Селекцијата на Португалија ја совлада Швајцарија во последниот натпревар од осминафиналето на СП во Катар со резултат 6:1 и со тоа закажа четвртфинален дуел со Мароко. Гонсало Рамос беше херој на селекцијата на Португалија со 3 постигнати гола на оваа среба, а првата ѕвезда Кристијано Роналдо доби шанса за настап во последните 20 минути од натпреварот. Претходно репрезентацијата на Мароко по подобро изведување на пенали (3:0) ја елиминираше Шпанија и се пласираше во четвртфинале. Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, а во пенал серијата мароко беше супериорен и ја елиминираше Шпанија која во групната фаза бираше…
Author: riste
Фокусот на Англија не треба да биде само на Килијан Мбапе во нивното претстојно четвртфинале на Светското првенство против Франција, предупреди англискиот дефанзивец Лук Шоу. Левиот бек на Англија предупреди дека целата репрезентација на Франција има класа и не би било во ред Англија да се фокусира само на неутрализирање на Мбапе, кој веќе има пет гола на СП во Катар. „Очигледно по неговиот настап против Полска и двата гола, ќе се зборува уште повеќе за него. Но, веќе знаевме дека е играч од светска класа. Мислам дека би било многу наивно од нас да се фокусираме само на него.…
Капитенот на Холандија Вирџил ван Дајк ја потенцираше заканата што Лионел Меси ја претставува за неговата репрезентацијата пред четвртфиналниот дуел во петок на Светското првенство во Катар. Во последната средба меѓу двајцата на клупско ниво, Ван Дајк беше победник. Холандскиот дефанзивец тогаш го нарече Меси најдобриот играч против кој играл кога тој и неговите соиграчи од Ливерпул надминаа негатива од три гола против Барселона и го исфрлија шпанскиот гигант од полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година. Сега дефанзивецот уште еднаш упати убави зборови до славниот аргентински фудбалер. „Чест е да се игра против него“, рече Ван Дајк за…
Талентираниот крилен напаѓач на Арсенал, Букајо Сака, изјави дека е доволно самоуверен и доколку биде избран да изведе пенал за Англија, со задоволство ќе го стори тоа бидејќи одамна го надмина разочарувањето од промашувањето пенал во финалето на ЕП 2020 против Италија. 21- годишниот Сака веќе има три гола за Англија на Светското првенство во Катар. „Овој тим веќе има големо искуство на турнирите. На последните првенства на кои учествувавме стигнавме до полуфинале, финале и 1/4-финале. Значи, кога ќе дојдат големите натпревари, имаме многу играчи кои знаат што е потребно. Јас сум многу позрел како личност и како играч во…
Фудбалската репрезентација на Хрватска патува во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, со победа по изведување на пенали (1-1 регуларен дел и продолженија, 3-1 пенали) над селекцијата над Јапонија. Ова беа први продолженија и пенали на турнирот, а ги одбележа голманот Доминик Ливаковиќ кој фати три пенали. Јапонија прва дојде до водство во финишот од првото полувреме со голот на Маеда во 43.минута, а Хрватска израмни преку Перишиќ во 55.минута. Со овој резултат заврши регуларниот дел од натпреварот, но и подроженијата. Пенал серијата помина во знакот на Хрватска која благодарение на лошото изведување на пеналите и одличните одбрани на…
Кристијано Роналдо уште поамбициозно го дочекува 1/8-финалето на Мундијалот, бидејќи мора да избрише непријатно достигнување за него. Статистиката покажува дека португалскиот интернационалец се уште нема ниту еден гол во натпреварите во директна елиминација на светските првенства. Напаѓачот упати дури 25 удари во ваквите средби, но ниту еден не заврши во мрежата. Од Светското првенство во 1966 година, откако се следи оваа статистика, само поранешниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос шутирал повеќе кон противничкиот гол – 29 пати. Сега швајцарскиот тим игра против Португалија, а овој тим прими три гола во првите три натпревари. Осминафиналето е во вторник навечер. Кристијано веќе има…
Познати се првите две репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето на СП во Катар, откако денес беа одиграни првите два натпревари од осминафиналната фаза на СП во Катар. Најнапред селекцијата на Холандија ја победи репрезентацијата на САД со 3.1, а најзаслужен за нивната победа беше Дамфрис кој имаше две асистенции во првиот дел, а во второто полувреме постигне гол за потврда на победата на Холандија. Во вториот денешен натпревар Аргентина и Австралија одигра со резултат 2:1. Со тоа репрезентацијата на Аргентина си обезеди пасман во четвртфинале каде што за противник ќе ја имаат Холандија, а мечот ќе го играат на…
Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик се пошегува со тоа како би можеле да го сопрат Килијан Мбапе. Милик вели дека на тимот ќе му требаат скутери за да ја запре француската ѕвезда Килијан Мбапе на утрешниот дуел од осминафиналето на Светското првенство меѓу двете селекции во Катар. „Како да се браниме од Мбапе? Мислам дека ќе ни требаат скутери за да го направиме тоа бидејќи тој е толку брз. Би било тешко без скутери. Тешко е да се игра против еден од најдобрите во светот. Мораме да играме тимски и добро да соработуваме во тимот, бидејќи не постои ниту еден човек…
По одигрувањето на последните два натпревари од групната фаза на СП во Катар познати се и последните два учесника во осминафиналето од ова СП. Бразил и покрај поразот од Камерун со 1:0 сепак како прв во групата оди во осмина финале и ќе игра против Јужна Кореја, додека Швајцарија која во директната пресметка беше подобра од Србија со 3:2 ќе оди на мегдан на Португалија. Утре се играат првите два натпревари од осминафионалето, во 16 часот ќе играат Холандија и САД, додека во вечерниот термин се игра мечот меѓу Аргентина и Австралија.
Напаѓачот на Гана, Андре Ају ја пропушти шансата да и донесе водство на Гана во клучната пресметка против Уругвај. Репрезентативецот на Ал Сад лошо го изведе пеналот и гоманот на Уругвај немаше проблем да одбрани, давајќи им шанса на репрезентативците на Уругвај и тие брзо дојдоа во удобно водство од два гола против африканската екипа. Ова беше петти промашен пенал на Светското првенство во Катар од 12 кои беа изведени. Бројката покажува дека 42% од сите удари од белата точка во Катар досега се промашени. Освен Ају, останатите промашувања за своите тимови ги имаа Роберт Левандовски, Алфонсо Дејвис, Салем Ал-Досари…
