Синоќа во Аргентина се одигра натпревар за трофејот на шампионите во кој се сретнаа Бока Јуниорс и Расинг. Степенот на емоции беше толку висок што натпреварот заврши предвреме – Бока Јуниорс не можеше да го продолжи натпреварот поради големиот број на исклучувања. Како дел од Бока Јуниорс беа исклучени седум играчи (пет на теренот, двајца на клупата), како и главниот тренер на тимот Уго Ибара. Во екипата на Бока Јуниорс на теренот останаа помалку од седум играчи, па главниот судија беше принуден да го заврши натпреварот неколку минути порано. За одбележување е тоа што во Расинг беа исто така имаше…
Author: riste
Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, проговори за повредата што ја доби напаѓачот на клубот Килијан Мбапе на натпреварот со Лориент. „Ништо сериозно. Ја видовме веста за Карим Бензема, но Килијан нема ништо сериозно. Тој игра постојано, а во овој случај е многу подобро да не ризикувате и да барате замена. Се разбира, беше можно да го оставиме на теренот, но во исто време имаше шанса да биде надвор од игра долго време“, изјави Галтие. Да потсетиме дека натпреварот помеѓу Лориент и ПСЖ заврши со победа на парискиот клуб со резултат 2:1. Мбапе има 11 гола и две асистенции во 13…
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру ќе биде вклучен од страна на селекторот на Франција, Дидие Дешам во списокот на фудбалери за настап на СП во Катар. Ова ќе биде официјално објавено во среда, 9-ти ноември, пренесува „RMC Sport“. Фудбалерот пропушти многу натпревари за националниот тим во изминатиот период. Сепак, Жиру беше повикан во националниот тим во септември и дури постигна гол и асистенција на средбата со Австрија (2:0) во Лигата на нации на УЕФА. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. За Жиру, кој во француската репрезентација одигра 114 натпревари, ова е трет ваков…
Аргентинскиот напаѓач од екипата на ПСЖ, Лионел Меси поради повреда нема да учествува на натпреварот од 14. коло на француската Лига 1 со Лориент, објави официјалниот сајт на парискиот клуб. На Аргентинецот му беше дијагностицирано воспаление на Ахиловата тетива. Тој ќе остане под надзор на медицинскиот персонал на ПСЖ како мерка на претпазливост. Се најавува дека Лионел Меси ќе продолжи со колективните тренинзи следната недела. Покрај Меси, натпреварот против Лориент ќе го пропуштат и голманот Кејлор Навас, дефанзивецот Кимпембе и играчот од средниот ред Фабијан Руиз. ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1. Тимот од Париз е единствениот…
За прв пат по 60 години, НБА играч има постигнато најмалку 30 поени во осум последователни натпревари од почетокот на сезоната во НБА. Тоа му успеа на словенечката суперѕвезда од Далас Маверикс, Лука Дончиќ, кој секако станува фаворит за МВП на регуларниот дел од сезоната. 23-годишниот плејмејкер постигна најмалку 30 поени во секој од неговите први осум натпревари од сезоната, што го прави само вториот играч во историјата на НБА лигата по легендарниот Вилт Чембрлејн кој го има постигнато тоа. Големиот центар го направи тоа двапати, а неговата најдолга серија беше 23 последователни натпревари од 30+ поени во една сезона.…
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти го сподели своето мислење за својот колега Жозе Мурињо кој е на клупата на Рома. „Го познавам Жозе многу години и верувам дека Рома го промени. Ова е совршена соработка и за Мурињо и за Рома. Тој е одличен фудбалски тренер. Што не се смени? Неговата искреност и интелигенција не се променети“, изјави Анчелоти. 59-годишниот Португалец го презеде водството на римскиот клуб во летото 2021 година. Рома под водство на Мурињо ја освои Конференциската лига на крајот од сезоната 2021/2022. Вкупно, Мурињо ја водел Рома на 73 натпревари. Сезонава Рома предводена од Мурињо е…
Дефанзивецот на Челзи и Англија , Бен Чилвел поради повреда нема да може да настапи на Светското првенство во Катар. Ова го објави официјалниот сајт на Челзи. „По повредата на нашиот неодамнешен натпревар против Динамо Загреб, Бен имаше повреда на тетивата. Резултатите покажуваат дека Бен е тешко повреден. За жал, се очекува дефанзивецот да го пропушти Светското првенство. Бен сега ќе започне програма за рехабилитација во медицинскиот оддел на клубот“, се вели во соопштението на Челзи. Светското првенство во 2022 година во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Противници на Англија во групата Б ќе бидат…
Женската ракометна репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од европскиот ракометен крем. Нашите девојки вечерва го започнуваат настапот на Европското првенство, на кое токму Македонија е еден од организаторите. Младите избранички на селекторто Љубомир Савевски првата средба на ова ЕП ја играат против моќната селекција на Франција, а потоа ги чека дуели со Холандија и Романија. На сите им е јасно дека патот до следна фаза ќе биде претежок, но секако дека овие три натпревари ќе бидат од големо значење за младите девојки. Франција е голем фаворит, не само на вечерашната средба, туку и за првата позиција во оваа групна фаза. Французинките се многу мотивирани…
Домашниот натпревар на Барселона со Алмерија кој се игра вечерва од 21.часот ќе биде последниот натпревар за Жерар Пике во неговата кариера. Клубот подготви трогателно испраќање за дефанзивецот, кој го бранеше дресот на клубот 14 години и има 615 настапи (петти во историјата), освојувајќи 30 трофеи. Голем постер со порака „Семпр3“ ќе биде истакнат на „Камп Ноу“ во минутите пред првиот свиреж. „Семпр3“ е од „секогаш“ на шпански, а бројката е поради бројот на 35-годишниот дефанзивец. Истиот збор ќе го има и на дресовите на играчите при нивното загревање на теренот, а на семафорот ќе биде пуштен специјален клип со…
Ливерпул е фаворит за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џад Белингем, објави „ЕСПН“. Неколку извори одеднаш тврдат дека „црвените“ водат во трката, пред Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Реал Мадрид. Забележано е дека Ливерпул успеа да воспостави добри односи со преставниците и блиските на играчот, а тоа може да биде сериозен фактор. Претходно беше објавено дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се договорил со управата следното лето да тргне во трка за да го добие 19-годишен фудбалер. Борусија Дортмунд сака најмалку 150 милиони евра за играчот.Белингем оваа сезона одигра 19 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола…
