Author: riste

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го скрати списокот на повикани ракометари за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. На првично список беа 35 имиња, а за првиот собир отпаднаа 14 ракометари. Место во скратениот список немаше за голманите Трајкоски и Гогов, потоа крилните играчи Ојлески, Димитриоски, Поповски, Никола Костески и Петковски, младиот пивотмен Симоноски. Во бековската линија изостанаа Мишевски, Ѓорговски, Танкоски, Димитриовски и Саврески, додека за дефанзивните позиции ќе го нема Омерагиќ. Македонија првиот натпревар го игра во Скопје со селекцијата на Луксембург (12 октомври), додека четири дена подоцна се гостува на Турција во Ван (16 октомври). Првиот собир…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и понатаму е интересен за Барселона. Каталонскиот клуб продолжува да го следи 24-годишниот играч, летото двете страни разговараа за потенцијален трансфер, но зделката не дојде до реализација, информира „Sport.es“. Според изворот, Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи договорот со Рашфорд, стравувајќи од негово можно заминување во Барселона. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд неодамна беше прогласен за најдобар играч во септември во англиската Премиер лига. 24-годишниот Англичанец на два меча во септември постигна два гола и имаше две асистенции. Рашфорд ја доби наградата по втор пат во кариерата, откако претходно ја доби оваа…

Read More

Лондонскиот Арсенал има намера да го искористи добриот почеток во сезоната 2022/23 за да ги продолжи договорите на своите млади ѕвезди. Станува збор за продолжување на соработката со Букајо Сака, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба, информира „Дејли Мејл“. Според изворот, во Арсенал имаат намера да ангажираат и нов централен играч за врска во зимскиот преоден рок. Клубот сака да создаде поголем ростер на тимот за да остане конкурентен во текот на целата сезона на англиската Премиер лига. Арсенал моментално води во Премиер лигата со 21 бод од осум натпревари. Манчестер Сити е на второто место со бод помалку. Тотенхем е…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Филип Фоден наскоро ќе потпише шестгодишен договор со англискиот тим до летото 2028 година, пренесува Атлетик. 22-годишниот Фоден потекнува од школата на Манчестер. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона забележа 11 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и две асистенции. Сегашниот договор меѓу двете страни истекува во 2024 година. По осум кола во англиската Премиер лига, на второто место на табелата се наоѓа Манчестер Сити кој има 20 бода, додека лидер е Арсенал со 21 бод.

Read More

Актуелниот тренер на Севиља Хулен Лопетеги може да заземе испразнетото место во англискиот Вулверхемптон. Ова го пренесува Телеграф, откако веќе беше објавено дека екипата го отпушти Бруно Лаж од оваа позиција. Лопетеги ја презеде Севиља во летото 2019 година. Оваа сезона тимот под негово водство имаше неуспешен старт на сезоната во шпанскиот шампионат, освојувајќи само пет бода во седум кола. Севиља моментално се наоѓа на 17. место со еден бод зад зоната за испаѓање. Во Лигата на шампионите, Шпанците се на последното место во групата со Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и ФК Копенхаген.

Read More

Френки де Јонг е изоставен од тимот на Барселона за дуелот со Интер во вторник навечер во Лигата на шампионите. Утрово тренерот Чави Ернандез го објави својот список на играчи кои заминуваат во Милано. Де Јонг заработи повреда на изминатите натпревари на репрезентацијата на Холандија. Вчера тренираше, но на крајот беше одлучено да не патува во Италија. https://twitter.com/FCBarcelona/status/1576831169437478912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1576831169437478912%7Ctwgr%5Eb335be9abe56e68f5d0e78c583f3d54a86220e5e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022100307280215376 Надвор од составот поради повреди се уште тројца странци во клубот – Мемфис Депај, Жил Кунде и Роналдо Араухо, како и Хектор Белерин.

Read More

Лондонски Челзи продолжува да го разгледува планот за ангажирање на играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку. „Сините“ се подготвени да платат 60 милиони евра за францускиот играч, но би сакале да ја намалат оваа сума. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. 24-годишниот Нкунку минатата сезона постигна 20 гола и 15 асистенции на 34 натпревари во Бундеслигата. Тој беше прогласен за најдобар играч во лигата. Нкунку оваа сезона постигна осум гола и имаше асистенција на 12 натпревари во сите натпреварувања. Договорот меѓу двете страни истекува во 2026 година. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, го надмина рекордот на поранешниот клупски играч Давид Силва по бројот на асистенции, објави „Сакј Спортс“. На вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед (6:3) Белгиецот имаше две асистенции, сега има 94 асистенции на 218 премиерлигашки натпревари. Така, играчот од средниот ред го собори рекордот по бројот на асистенции за клубот, кој претходно му припаѓаше на Давид Силва. Шпанецот додека настапуваше за Манчестер Сити имаше 93 асистенции. За одбележување е тоа што Белгиецот одигра 91 натпревар помалку од Силва. По осум кола од актуелната сезона во Премиер лигата, Де Бруин има еден…

Read More

Норвешкиот напаѓач во редовите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал хет-трик на три последователни натпревари на домашен терен. Норвежанецот постигна по три гола против Кристал Палас, Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед. Ова беше настан за паметење затоа што овој хет-трик беше постигнат на градското дерби, во кое „граѓаните“ славеа победа 6:3. Покрај Халанд, хет-трик постигна и играчот од средниот ред Филип Фоден, кој беше негов прв во кариерата. По оваа средба Манчестер Сити има 20 бода и се зацврсти на втората позиција на табелата, додека Манчестер Јунајтед остана на шестото…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше незадоволен од ремито против Осасуна (1:1). За првпат во сезоната Реал Мадрид не победи на официјален натпревар и сега и ја препуштија лидерската позиција во Ла Лига на Барселона. Двата тима имаат ист број на бодови, но Каталонците имаат подобра гол разлика. „Не игравме со доволен интензитет. Дефинитивно немавме ден, но ја заслуживме победата. Генерално, не сум задоволен. Во второто полувреме имаше подобрување. Замените донесоа свежи идеи, но натпреварот не одеше според нашите планови. Нерешениот резултат е разочарувачки за нас “, прокоментира Анчелоти. „Нормално е што Бензема не е во оптимална форма по…

Read More