Author: riste

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се најде меѓу пријавените играчи на каталонскиот клуб за натпреварот од 13. коло во Ла Лига со Алмерија, објавија на социјалните мрежи од Барселона. Покрај 35-годишниот Шпанец, во составот се и Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен кои се опоравија од повредите. Против Алмерија нема да играат Серхи Роберто, Мемфис Депај, Роналд Араухо и Жил Кунде. Да потсетиме, вчера, Жерар Пике објави дека ја завршува кариерата. Натпреварот со Алмерија ќе биде последен за дефанзивецот во дресот на Барселона. Средбата ќе се одигра утре (сабота) на стадионот „Камп Ноу“ со почеток во 21 часот. Оваа сезона Пике…

Read More

Познати се конечните десет претенденти за титулата најдобар фудбалер во 2022 година односно Глоуб Сокер наградите. Имињата на номинираните се објавени на официјалната веб-страница на настанот. Најдобар играч 2022: Мохамед Салах, Луис Дијаз (двајцата Ливерпул), Карим Бензема, Тибо Куртоа (двајцата Реал Мадрид), Килијан Мбапе, Лионел Меси (двајцата ПСЖ), Роберт Левандовски (Барселона), Садио Мане (Баерн Минхен), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити). Меѓу номинираните за менаџер на годината се: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Ренато Гаучо (Гремио), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Јирген Клоп (Ливерпул), Жозе Мурињо (Рома), Стефано Пиоли (Милан), Абел Фереира (Палмеирас).

Read More

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Ова го соопшти прес-службата на УЕФА. Милан во натпреварот од 6.коло од групната фаза на домашен терен беше подобар од австрискиот РБ Салцбург со резултат 4:0. Францускиот напаѓач учествуваше во сите голови на својот тим: Жиру постигна два погодоци, уште два пати им асистираше на колегите од тимот. Благодарение на победата, италијанскиот клуб успеа да освои 10 поени и да се пласира во плеј-офот во Лигата на шамионите заедно со Челзи. Покрај Жиру, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде , Кристофер Нкунку…

Read More

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година, објави официјалниот сајт на клубот. 26-годишниот германски репрезентативец заработи повреда на зглобот на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк. По дополнителните лекарски прегледи, стана јасно дека Тимо Вернер има скината тибиофибуларна синдесмоза, која ќе го задржи играчот надвор до крајот на 2022 година. Тимо Вернер оваа сезона настапи на 16 натпревари за РБ Лајпциг, постигнувајќи 9 голови и 4 асистенции.

Read More

Реал Мадрид го продолжи договорот со крилниот напаѓач Винисиус Жуниор. Новиот договор на 22-годишниот офанзивен играч за врска е со важност до 2027 година. Според „АС“, двете страните се договориле и го потпишале договорот изминатото лето.  Клубот требаше само да одлучи кога точно да го објави договорот. Се разговараше за опции или да се објави само нов договор за Винисиус или три нови договори одеднаш – со Винисиус, Родриго и Милитао. Сепак, „мадриѓаните“ на своите официјални страници не објавија продолжување на договорот со Винисиус. Реал Мадрид го купи играчот од средниот ред во 2018 година за 45 милиони евра. Неговиот претходен договор истекуваше…

Read More

Јувентус испадна од Лигата на шампионите во вторникот вечерта, откако загуби со 4:3 од Бенфика и тоа докажа уште еден неубедлив почеток на сезоната. Токму континуираните слаби игри и резултати на тимот предизвикуваат нови шпекулации во печатот за можното враќање на Антонио Конте на чело на „старата дама“. Менаџерот на Тотенхем е под договор до крајот на сезоната и допрва треба да го обнови договорот. Покрај тоа, Тотенхем одлично ја започнаа сезоната и се меѓу топ 3 во Премиер лигата, но во последните натпревари имаа лоши резултатите и забележаа 3 порази на последните 5 натпревари во првенството. Според италијанскиот медиуми,…

Read More

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја постигна својата 107-та европска победа откако италијанскиот клуб го победи финскиот ХЈК Хелсинки во натпреварот од 5. коло од групната фаза на УЕФА Лига Европа со 2:1. Португалскиот стручњак по овој показател го надмина легендарниот Сер Алекс Фергусон и стана тренер со најмногу победи во европските натпреварувања. Мурињо претходно беше тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Со португалскиот клуб стана победник во Лигата на шампионите – 2003/2004 година, истото го направи и со Интер , а со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Европа во 2017 година, за на…

Read More

Менаџерот на англискиот тим Ливерпул, Јирген Клоп е казнет со 30.000 фунти поради конфликт со помошниот судија за време на дербито во Премиер лигата во кое неговиот тим пред единаесет дена го совлада Манчестер Сити со 1:0. Клоп беше отстранет од клупата по жестоките протести кон помошниот судија бидејќи сметаше дека неговиот напаѓач Мохамед Салах бил сопрен со прекршок во самиот финиш од натпреварот. „Менаџерот на Ливерпул прифати дека неговото однесување во 86. минута е неприфатливо“, соопшти Англиската фудбалска асоцијација (ФА). По натпреварот, Клоп се извини за своето однесување и додаде дека требало да се однесува подобро и поинаку. За среќа на Ливерпул, тренерот не доби…

Read More

Барселона не планира да го отпушти тренерот Чави откако тимот не успеа да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на шампионите, објавија неколку медиуми во Шпанија. Според истите, Чави е недопирлив во Барселона. Клубот очекува да постигне успех во иднина, а тимот ќе продолжи да се гради под водство на шпанскиот стручњак. Да потсетиме, Барселона во 5. коло беше поразена од Баерн со резултат 0:3. Претходно Интер ја победи Викторија Плзен и им ги одзеде шансите на Каталонците за нок-аут фазата во ЛШ. Барселона вторпат по ред под водство на Чави не успеа да се пласира во нокаут фазата…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е оптимист дека неговата екипа ќе може да го задржи Милан Шкрињар во својот тим со пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Фудбалерот е баран од Пари Сен Жермен и Французите би можеле да го ангажираат како слободен играч на лето. Доколку Интер вечерва ја победи Викторија (Плзен) на „Џузепе Меаца“, тимот сигурно ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампиони. „Имам среќа што Интер има одлични директори кои размислуваат за ова прашање. Но, не е само Шкриљар, има и други играчи кои се исто така без договор и се надевам дека се…

Read More