Author: riste

Натпреварот меѓу Холандија и Еквадор (1:1) од групата „А“ на светското фудбалско првенство го следеле повеќе од 76 % од луѓето во земјата кои поседуваат телевизија. Ова го објави профилот на одделот за медиуми на ФИФА на Твитер. Мечот на „лалињата“ со Еквадор беше број 1 по ТВ гледаност во 2022 година во земјава. Натпреварот беше гледан повеќе од кој било друг натпревар на Холандија за време на последното Светско првенство во Русија 2018 година. Над 76,6% од луѓето во Холандија кои поседуваат телевизор го гледале мечот со Еквадор. Не би било изненадување да се видат подобри ТВ рекорди доколку…

Read More

Поранешниот англиски фудбалер и селектор Глен Ходл смета дека аргентинскиот напаѓач Лионел Меси секогаш ќе биде во сенка на легендарниот Диего Марадона доколку не успее да го освои Светското првенство. „За мене, Марадона е најдобриот играч што светот некогаш го имал, подобар од Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Јохан Кројф, кој било. Мислам дека беше чист гениј. Светското првенство во Катар е последната шанса на Меси да го надмине или да се искачи на нивото на Марадона, инаку тој секогаш ќе биде во негова сенка“, изјави Ходл за „Дејли Стар“. 35-годишниот Меси учествува на петтото светско првенство во кариерата. Марадона имаше…

Read More

Средбата од 2. коло од групната фаза на Светското првенство меѓу Англија и САД на американскиот телевизиски канал „FOX“ ја следеле 15.377.000 луѓе. Тоа е најгледаниот фудбалски натпревар во историјата на американската телевизија. Ова го објави „FOX Sports“ на Твитер. Претходниот рекорд го држеше финалниот натпревар на Светското првенство во 1994 година помеѓу Италија и Бразил (14.510.000 луѓе), кој се одржа во Америка. Тимот на САД учествува на Светското првенство 11 пати во историјата. Највисокото достигнување на тимот е четврт-финалето, до кое стигнаа на турнирот во 2002 година. На два меча во Катар, САД одиграа две нерешени со Велс и…

Read More

Нејмар дефинитивно е надвор од составот на Бразил за следниот натпревар од групната фаза на Мундијалот против Швајцарија, објави медицинскиот тим на Бразил. Напаѓачот замина со отечен скочен зглоб на претходниот натпревар против Србија во четвртокот (2:0). Тој денеска беше подложен на медицински тестови кои ги потврдија стравувањата дека се работи за истегнување на тетивата на десната нога. Се најавува дека тој ќе биде задржан и нема да игра на третиот меч, кој е против Камерун, за да може целосно да се опорави за евентуалното осминафинале на тимот, кое ќе биде на 5 или 6 декември. Сепак, сличен проблем со…

Read More

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша и втората победа на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. 18-годишникот Ивановски го совлада домашниот натпреварувач Хавиер Молино со 2:0 во сетови (6-4, 6-2). Мечот кој се играше во Мадрид започна изедначено, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, но Ивановски успеа да направи брејк и потоа дојде до 6:4 за водство од 1:0. Во вториот сет, македонскиот тенисер бргу дојде до предност по одземен сервис, за потоа со 6:2 само да ја потврди победата. Македонскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против уште еден домашен натпреварувач, Жорда Санчис, а дуелот е закаажан в петок наутро од…

Read More

Репрезентацијата на Костарика направи еден непријатен статистички рекорд на средбата од 1. коло од групната фаза на Светското првенство ФИФА 2022 со Шпанија (0:7). Да потсетиме, на стартот на СП, Костариканците доживеаја голем пораз од Шпанија со резултат 0:7. Во текот на целата средба, фудбалерите на Фернандо Суарез не успеаја да упатат ниту еден удар кон голот. Ова е само втор ваков случај од 1966 година (од почетокот на ваквата статистика). Информациите ги дава Opta Sports во својот интернет портал. Претходно мундијалскиот натпревар без удари кон голот се одржа и со учество на репрезентацијата на Костарика. Во 1990 година овој…

Read More

Белгиската ѕвезда Кевин Де Бруин беше прогласен за играч на натпреварот во победата од 1:0 над Канада на Светското првенство во средата. Сепак, играчот од средниот ред на Манчестер Сити изрази збунетост од наградата, бидејќи рече дека одиграл лош натпревар. Белгијците наидоа на сериозен отпор кај канадските фудбалери и беа надиграни во многу моменти од натпреварот. Голманот Тибо Куртоа го одбрани пеналот на Алфонсо Дејвис, а Миши Батшуај го постигна победничкиот гол за „црвените ѓаволи“. „Мислам дека не одиграв силен натпревар, не знам зошто ја добив наградата за играч на натпреварот – можеби поради моето име. Едноставно не одигравме добро,…

Read More

Селекторот на канадската фудбалска репрезентација Џон Хердман го коментираше натпреварот на Светското првенство во Катар 2022 година со репрезентацијата на Белгија (0:1). „Ја направивме земјата горда. Моите играчи денеска покажаа зошто сме тука. И нашите навивачи беа неверојатни. Видовме дека сме фудбалска нација. Целта беше да се игра без страв и прво да се постигне гол. Не успеавме, но навистина сум горд на моите играчи. Мора да продолжиме да се држиме заедно и да веруваме во успех. Се надевавме дека пеналот ќе ни помогне да напредуваме. Горд сум на тоа како Алфонсо Дејвис ја презеде одговорноста во време кога цела…

Read More

ФИФА нема да изрече дисциплински санкции против германската репрезентација поради протестот пред натпреварот со Јапонија на Светското првенство во Катар, пишува на своите социјални мрежи новинарот на Скај, Роб Харис. Да потсетиме, пред натпреварот, сите репрезентативци на Германија на тимската фотографија ја покрија устата со рака. Тимската фотографија беше придружена со сличен гест од сите играчи во стартниот тим на Германија, вклучувајќи го и капитенот на тимот Мануел Нојер. Ваквиот гест беше поттикнат од забраната за носење на лентата со виножито на натпреварите на СП во Катар. Претходно, властите на земјата на Блискиот Исток беа постојано критикувани од навивачите и…

Read More

Грчкиот шампион Олимпијакос има намера да го раскине договорот со бразилскиот дефанзивец Марсело поради проблеми со опоравувањето и серијата неуспешни настапи во првата полусезона. Легендата на Реал Мадрид дојде во тимот дури во септември минатата година и беше пречекан со најтопло добредојде на стадионот „Георгиос Караискакис“. Сепак, дефанзивецот не успеа да ја оправда огромната трансфер возбуда од неговата брилијантна 15-годишна кариера во Реал Мадрид, каде што освои 25 големи трофеи, вклучително и пет трофеи во Лигата на шампионите. Раководството на клубот е незадоволно што поранешниот бразилски фудбалер не може да игра повеќе од 30 минути по натпревар. Исто така, се…

Read More