Author: riste

Играчот од средниот ред на Лацио и српска репрезентација, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се договорил со Јувентус, а според договорот ќе заработува 6 милиони евра + бонуси по сезона. Ова го објави новинарот Алфредо Педула на Твитер. Според изворот, 27-годишниот Милинковиќ-Савиќ одбил да го продолжи договорот со сегашниот тим. Тој сакаше износот на обештетувањето во неговиот договор да не биде поголем од 40-50 милиони евра, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито сака 70 милиони евра за продажба на српскиот играч за врска. Милинковиќ-Савиќ постигна пет гола и даде седум асистенции на 20 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот меѓу двете страни…

Read More

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, Верува дека неговата репрезентација ќе се претстави одлично на Светското првенство 2022 година. Гаучосите, кои се меѓу главните претенденти за трофејот, својот настап го започнуваат денес со мечот против Саудиска Арабија од 11:00 часот. „Обично големите фаворити не стануваат шампиони. Има 10 добри тимови кои се способни да одат до титулата. Повеќето од нив се европски. Тие можат многу да постигнат на овој шампионат“, изјави Скалони. „Ќе дадеме се од себе за да приредиме силен настап и да ги израдуваме нашите навивачи. Сепак, мора да запомниме дека фудбалот е само игра и животот ќе продолжи,…

Read More

Фудбалската репрезентација на Еквадор со победа од 2:0 го отвори 22-то Светско првенство, откако славеше над домашната селекција на Катар. Со оваа победа Еквадор сруши традиција долга цели 92 години, и еден домаќин за првпат е поразен на отворањето на СП. Предводник на Еквадор на оваа средба беше Енер Валенсија кој успе ад апостигне два гола за победа на неговата селекција остварена со два гола во 16 и 31 минута од натпреварот. Еквадор доминираше во текот на целиот натпревар и не им дозволи на домашните фудбалери воопшто да се понадеваат на позитивен резултат на оваа средба. Во вториот натпревар од…

Read More

Црногорскиот боксер Стефан Савковиќ е годинешниот освојувач на „Златниот Гонг“. Традиционалната боксерска ревија по 51. пат овој викенд се одржа во Скопје со рекордно учество на над 60 боксери од 11 држави. Во двата дена натпреварување гледачите во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ имаа можност да видат одлични борби и жестока конкуренција. Златни медали за Македонија обезбедија Дион Лена (60 кг) и Халим Насуфи (71 кг). Второ место за Оран Шакировски (57 кг) и за Илхан Озмен (63.5 кг).

Read More

Македонија утре ќе биде домаќин на Азербејџан во вториот ноемвриски тест. Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференцијата порача дека добар резултат ќе значи повисока самодоверба меѓу репрезентативците, во пресрет на евро-квалификациите кои започнуваат во март. „За жал Миовски нема да биде во составот. Исто така го ослободив и Алиоски поради приватни причини. Се надевам дека сè ќе биде во ред со сите по денешниот тренинг. Јас мислам секогаш дека ќе победиме. Правиме сè за секој меч да го добиеме. Нема ништо да биде поразлично за утре. Очекувам да го реализираме тоа што го правиме на теренот. Тие прилики и шанси…

Read More

Голманот на Арсенал и Англија, Арон Рамсдејл, вели дека неговиот соиграч Букајо Сака е подготвен да изведува пенали доколку тоа биде потребно на Светското првенство во Катар. Сака е првиот избор на изведувачите на пенали во Арсенал, но во репрезентацијата таа привилегија ја има капитенот Хари Кејн. Сепак, напаѓачот на „топџиите“ стана жртвено јагне и беше расистички нападнат по финалето на ЕП 2020 кога го промаши одлучувачкиот петти пенал против Италија. Англија загуби со 3:4 на пенали и ја пропушти првата европска титула, а Сака, заедно со Џејден Санчо и Маркус Рашфорд, кои исто така промашија од белата точка, се…

Read More

Ливерпул стана фаворит број еден за потпишување на младата ѕвезда на Борусија (Дортмунд), Џад Белингем и планира да достави понуда за англискиот репрезентативец веќе во 2023 година, пренесува „Football Insider“. Извршниот директор на германскиот клуб Ханс-Јоаким Вацке претходно изјави дека шансите на Борусија да го задржи 19-годишниот Белингем во својот тим следното лето се многу мали, но се чини дека Англичанецот би можел уште побрзо да го напушти Дортмунд. Според информациите, Ливерпул работи на идниот договор од почетокот на оваа година, а вредноста на понудата се очекува да надмине 100 милиони евра. Џад Белингем го привлече вниманието на многу од…

Read More

Која фудбалска лига дава најмногу фудбалери на СП во Катар кое започнува утре? Ова е прашање на кое добивме одговор по прегледот кој беше направен за тоа кој во кое првенство настапува од играчите кои ќе бидат дел од СП во Катар. Убедливо најмногу играчи кои ќе играат на СП за своите репрезентации доаѓаат од Англија, односно од Премиер лигата – 164 фудбалери. Потоа следуваат Шпанија – Ла Лига со 87, Германија – Бундеслига – 81, Италија – Серија А – 68,Франција – Лига 1 – 57, Белгија – 24, Холандија – 19, Португалија – 19, Турција – 19 итн.…

Read More

Интернет порталот Трансфермаркт ги прогласи десетте најскапи репрезентации по вкупна вредност на Светското фудбалско првенство во фудбал во 2022 година кое ќе почне утре во Катар. Во првата тројка се најдоа репрезентациите на Англија, Бразил и Франција. Вреди да се напомене дека вредноста на составот на само овие три тима надминаа 1 милијарда евра. Целосната топ десет изгледа вака: 1. Англија (1,26 милијарди евра).2. Бразил (1,14 милијарди евра).3. Франција (1,03 милијарди евра).4. Португалија (937 милиони евра).5. Германија (886 милиони евра).6. Шпанија (872 милиони евра).7. Аргентина (645 милиони евра).8. Холандија (587 милиони евра).9. Белгија (563 милиони евра).10.Уругвај (450 милиони евра). Светското…

Read More

Голманот на Баерн и Германија, Мануел Нојер, откри дека ќе ја носи капитенската лента со виножитото како поддршка на ЛГБТ заедницата за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во Катар со репрезентацијата на Јапонија. „Да, ќе носам лента со виножито на раката. Овој турнир е одличен експеримент за сите. Не се плашиме од последиците. Имаме поддршка од Германскиот фудбалски сојуз. Ние нема да бидеме единствениот тим што користи капиетнска лента со виножито“, изјави голманот на Германија. Натпреварот од 1. коло од групната фаза на СП 2022 Германија – Јапонија ќе се одржи на 23 ноември на стадионот…

Read More