Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио е незадоволен од понудата на клубот за нов договор. Како што е познато, актуелниот договор на играчот истекува на лето, а постојано се појавуваат различни информации во врска со желбата на играчот да остане или да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Во моментов како што стојат работите повеќе е веројатна втората варијанта. „Реал се обидува да ја намали платата на Асенсио. Тој моментално добива 5 милиони евра по сезона, но клубот сака тој повторно да потпише со пониски параметри, наместо да вклучи неколку бонуси кои се активираат под одредени услови. Сепак, Асенсио не е…
Author: riste
Лондонските екипи Челзи и Тотенхем се вклучија во трката за иранскиот напаѓач на Порто, Мехди Тареми. Клупските скаути беа присутни на натпреварот од португалското првенство помеѓу Порто и Брага (4:1), објави Фудбал Лондон. Според изворот, Челзи веќе обрнал внимание на кандидатурата на иранскиот напаѓач во последните денови од летниот преоден рок. Раководството на „сините“ сакаше да ја засили офанзивната линија на клубот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Поради тоа што трансферот не се оствари, Челзи потпиша со габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона. Оваа сезона Мехди Тареми забележа 18 настапи за Порто во сите натпреварувања, постигна 12…
Манчестер Сити не планира да ангажира играчи во зимскиот преоден рок. Ова го соопшти главниот тренер на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. „Нема да купуваме никого во јануари. Ние го имаме нашиот тим“, изјави Гвардиола на новинарот Фабрицио Романо на Твитер. По 13 натпревари, Манчестер Сити е втор во табелата во Премиер лигата со 32 бода и два бода помалку од Арсенал. Во Лигата на шампионите, тимот на Гвардиола ја освои групата Г со 14 бодови. Англискиот тим за ривали во оваа фаза ги имаше Борусија Дортмунд, Севиља и ФК Копенхаген. Во 1/8 финалето „граѓаните“ ќе играат со германскиот РБ Лајпциг. Првиот…
Познати се натпреварувачките двојки и за треттото по квалитет натпреварување во организација на УЕФА, Конференциската лига. Шеснаесет тима беа дел од ждрепката. Осум клубови кои завршија на второто место во групите во Конференциската лига, а останатите учесници се третопласираните тимови од Лига Европа. Македонија има два преставника во имињата на Енис Барди со Трабзонспорт кој ќе се сретне со Базел, а Иван Тричковски и АЕК Ларнака одат на мегдан со Днипро. УЕФА Конференциска лига плеј-оф:Карабах – ГентТрабзонспор – БазелЛацио – КлужБодо/Глимт – Лех ПознањБрага – ФиорентинаАЕК Ларнака – Днипро -1Шериф Тираспол – ПартизанЛудогорец – Андерлехт Плеј-оф натпреварите се закажани за 16 и 23 февруари…
Супер интересни натпревари не очекуваат и во ЛЕ, а тоа го дознавме откако беа извлечени двојките за шеснаестинафиналето. Ждребката ни донесе супер дерби уште во плеј-офот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед Парови за првата плеј-оф рунда во Лигата на Европа: Барселона – Манчестер ЈунајтедЈувентус – НантСпортинг – МидтјиландШахтјор – РенАјакс – Унион БерлинБаер Леверкузен – МонакоСевиља – ПСВРБ Салцбург – Рома Победниците од овие двомечи патуваат во осминафиналето каде чекаат Арсенал, Фенербахче, Бетис, Унион СЖ, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.
Во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени осминафиналните двојки за натпреварите во Лигата на шампионите. Не очекуваат неколку мега пресметки, а секако најинтересен ќе биде дуелот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, а актулениот шампион Реал Мадруд ќе игра против Ливерпул. Наполи на нашиот Елиф Елмас за противник ја доби екипата на Ајнтрахт Франкфурт. Осминафинале:РБ Лајпциг – Манчестер СитиКлуб Бриж – БенфикаЛиверпул – Реал МадридМилан – ТотенхемАнтрахт Фракфурт – НаполиБорусија Дортмунд – ЧелзиИнтер – ПортоПСЖ – Баерн Минхен Првите натпревари ќе се играат на 14/15 и 21/22 февруари, додека реваншите се на 7/8 и 14/15 март.
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство, кое се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. Девојките предводени од селекторот Љубомир Савевски на стартот очекувано беа поразени од фаворитот Франција со десет гола разлика, а сега за противник ќе имаат уште еден ракометен гигант. Втор противник на Македонија ќе ѝ биде селекцијата на Холандија која во првото коло славеше минимално против Романија (29:28), а на пресметката со нашиот национален состав влегуваат како големи фаворитки. Против Франција македонските ракометарки беа под големи импресии, првпат истрчаа на еден голем собир и тој грч се виде на стартот на натпреварот. Очекуваме дека…
Тренерот на лондонскиот Арсенал, Микел Артета, го предводеше тимот до победа во натпреварот од 15. коло од англиската Премиер лига со Челзи (1:0). За 40-годишен тренер ова беше 87. победа во 150 средби на кормилото на тимот. Според овој показател, тој е најдобар тренер на Арсенал: Арсен Венгер, кој го зазема второто место во оваа ранг листа, има 82 победи. Исто толку победи има и Џорџ Грем (82). Артета беше играч на Арсенал од 2011 до 2016 година, кога ја заврши кариерата. Подоцна, тој беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а од декември 2019 година…
Во Мерцедес се подготвени да потпишат нов договор со седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, но предмет на преговори ќе биде ревизија на договорот со Британецот и негова согласност за намалување на платите. Ова го пренесува „Мотоспорт Италија“. Се истакнува дека Хамилтон ќе може да смета на различни бонуси, вклучително и за осмата шампионска титула. Како што е објавено оваа информација доаѓа од бордот на директори на „Daimler AG“ во Штутгарт. Да потсетиме дека сегашниот договор на 37-годишниот Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот на 2023 година. Претходно шефот на германскиот тим Тото Волф изјави дека тркачкиот тим има…
Директорот на ПСВ Ајндховен Марсел Брандс откри дека се сретнал со претставници на Манчестер Јунајтед во летото 2022 година за напаѓачот Коди Гакпо. ПСВ сакаше 50 милиони евра за својот играч. „Манчестер Јунајтед нема дадено официјална понуда“, рече Брандс во изјава за новинарот Фабрицио Романо на Твитер. 23-годишниот Коди Гакпо е дел од школата на ПСВ Ајндховен. Напаѓачот оваа сезона има 23 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 17 асистенции. Договорот меѓу двете страни истекува во 2026 година. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед покажува голем интерес за потписот на холандскиот интернационалец.
