Author: riste

Кристијано Роналдо може да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во врвниот германски клуб Баерн Минхен. Напаѓачот и неговиот агент Жорге Мендеш разговарале со Баерн, објави „Дејли Мејл“. Ова се случило минатата недела – пред скандалозното интервју на Португалецот. Претставници на германскиот шампион ја посетиле Англија каде биле на преговори. Во информацијата се вели дека Баерн Минхен покажува интерес за Роналдо поради повредата на Садио Мане и неизвесноста околу иднината на Ерик-Максим Чупо-Мотинг.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е очигледно незадоволен во својот сегашен клуб, па затоа играчот не е сигурен за својата иднина во тимот. Според „L’Équipe“, една од причините за неговиот револт, покрај незадоволството од работата на управата на клубот на трансфер пазарот, е и доцнењето на исплатата на платите. Во информацијата се вели дека пред натпреварот на почетокот на октомври со Бенфика, францускиот напаѓач забележал дека платата за септември се уште не му е префрлена на сметката. Откако во печатот протекоа информации за незадоволството на Мбапе, играчот сè уште ги нема добиено парите. Неколку дена подоцна, на играчот му беше…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај не брза да ја искористи понудата на клубот кој е подготвен бесплатно да го пушти играчот во зимскиот преоден рок. 28-годишниот Холанѓанец сака да му се исплати остатокот од договорната плата (до летото 2023 година) и очекува понуда од клуб кој настапува во Лигата на шампионите. Во спротивно, Депај ќе остане во Барселона до крајот на договорот, пренесува „Sport.es“. Мемфис Депај се приклучи на Барселона со слободен трансфер во летото 2021 година. Оваа сезона напаѓачот на теренот има три натпревари и одигра 131 минута, постигнувајќи еден гол.

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети може да потпише нов договор со тимот. Ова го пренесува авторитетниот новинар Николо Шира на својот Твитер. Според изворот, раководството на наполитанците работи на продолжување на договорот со 63-годишниот тренерт. Раководството на Наполи може да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот до 2024 година, но имаат намера со Спалети да се договорат за продолжување на работниот однос до 2025 година. Оваа сезона Наполи е прв во Серија А со 41 бод.Самиот Спалети е на чело на овој клуб од мај 2021 година. Лучијано е познат по неговата работа со Рома, Удинезе, Анкона, Венеција, Сампдорија,Емполи…

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон може да ја продолжи кариерата во Франција. ПСЖ е заинтересиран за потписот на 30-годишниот фудбалер и е подготвен да издвои 80 милиони евра за неговиот трансфер. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е лично заинтересиран за овој трансфер и има намера да се сретне со Сон за време на Светското првенство во Катар, пренесува „Ел Насионал“. Според изворот, Сон нема да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува во 2025 година. Од Тотенхем се подготвени да заработат од неговата продажба доколку дојде добра понуда и ПСЖ се надева дека 80 милиони евра ќе бидат доволни. Сон…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кои ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.  Влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина,150 денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200 денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена. Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички…

Read More

Астон Вила и Фулам се заинтересирани за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси. Играчот од Брегот на Слоновата Коска му се приклучи на тимот како слободен играч во летото 2022 година, но од Барселона можеби се отворени за продажба на фудбалер поради финансиски проблеми, објави „Sport.es“. Според изворот, Астон Вила е подготвена да понуди 14 милиони евра за Кеси, а Фулам е подготвен да плати 22 милиони евра. 25-годишниот Кеси во летниот преоден рок стана играч на Барселона, потпишувајќи договор со тимот на слободен трансфер. Тој претходно настапуваше за Милан каде минатата сезона ја освои шампионската…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, чиј договор со шпанскиот тим истекува на крајот од сезоната, е во сферата на интерес на ПСЖ. Парижаните се подготвени да го ангажираат 32-годишниот Германец со слободен трансфер во летото 2023 година. Тоа го пренесува „Ел Национал“. Според изворот, ПСЖ му нуди на Крос 25 милиони евра и 100 милиони евра за потпишување бонус за тригодишен договор. Крос се пресели во Реал Мадрид од Баерн Минхен во летото 2014 година. На 18 натпревари оваа сезона има гол и четири асистенции. Заедно со Реал Мадрид, Тони Крос освои 18 трофеи од кои…

Read More

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке изјави дека клубот ќе донесе одлука за иднината на играчот од средниот ред Џад Белингем по Светското првенство во 2022 година. „Мислам дека откако ќе заврши Светското првенство во Катар, ќе разговараме со Белингем што тој навистина сака. Со него и неговите родители, со кои имаме многу блиски односи. И, се разбира, со неговиот претставник. И тогаш треба само да ни каже дали сака да остане или сака да замине. Во секој случај, ќе имаме многу пријатна и разумна дискусија меѓу себе. Но, не смееме да се правиме дека не се разговара за…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој неодамна ја освои Златната топка, зборуваше за оваа награда и за неговата здравствена состојба. „Не сакав да престанам да играм додека не ја освојам Златната топка. Секогаш верував во себе, знаев дека во одреден момент дека со моите квалитети и амбиции можам да победам. Затоа во последните четири години постојано се трудев да го дојдам до овој трофеј. Дали Роналдо ми честиташе? Не не сеуште. Мојата форма? Добро сум, имав мала болка, мала непријатност имаше насекаде. Со толку многу натпревари, тоа е нормално. Се грижев за себе, ќе бидам во форма и подготвен…

Read More