Раководството на Реал Мадрид има за цел да го продолжи договорот со голманот на тимот Андреј Лунин, пренесува „АС“. Според изворот, и покрај фактот што украинскиот голман успешно го заменува повредениот Тибо Куртоа , Лунин знае дека тој е резервниот голман на тимот. Лунин наводно е среќен во Реал Мадрид и не сака да си замине. Лунин се пресели во Реал Мадрид од украинска Зорја во 2018 година. Како дел од Кралскиот клуб, голманот стана шампион на Шпанија и победник во Лигата на шампионите. Оваа сезона 23-годишниот Украинец учествуваше во пет натпревари од шпанската Ла Лига и Лигата на шампионите,…
Author: riste
Арсенал планира да го награди својот голман Арон Рамсдејл со нов договор и поголема плата, пренесува „Атлетик“. 24-годишниот голман брзо се наметна во тимот на Арсенал и остави одличен впечаток со своите настапи откако беше донесен на „Емирати“ во 2021 година. Оваа сезона прими само 10 гола на 10 натпревари во Премиер лигата, а на 4 натпревари имаше чиста мрежа. Тој со добрите игри им помогна на лондончани да бидат лидери во првенството. Рамсдејл е под договор со Арсенал на уште четири години, а клубот има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, „Топчиите“ веруваат дека голманот веќе…
Јувентус покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте. „Бјанконерите“ будно ја следат ситуацијата со францускиот интернационалец чиј договор истекува на лето. Тој засега одбива повторно да потпише со лондончани и од Јувентус се надеваат дека ќе го привлечат како слободен играч по крајот на сезоната, открива „Калчомеркато“. 31-годишниот фудбалер беше важен дел од Челзи во последните години по неговиот трансфер од Лестер во 2016 година. Сепак, тој се здоби со повреда на бутот оваа сезона и има само 2 настапи. Во последната сезона го прогонуваа и повредите поради кои пропушти 16 натпревари. Се стравува дека…
Актуелниот селектор на шпанската репрезентација Луис Енрике , кој ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во Катар, може да се врати во Барселона. Енрике се гледа како замена за Чави во случај овој да не ја заврши својата работа како што се очекува од него, објави „Ел Национал“. 52-годишниот Луис Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година. Под негово водство Барселона освои 10 трофеи, вклучувајќи ја и последната во Лига на шампиони во нејзината историја во 2015 година. Од јули 2018 година, Енрике (на прекини) е селектор на шпанската репрезентација и веќе најави дека ќе ја…
Португалскиот дефанзивец Манчестер Јунајтед, Диого Далот има намера да го продолжи договорот со тимот и покрај интересот од Барселона. Тоа го пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Претходно беше објавено дека играчот, чиј договор со англискиот тим истекува на крајот на сезоната, е во сферата на интерес на неколку европски клубови. 23-годишниот Далот е во Манчестер Јунајтед од 2018 година. Од октомври 2020 до јуни 2021 година, Португалецот играше како позајмен за Милан. Фудбалерот кариерата ја започна во Порто. Диого Далот имаше две асистенции во 13 натпревари во Премиер лигата и Лига Европа оваа сезона.
Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам би можел да се врати во Англија во летниот преоден рок. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот. Тоа го пренесуваат медиумите на Островот. Абрахам (25) потекнува од школата на Челзи. Тој се пресели во италијанскиот тим во летото 2021 година за 40 милиони евра. Оваа сезона, на 13 натпревари од италијанското првенство и Лигата на Европа, напаѓачот постигна два гола и даде две асистенции. Договорот меѓу двете страни истекува во 2026 година. Претходно беше објавено дека сините се заинтересирани за враќање на Абрахам, но овој трансфер ќе ги чини 80 милиони евра. Самиот фудбалер не…
Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја освои Златната топка и стана првиот Французин кој ја добил највредната индивидуална награда во фудбалот по Зинедин Зидан во 1998 година. По триумфот на Бензема, Златната топка досега ја имаат освоено играчите на Реал Мадрид вкупно 12 пати, а кралскиот клуб по оваа бројка се израмни со Барселона. Фудбалерите на Милан и Јувентус ја освоиле наградата по 8 пати. Минатата сезона Карим Бензема стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите. Францускиот интернационалец постигна 27 гола во Примера, а постигна 15 гола во Лигата на шампионите.
Сосема очекува и заслужено, Карим Бензема ја доби престижната „Златна топка“ која ја прими на церемонија во Париз, а е организирана од „Франс Фудбал“. Бензема постигна 44 гола на 46 натпревари во сите конкуренции, а беше главен играч во тимот на Карло Анчелоти кој успеа да ги обедини титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Посебно се истакна во Лигата на шампионите, каде даде хет-трикови во осминафиналето против ПСЖ и во четвртфиналето против Челзи, кои беа клучни на патот кон финалето. Карим Бензема е вториот различен играч кој освојува Златна топка во ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Претходно, тоа му успеа на неговиот клупски колега Лука Модриќ.…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Англискиот клуб е заинтересиран да потпише со играчот чиј договор истекува на крајот од сезоната, објави „Калчомеркато“. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид му понудил на 26-годишниот Асенсио да го продолжи договорот на четири години со плата од 5 милиони евра по сезона „нето“, по оданочување. Сепак, Марко Асенсио ја отфрлил оваа опција. Значајно е тоа што Асенсио неодамна смени агент. Претходно неговите интереси ги застапуваше Хорасио Гаџиоли, а сега Жорге Мендеш. Беше објавено дека ова може да и…
Њукасл е заинтересиран за потписот на голманот на Јувентус, Војчех Шчесни. Оваа информација ја пренесе „Калчомеркато“. Според изворот, зделката би можела да се случи во летото 2023 година, а од Јувентус се подготвени да го пуштат играчот една година пред истекот на договорот. Шчесни (32) му се приклучи на Јувентус во летото 2017 година. Претходно во Италија полскиот голман настапуваше и за Рома. На седум натпревари оваа сезона, Шчесни прими шест гола и три пати имаше чиста мрежа. Да потсетиме, Војчех Шчесни од 2005 до 2017 година беше голман на лондонскиот Арсенал, во кој освои три трофеи. Во Италија, Шчесни…
