Author: riste

Агентот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, Роберто Календа објави дека неговиот клиент има желба да остане во италијанскиот клуб и покрај интересот на другите клубови за него. „Многу клубови се заинтересирани за Виктор, но тој сака да остане, навистина е среќен што е дел од проектот на Наполи. Многу гласини се појавија, нашите намери беа многу јасни летото, а тоа е дека тој сака да остане“, пренесуваат медиумите во Неапол. 23-годишниот Нигериец постигна четири гола и една асистенција на осум натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Наполи е лидер на табелата во италијанската Серија А со два бода предност…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема наскоро ќе го продолжи договорот со тимот до 2024 година. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Актуелниот договор меѓу двете страни истекува на крајот од сезоната. Бензема (34) дојде во Реал Мадрид во летото 2009 година од Олимпик Лион. Напаѓачот постигна пет гола и даде асистенција на 10 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Претходно беше објавено дека францускиот напаѓач вечерва, за прв пат во кариерата ќе стане сопственик на Златната топка на церемонија која се одржува вечерва.

Read More

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не е вклучен во трансфер плановите на Реал Мадрид, објави „Ел Чирингито“. Да потсетиме, претходно имаше информации дека 23-годишниот напаѓач сака да го напушти ПСЖ. Мбапе е незадоволен од неисполнетите ветувања на раководството на ПСЖ, неговиот однос со клубот е целосно прекинат. Главните претенденти за играчот се Ливерпул и Реал Мадрид, кои сакаа претходно да потпишат договор со играчот. Познато е дека Мбапе минатото лето го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година. Напаѓачот оваа сезона забележа четири настапи во Лигата на шампионите и постигна четири гола. Во француското првенство Мбапе учествуваше на…

Read More

Жоао Сантош, агентот на играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, проговори за разговори со Барселона, со која Италијанецот беше поврзуван во последните неколку недели. „Договорот на Жоржињо истекува во јуни, но наш приоритет е да преговараме со Челзи, па работиме на тоа. Барселона? Можеби зборував за него, можеби и други играчи… Бев таму, како и во Мадрид, Лион и Валенсија, бидејќи ова е моја работа“, изјави Сантош. Да потсетиме, некои извори го нарекоа Жоржињо можна замена за Серхио Бускетс, кој се очекува да го напушти тимот на Барселона во летото 2023 година. Актуелниот договор на играчот од средниот ред…

Read More

Лондонски Арсенал преговара за продолжување на договорот со напаѓачот Габриел Мартинели. Англичаните ќе мораат тројно да ја зголемат платата на бразилскиот фудбалер за да го задржат во тимот. Ова го пренесува „Дејли Мејл“. Сега 21-годишниот Мартинели добива 80.000 евра неделно. Мартинели стана играч на лондонскиот тим во летото 2019 година. Бразилскиот напаѓач постигна четири гола и даде две асистенции во 11 настапи во Премиер лигата и Лига Европа оваа сезона, а договорот истекува во 2024 година. Арсенал има 24 бода од девет натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на првото место, пред Манчестер Сити со еден бод помалку. Во…

Read More

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао би можел да се пресели во ПСЖ. Парижаните се подготвени да ја активираат откупната клаузула од договорот на португалскиот фудбалер во износ од 150 милиони евра, пренесува Медиафут. Според изворот, за 23-годишниот играч е заинтересиран и лондонски Челзи. Леао му се приклучи на Милан во 2019 година со трансфер од 29,5 милиони евра од Лил. Во 126 настапи за тимот, Рафаел постигна 31 гол и даде 28 асистенции. Минатата сезона, тој му помогна на својот тим да го освои италијанското првенство за прв пат по 11 години. Договорот меѓу двете страни истекува во 2024 година.…

Read More

Баерн Минхен и гостува на Викторија Плзен во 4.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а од тимот стигнуваат информации дека нема д аможе да сметаат на сите играчи. Дефанзивците на Баерн (Минхен) Матијс де Лихт и Алфонсо Дејвис ќе го пропуштат натпреварот против Викторија Плзен, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Двајцата фудбалери се повредија на натпреварот од 12. коло на германскиот шампионат против Борусија (Дортмунд) (2:2). Учеството на играчот од средниот ред Серж Гнабри на натпреварот против Викторија останува под знак прашалник. На табелата во групата Ц води Баерн со 9 бодови. Екипата од Чешка е на последното, четврто…

Read More

Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимареш ги коментираше гласините дека Реал Мадрид е заинтересиран за него. „Реално, тоа беше едноставен разговор, ништо повеќе. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. Прекрасно е кога се заинтересирани за тебе. И покрај интересот на Реал Мадрид, во Њукасл се чувствувам како дома. Никогаш не се сомневав во проектот, верував во него од самиот почеток. Секогаш сакав да играм во Премиер лигата, го сакам тоа“, изјави Гимараеш. Гимараеш (24) му се приклучи на Њукасл во јануари 2022 година од Олимпик Лион за 42 милиони евра. Тој постигна два гола и една асистенција…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Меккени во зимскиот преоден рок може да го напушти тимот. Интерес за фудбалерот пројавуваат бундеслигаши. Тоа го пренесува „Газета Дело Спорт“. Според изворот, клубот од Торино е подготвен да го продаде 24-годишниот Американец за да врати дел од средствата од евентуалното купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Меккени е во Јувентус од 2020 година. Најнапред „бјанконерите“ го позајмија фудбалерот од Шалке за 4,5 милиони евра, а потоа го откупија за 20,5 милиони евра.Сезонава Вестон Меккени постигна еден гол и асистираше еднаш на 11 меча во сите натпреварувања. Договорот меѓу…

Read More

Вечерва ќе се одиграат 8 натпревари од 4.коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Овие екипи имаа дуели минатата недела, а сега истите ќе се сретнат во сменети улоги на домаќини. Оттука, секој погрешен чекор може да биде фатален за екипите со амбиции да продолжат кон директните елиминации, а тоа ги прави натпреварите уште поинтересни. Најголем интерес предизвикува пресметката помеѓу Милан и Челзи на „Сан Сиро“. Лондончани обезбедија убедлива победа од 3:0 на домашен терен и секој понатамошен успех ќе им го трасира патот до осминафиналето. Милан има многу кадровски проблеми, но тоа не го спречи тимот да го…

Read More