Author: riste

ПСЖ има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, пренесуват медиумите во Франција. Според истите, Рамос успеал да се прилагоди и наметне во ПСЖ. Тој има одлични односи со главниот тренер Кристоф Галтие и добро влијание во соблекувалната на клубот. Во оваа насока, ПСЖ сака да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер. Да потсетиме, Серхио Рамос се пресели во ПСЖ во летото 2021 година од Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на овој играч на 6 милиони евра. Рамос оваа сезона има девет настапи за ПСЖ во сите натпреварувања…

Read More

50-годишниот шпански стручњак Унаи Емери, официјално ќе го води тимот на Астон Вила, а доби импресивен договор во новиот клуб, објави авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо на Твитер. Според информациите кои ги објави Романо, платата на Унаи Емери ќе биде 7 милиони евра годишно. Во исто време неговиот поранешен клуб Виљареал ќе добие отштета за заминувањето на тренерот во износ од 6 милиони евра. Унаи ќе почне да работи во англискиот клуб од 1 ноември, кога ќе бидат завршени сите формалности за добивање работна дозвола во Англија. Емери досега беше тренер на шпанскиот Виљареал. Со клубот ја освои Лигата на…

Read More

Пари Сен Жермен работи на нов договор за напаѓачот Лионел Меси, објави новинарот Адријан Грениер на својот Твитер повикувајќи се на „Le Parisien“. Според изворот, ПСЖ на аргентинскиот напаѓач му понудил договор до 2024 година со можно продолжување на уште една сезона. Се разговара и за финансиските услови на договорот. Да потсетиме дека Меси игра за ПСЖ од 2021 година, каде што се пресели од Барселона. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на фудбалерот на 50 милиони евра. Во тековната сезона од шампионатот на Франција, Меси учествуваше на 11 натпревари, на кои постигна…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ќе може да се врати на тренинзите со тимот доколку се согласи да не игра во стартните  единаесет. Овој услов за враќање на 37-годишниот фудбалер го постави главниот тренер Ерик тен Хаг. Доколку понудата биде одбиена, тогаш тренерот ќе му дозволи на Роналдо да бара нов клуб, пренесува „The Athletic“. Претходно, холандскиот тренер го отстрани 37-годишниот фудбалер од тренинзите со првиот тим и не го вклучи во составот за мечот со Челзи. Ова се случи поради фактот што Кристијано Роналдо го напушти стадионот за време на натпреварот против Тотенхем (2:0) пред тој да заврши.…

Read More

35-годишниот напаѓач на Лестер Сити Џејми Варди постигна гол во 79. минута од средбата на премиерлигашкиот натпревар со Вулверхемптон (4:0). Така, напаѓачот стана првиот играч кој успеал да постигне 100 гола во Премиер лигата откако наполнил 30 години. Ова го соопшти прес-службата на Премиер лигата. Џејми Варди, пред да се пресели во Лестер Сити во 2012 година, играше за клубови од различни дивизии на Англија. Лестер, кои играа во Чемпионшип во 2012 година, платија 1 милион фунти за напаѓачот – рекордна сума за играч од пониските дивизии во тоа време. Откако се приклучи, Варди одигра 345 настапи за Лестер во…

Read More

Бекот на Барселона, Серхи Роберто ќе биде надвор од составот на тимот поради дислокација на рамото. Според изданието „Марка“, играчот ќе отсуствува од четири до шест недели и нема да игра за Каталонците до Светското првенство во Катар. Шпанскиот дефанзивец се повреди во 85. минута од натпреварот со Атлетик Билбао (Каталонците победија со 4:0), играчот мораше да го напушти теренот само со медицинско возило. После тоа, Барселона средбата ја одигра со десет играчи, бидејќи тренерот на тимот Чави дотогаш ги имаше искористено сите пет замени. Серхи Роберто е уште еден од фудбалерите на Барселона кои имаа повреди од почетокот на…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , нема да може да учествува на натпреварот од 11. коло на шпанскиот шампион Реал Мадрид со Севиља, објави „Мундо Депортиво“. 34-годишниот француски фудбалер го завршил тренингот пред предвиденото време и беше подложен на лекарски преглед. На Бензема му беше дијагностициран замор на мускулите, а стручниот штаб на Реал Мадрид реши да не го користи напаѓачот на натпреварот против Севиља. Натпреварот од 11. коло од шампионатот на Шпанија, Реал Мадрид – Севиља ќе се одигра вечерва, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Средбата започнува во 21:00 часот, а Реал одвој натпевар го дочекува како…

Read More

55-годишниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри ја коментираше средбата од 11. коло на италијанскиот шампионат со Емполи (4:0). „Сега сме повеќе како тим. Имавме добар почеток оваа сезона, а потоа погрешивме на неколку натпревари и тоа не стави во лоша состојба во Серија А, па затоа треба да ја намалиме таа разлика. Не беше лесно да се победи затоа што 60 минути Емполи навистина не натера да бидеме под притисок, постојано притискаа и играа добри додавања, можевме да го удвоиме водството и да ризикуваме да ја испуштиме предноста. Потоа во второто полувреме се засиливме, Емполи малку заостана, и се покажа…

Read More

Тренерот на Валенсија Џенаро Гатузо зборуваше за состојбата на напаѓачот Единсон Кавани. „Малку сум загрижен за Единсон, па тој не игра 90 минути. Кога зглобот му беше отечен, моравме веднаш да реагираме на тоа. Пред некој ден можеше да помине уште 15-20 минути на теренот, но Единсон почна да чувствува непријатност и решивме да не ризикуваме. Тој е важен за тимот. Пред две недели бевме загрижени дека тој не даде гол, а сега почна да постигнува голови и треба да бидеме внимателни“, изјави Гатузо за „Марка“. 35-годишниот Уругваец оваа сезона забележа пет настапи во Ла Лига, постигнувајќи три гола и…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег , ја коментираше неговата одлука да го отстрани напаѓачот Кристијано Роналдо од тренинзите со првиот тим. „Со моите постапки не сакав да им покажам на играчите кој е главен овде, не е тоа поентата. Морам да ги носам сите одлуки во интерес на клубот и во интерес на тимот. Тоа е моја работа, па не е важно кој е играчот и каква репутација има. Секогаш го избирам тимот кој, според мене, има најмногу шанси за победа“, рече холандскиот стручњак на прес-конференција пред натпреварот со лондонски Челзи. Претходно се дозна дека Роналдо е казнет…

Read More