Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, потврди дека клубот сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Марко Верати. „Ми кажаа за желбата на клубот да потпише нов договор со Марко Верати. Да, тоа е вистина, и тоа е дел од нашите планови. Мислам дека Марко е навистина среќен овде во Париз“, изјави Галтие. Претходно беше објавено дека двете страни разговараат за договор до 2026 година, кој мора да биде потпишан пред продолжувањето на сезоната во францускиот шампионат во декември. Актуелниот договор на Верати со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Италијанскиот играч за врска се пресели во парискиот…
Author: riste
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за плановите на тимот за зимскиот преоден рок. „Секогаш сме отворени за трансфери, но не треба сега да почнеме да зборуваме за тоа. Ако има можност, ќе ја искористиме. Ако вратата е отворена, ќе бидеме и ние отворени. Не се работи за желба. Се разбира, секогаш сакаме да го направиме тимот подобар. Но, веруваме и во работата на тренинзите дека сепак можеме да бидеме подобри. Да видиме што ќе се случи потоа“, изјави Клоп по успехот од 3:1 над Саутемптон. Пред почетокот на сезоната Ливерпул купи само тројца нови играчи – Дарвин Нунес, Фабио…
Лацио нема да може да се потпре на својата голема ѕвезда Чиро Имобиле за дербито со Јувентус кое е на проограмата вечерва. 32-годишниот напаѓач неодамна се врати на теренот откако претходно имаше истегнување на тетивата. Затоа, клубот се надеваше дека тој ќе може да игра против „бјанконерите“. За жал, тој заработи уште една повреда на мускулот на тренинзите и затоа воопшто не отпатува за пресметката во Торино. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на Лацио, каде што беше објавено дека играчот има проблем со десниот бут и дека ќе биде одморен како мерка на претпазливост. Лошата вест ја потврди и…
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган , би можел да и се приклучи на Барселона во зимскиот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, тренерот на Барселона Чави е голем љубител на играта на друг фудбалер на „граѓаните“ – Бернардо Силва , но Барселона знае дека ќе биде речиси невозможно да го придобие Португалецот во зима, бидејќи тој е важен дел од тимот на Пеп Гвардиола. Затоа во таборот на каталонците размислуваат за алтернатива на Португалецот, а таква алтернатива е Гундоган на кого договорот му истекува во јуни 2023 година. Барселона високо го цени талентот на Германецот…
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во Гевгелија ќе го одигра вториот натпревар од овој ноемвриски прозорец од претквалификациите за Евробаскетот. Првиот предизвик, Норвешка го поминаа одлично, сега пред избраниците на селекторот Александар Јончевски следува вториот дуел со Данска. Данска е селекција која на отворањето на претквалификациите ја победивме на неверојатен начин, со тројка на Ненад Димитријевиќ од половина терен. Потоа Данците имаа порази од Норвешка и Словачка и се последни во групата, без триумф во групата Д и речиси без шанси за пласман во следната фаза. Сепак, тоа не значи дека нашите репррезентативци треба да се опуштат, бидејќи Данска со сигурност го памети поразот од Нествед…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг прави долгорочни планови за континуиран развој на тимот во следните преодни рокови и тоа ќе вклучува низа одлуки кои ќе предизвикаат дискусии, информира весникот „Гардијан“. Веќе е речиси сигурно дека, ако не во зима, тогаш наредното лето на „Олд Трафорд“ ќе се разделат со Кристијано Роналдо. Сепак, ова нема да биде единствениот значаен потег, пишува весникот. „Гардијан“ тврди дека Тен Хаг веќе одлучил да направи се за да се раздели со капитенот Хари Мегваер и Фред. Капитенот на „црвените ѓаволи“ го импресионираше менаџерот со својата работна етика, но сепак не е убеден дека…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски дополнително прати повик за двајца играчи за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11). Повик во најдобрата селекција добија Мартин Мирчевски (Бачка Топола) и Дориан Бабунски (Дебрецен). Двајцата во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим. Мирчевски игра во одлична форма во српската Суперлига во дресот на Бачка Топола, додека Бабунски доаѓа со постигнат гол во унгарскиот шампионат. Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски кој се повреди на последниот натпревар за Спартак Трнава и беше заменет.
Фудбалерот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс, би можел да му се приклучи на Арсенал со слободен трансфер на крајот од сезоната, тврдат утринава холандските медиуми. Истите одат подалеку и тврдат дека 25-годишниот Белгиец веќе се договорил со лондонскиот тим за условите на неговиот договор. Договорот на Тилеманс со Лестер Сити истекува во летото 2023 година и тој барем засега одбива да го продолжи. За играчот се заинтересирани и Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Реал Мадрид. Репрезентативецот на Белгија има 16 настапи оваа сезона, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција во сите натпреварувања. Порталот Трансфермаркт неговата вредност ја проценува…
Бразилскиот напаѓач Нејмар проговори за тајмингот на Светското првенство во Катар и за квалитетот кој го очекува на СП. „Треба добро да се подготвите за натпреварот, да бидете во стопроцентна форма и физички и психички. Подготовките за овој Мундијал се одвиваат подобро од вообичаено бидејќи наидува на средината на сезоната кога играчите се во најдобра физичка кондиција. Фудбалерите може да се уморат по сите турнири на крајот од сезоната, па мислам дека нивото на овој Мундијал ќе биде многу високо “, изјави Нејмар. Бразил е во Групата Г и ќе игра со Србија, Швајцарија и Камерун. Селекцијата на Бразил првиот…
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за иднината на португалскиот напаѓач Жоао Феликс . „Жоао е еден од најголемите потенцијали во нашиот напад, иако сега има само три постигнати гола. Тој има вештина за постигнување голови и да се надеваме дека ќе остане со нас и ќе може да се врати на нивото што го покажа толку пати. И пред се, за да го покаже тоа на теренот, докажува дека има способност да постигне гол и дека ни е потребен“, изјави за „Марка“ Диего Симеоне. Претходно беше објавено дека во претстојниот зимски преоден рок напаѓачот сака…
