Author: riste

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на трката за ГН на Сингапур која се возеше викендов на патеката „Марина Беј“ во Сингапур. Мексиканецот впиша голема победа откако дојде до првата позиција, а во последните кругови успеа да ги одбие нападите на Шарл Леклер кој заврши на втората позиција. Третото место му припадна на уште еден возач на Ферари, Карлос Сајнц. За Перез ова беше втора победа во 2022 година, или вкупно четврта во кариерата. Бодови уште освоија, Норис, Рикардо, Штрол, Верстапен, Фетел и Хамилтон кој направи голема грешка во средината на трката и мораше да влегува во бокс,…

Read More

Како што се ближи одржувањето на големиот ЈУБИЛЕЈ – 30 години „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“ во организација на единственото спортско радио во Македонија, Спортското радио 90.3 фм следниот викенд (7-9 октомври), така се комплетираат и екипите. Во Скопје ќе биде собрана балканската фудбалска елита, а како дел од  репрезентацијата на Македонија ќе биде и нашиот поранешен капитен и еден од најдобрите спортисти на нашата држава на сите времиња – Горан Пандев. Горан Пандев денес го потврди својот настап на „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“  како дел од селекцијата на Македонија, која ќе биде…

Read More

Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени следниот месец, заедно со Црна Гора и Словенија. Македонски Амбасадор на ЕП од нашата земја ќе биде Гордана Нацева. На прес-конференција организирана од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Нацева беше промовирана во амбасадор. Некогашната голманка со репрезентативна кариера истакна дека ѝ е чест и задоволство да се има оваа улога и посака успешен настап на ЕП 2022 на нашите девојки. „Благодарност за довербата која ми ја дадовте да бидам амбасадор на ЕП, чест задоволство и одговорност да бидам дел од организацијата. Ова е голем предизвик, ист…

Read More

Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. Во моментов бразилскиот фудбалер има 35 години. „Одвоив малку време за размислување, би сакал да ја објавам одлуката да се повлечам од професионалниот фудбал. Најпрво сакам да му се заблагодарам на Бога што ме поучи и ме доведе до највисоки спортски резултати. Благодарност до сите клубови за кои играв. Секогаш ќе ги држам овие тимови и нивните навивачи во моето срце. Им благодарам и на бразилската репрезентација за шансата да играм на две светски првенства, тоа ми донесе задоволство. Благодарен сум на сите соиграчи, персонал, тренери…

Read More

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина изјави дека новата полуавтоматска технологија за офсајд се очекува да биде воведена во Серија А во јануари, веднаш по нејзиното деби на Светското првенство во Катар. Тоа треба да даде брз сигнал до судиите за прекршување на правилата и ќе помогне да се избегне една од најконтроверзните ситуации во светот на фудбалот. „Експериментот ќе започне на денот кога технологијата ќе биде завршена. Се надевам дека ова ќе се случи на четврти јануари по завршувањето на Светското првенство“, коментира Гравина. Имаше неколку контроверзни одлуки оваа сезона во Серија А кои предизвикаа бурни реакции, а…

Read More

Барселона сака да го намали платниот список за речиси 200 милиони евра. Според „Диарио Спорт“, во следните две години каталонскиот клуб има намера да продолжи да работи на намалување на списокот за плати. Во моменто платниот список на Барселона е тежок 610 милиони евра. Во клубот сметаат дека идеалната опција би била да трошат 420-450 милиони евра за плати. Барселона смета дека оваа сума ќе му овозможи на клубот да остане конкурентен. Клучот за падот на платите е иднината на капитените на тимот Жорди Алба, Серхи Бускетс и Жерар Пике. Ако си заминат следното лето, тогаш Барса ќе биде многу…

Read More

Реал Мадрид е заинтересиран за ангажирање на фудбалерите на Манчестер Сити Жоао Кансело и Ерлинг Халанд, пренесува „АС“. Се истакнува дека шпанскиот клуб сака да го купи Кансело во летото 2023 година, а Халанд во летото 2024 година. Во тој момент ќе стапи на сила ослободувачката клаузула за Норвежанецот во износ од 180 милиони евра, пропишано во договорот со Манчестер Сити. Кансело наводно веќе е свесен за интересот на Реал Мадрид и со задоволство ќе се согласи да потпише со клубот. Неговата приближна трансфер цена ќе биде помеѓу 40 и 50 милиони евра. 28-годишниот Португалец оваа сезона забележа 10 настапи,…

Read More

Голманот Мануел Нојер и играчот од средниот ред Леон Горецка се вратија на тренинзите со Баерн Минхен и ќе можат да учествуваат на следниот натпревар од Бундес лигата против Баер Леверкузен на 30 септември, објави „Кикер“. Двајцата играчи беа на заедно со репрезентацијата на Германија, но утрото во средата, 21 септември, добија позитивни резултати од тестот за коронавирус и беа изолирани од тимот, брзо напуштајќи го хотелот. Репрезентативците кои стапиле во контакт со заразените фудбалери на Баерн биле тестирани секојдневно. Нојер и Горецка пропуштија два натпревари на Германија во Лигата на нации на УЕФА против Унгарија и Англија. Германците загубија…

Read More

Аргентинскиот напаѓач во екипата на ПСЖ, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со парижаните, објави новинарот Микел Бласкез на својот Твитер профил. Претходно Меси изјави дека конечно се адаптирал во Франција и повторно ужива во фудбалот. Беше објавено дека Барселона размислува за враќање на аргентинскиот напаѓач во клубот. Меси за парижаните игра од 2021 година, каде што се пресели од Барселона. Договорот на напаѓачот со клубот е до 2023 година. По осум одиграни кола во францускиот шампионат, Меси постигна четири гола и даде седум асистенции. Во рамките на Лигата на шампионите, по две средби, Аргентинецот има еден гол и…

Read More

Играчот од средниот ред на турскиот Истанбул Башакшехир, Месут Озил ќе пропушти околу три месеци поради операција, објавија од неговиот клуб. „За нас е големо задоволство што имаме играч како Озил на располагање. Сепак, Месут веќе подолго време има проблеми со грбот. Поради оваа причина, оваа сезона тој помина само 10-15 минути на теренот. Донесена е одлука да се изврши операција за решавање на проблемот. Месут нема да ни помогне околу три месеци по интервенцијата. И тогаш мислам дека ќе даде голем придонес за нашите победи. Озил е наша гордост“, изјави оретседателот на клубот Гумушдаг за весникот „Фанатик“. Всушност, Месут…

Read More