчот од средниот ред на хрватската репрезентација Матео Ковачиќ го коментираше поразот во 1/2 финалето на СП 2022 со Аргентина (0:3). „Тешко ми е да коментирам за ова. Не знам што да кажам. Направивме се што можевме. Да бевме најдобриот тим ќе се пласиравме во финалето. Но сега ќе се бориме за третото место. Два моменти ми беа апсолутно неразбирливи – прво судиската одлука да не досуди корнер, а потоа пенал пред нашиот гол. Никогаш не сум ја коментирал работата на судиите, но тоа се кардинални грешки кои не чинат многу. Знаевме дека Аргентинците ќе бидат агресивни, дека се добри…

Read More

Англискиот премиерлигаш Тотенхем доби тежок удар во пресрет на продолжението од сезоната во Премиер лигата, бидејќи поради повреда на лигаментите на коленото во следниот период ќе остане без услугите на својот напаѓач Ричарлисон. Според „Дејли Мејл“, лондончани без напаѓачот ќе бидат најмалку еден месец. Ричарлисон се повреди во четвртфиналето на Светското првенство во кое играат неговиот Бразил и Хрватска. Повредата ја почувствува веќе на загревањето, но на теренот остана 84 минути. Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека со нетрпение ја очекува формата на Ричарлисон по Мундијалот, но дека е прилично разочаран по најновите вести за неговата здравствена состојба. Доколку…

Read More

Екипата на Баерн (Минхен) има најмногу играчи меѓу полуфиналистите на Светското првенство во Катар, а веднаш зад нив се шпанските Атлетико Мадрид и Севиља, покажуваат податоците. „Баварците“ имаат дури 6 претставници од Франција, Хрватска, Мароко и Аргентина кои се пласираа во оваа фаза. Со исклучок на Аргентина, гигантот од Минхен во полуфиналето има играчи од сите други земји – дури 4 во Франција (Павар, Упамекано, Коман и повредениот Лука Ернандез), Станишиќ во Хрватска и Мазрауи од Мароко. Шпанските Атлетико Мадрид и Севиља се зад Баерн со 5 играчи меѓу полуфиналистите на Светското првенство. За Атлетико Мадрид играат Аргентинците Молина, Де…

Read More

Францускиот селектор Дидие Дешамп одлучи да остане на функцијата до крајот на Европското првенство во 2024 година. Француските медиуми најавуваа дека Дешамп ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во Катар, а на негово место ќе дојде Зинедин Зидан, кој одби неколку понуди, бидејќи чекаше да ја преземе селекцијата на Франција. Сепак, челниците на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го оставиле Дешамп сам да одлучи. Тој призна дека договорот меѓу него и првиот човек на федерацијата бил да се исполни целта за пласман во полуфиналето и Светското првенство, а потоа да се зборува за неговата иднина. Франција синоќа во четвртфиналето на Мундијалот ја совлада…

Read More

Еден од хероите на Хрватска, Бруно Петковиќ, зборува за претстојното полуфинале на Светското првенство против Аргентина. Напаѓачот израмни во продолженијата против Бразил, а избраниците на Златко Далиќ потоа победија на пенали. „Немаме план да го запреме Меси поединечно. Аргентина има многу квалитетни играчи. Игравме против тимови кои имаат големи личности, но не се концентрираме само на еден играч“, изјави Петковиќ. Тој го коментираше и изненадувачкиот пласман на Мароко во полуфиналето. Хрватите играа против Африканците на стартот на Мундијалот, а натпреварот заврши 0:0. „Имаше потценување на нашето нерешно 0:0 со нив на стартот на Мундијалот, но тие покажаа за каков квалитетен…

Read More

Голманот на Баерн Минехен и репрезентацијата на Германија Мануел Нојер ја скршил ногата додека бил на одмор и поради тоа нема да може да настапува а својот тим до крајот на тековната сезона. Ова е голем удар за Баерн Минхен, кој ќе остане без првата опција на голманската позиција. 36-годишниот голман имал инцидент за време на скијање, па ќе биде приморан на долга пауза. „Што да кажам, крајот на годината дефинитивно можеше да помине подобро за мене. Додека бев на одмор, ја скршив потколеницата. Вчерашната операција помина многу добро. Голема благодарност до лекарскиот тим! Боли бидејќи знам дека актуелната сезона е…

Read More

Македонскиот освојувач на сребрен медал на ЛОИ во Токио, Дејан Георгиевски запиша нов голем успех на кој Македонија се гордее. На Гранд при финалето во Саудиска Арабија, нашиот претставник го освои третото место. Бронзениот медал е уште еден показател за одличната форма во која што се наоѓа македонскиот таеквондист. Геоегиевски запиша три победи и тоа над Мартинез од Шпанија, над Икарио од Бразил и над Душебаев од Казакстан. Со тоа дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за исполнување на олимписката норма. Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска го освои златниот медал, а второто место му припадна на…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез одигра голема улога во успехот на неговата репрезентација над Холандија во четвртфиналето на Светското првенство. Тој влезе како замена, но го постигна пеналот за победа. Тој откри дека бил целосно опуштен пред настапот и изјави дека неговиот тим продолжува по патот по кој тргна до финалето. „Вистината е дека изведов важен пенал на Копа Америка, па бев мирен. Верував во себе, верував во мојата работа, која ја правам за да се подобрувам секој ден. Се трудам да донесам радост на моето семејство и на сите луѓето кои се со нас. Кога одев кон шеснаесетникот мислев на…

Read More

Аргентина стана вториот полуфиналист на Светското првенство во Катар, откако во четвртфиналната пресметка на двете селекции ја совлада Холандија на пенали. Сепак, натпреварот беше доста нервозен и многу играчи од двата тима добија картони. Двајца од казнетите од судијата Антонио Матеу Лаос беа Маркос Акуња и Гонзало Монтиел. Ова е непријатна вест за играчите, но и за селекторот Лионел Скалони, кој нема да може да смета на нив во 1/2-финалето против Хрватска. За двајцата играчи тоа беше втор жолт картон од стартот на турнирот, а значи и автоматска казна за следниот натпревар. Дури по 1/2-финалето се „чистат“ картоните на играчите…

Read More