На поранешниот менаџер на Челзи, Томас Тухел, му се заканува депортација од Велика Британија, тврди „Телеграф“. Тој е невработен од 6 септември откако беше отпуштен од раководството на Челзи, но продолжува да живее блиску до базата на лондонскиот клуб, а неговите ќерки дури одат на училиште во близина. Според „Телеграф“, кога бил донесен на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2021 година, клубот договорил Тухел да добие посебна работна виза, која им се дава на луѓе за кои се верува дека значително придонесуваат за нивото на фудбалот во Премиер лигата. Сепак, поранешниот тренер на Пари Сен Жермен моментално е со статус на…
Author: riste
Манчестер Јунајтед го собори рекордот по трошење пари за плати во Премиер лигата. Клубот од Манчестер вчера ги претстави резултатите од минатата финансиска година и објави дека потрошиле 384,2 милиони фунти за плати на играчите – 61,6 милиони повеќе од една година претходно. Според „Гардијан“, Манчестер Јунајтед го собори рекордот во Премиер лигата за трошење на плати. Тој претходно беше во сопственост на Манчестер Сити, чиј платен список изнесуваше 355 милиони фунти. Зголемувањето на трошоците за плата се должи на трансферот во Манчестер Јунајтед на напаѓачот Кристијано Роналдо, крилниот напаѓач Џејдон Санчо и дефанзивецот Рафаел Варан.
Дефанзивецот на Јувентус, Глејсон Бремер, доби дозвола од раководството на клубот да се приклучи во таборот на репрезентацијата на Бразил. Централниот дефанзивец има лесна повреда, но и покрај тоа клубот од Торино реши да не му ја одземе можноста за првпат во кариерата да биде дел од селекцијата на Бразил. Тоа е прва покана за Бремер, кој ќе има шанса да дебитира во дресот на Бразил на било кој од претстојните тестови против Гана на 23 септември или против Тунис на 27 септември, во зависност од неговото здравје и одлуката на селекторот Тите. Меѓу другото, оваа прозивка е исклучително вредна…
Фудбалската репрезентација на Македонија денес гостува кај Грузија во клучниот натпревар за исходот на врвот во групата 4 од Лигата на нации Ц конкуренцијата. Македонија е во лоша положба , пред се поради високиот пораз кој го доживеавме во Скопје од 0:3, па сега доколку сакаат да го нападнат првото место на Грузија, нашите фудбалери треба да победат со поголема разлика. Тбилиси е местото каде се игра оваа средба, тоа е градот кој ќе остане забележан во историјата на мак-фудбалот, бидејќи токму таму нашата најдобра селекција обезбеди пласман на историското Европско првенство, сега сепак ситуацијата е различна. Само победа со…
Дури четворица играчи на Барселона се пожалиле на повреди по натпреварите од програмата во Лигата на нации одиграни синоќа, објавија од „Камп Ноу“. Французите Жил Кунде и Осман Дембеле се повредија на мечот на Франција со Австрија, а холандските интернационалци Мемфис Депај и Френки де Јонг се повредени по средбата на „портокаловите“ со Полска. Тројца од нив беа дури заменети по дуелите со противничките играчи, а само Дембеле го заврши натпреварот. Според сите проценки, се чини дека работите се сериозни со Мемфис Депај и Жил Кунде, кои веднаш ќе се вратат во Шпанија. Кај дефанзивецот се работи за истегнување на…
УЕФА се откажува од идејата за европско првенство со 32 тима наместо досегашните 24. Ваквата опција се појави во последниве месеци, каде се зборуваше дека постои шанса на ЕП 2028 да се зголеми бројот на учесници. Сепак, последните информации тврдат дека оваа идеја ќе биде укината, тврди „Тајмс“. Последен пат бројот на учесници на ЕП беше зголемен во 2016 година, кога од 16 се искачија на 24 селекции. Сега имаше шанса уште повеќе да се зголемат на 32 репрезентации. Сепак, излегува дека ТВ станиците во Европа се спротивставиле на оваа идеја и тоа е причината поради која таа беше откажана.…
Поранешниот италијански репрезентативец Андреа Ранокија одлучи да објави крај на фудбалската кариера. Причина за тоа е што се здобил со тешка повреда. Дефанзивецот има скршеница на фибулата и поради оваа причина прво ја напушти својата екипа Монца, а потоа објави дека трајно се повлекува од фудбалот. Тоа го направи со порака на Инстаграм. „Имав среќа да го запознаам тренерот Пјетро Монтанели, кој ме откри како дефанзивец и ме трансформираше во фудбалер каков што бев до вчера. Им благодарам на сите тренери со кои работев во кариерата. Секогаш ќе ги паметам тие денови. Антонио Конте ме трансформираше мене и ми го…
Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник ги сподели своите видувања по поразот во натпреварот од Франција. Тимот на Ралф Рангник загуби со 0:2. „Можевме да загубиме веќе во првото полувреме, но начинот на кој го примивме првиот гол беше крајно лош. Во вакви натпревари секогаш е важно кој ќе го постигне првиот гол. Во недела ќе направиме се за да го добиеме натпреварот и навистина се надеваме дека Франција нема да победи против Данска“, изјави Рангник за прес-службата на УЕФА. Килијан Мбапе го отвори резултатот во 56. минута. Девет минути подоцна, напаѓачот Оливие Жиру успеа да го зголеми водството на…
Нашата фудбалска репрезентација го одработи официјалниот тренинр пред утрешниот натпревар против Грузија во Тбилиси. И покрај многу проблеми со кој се соочуваат поради повреди на играчи, сепак во репрезентацијата владее убава атмосфера и сите се оптимисти дека може да победат на дуелот со Грузија.
Напаѓачот на Атлетико и Португалија, Жоао Феликс има здравствени проблеми и нема да биде подготвен за натпреварот од Лигата на нации во кој португалската репрезентација ќе се сретне со Чешка. Натпреварот е закажан за 24 септември, пренесува „Марка“. Според изворот, и покрај проблемите, можно е играчот да учествува на натпреварот со Шпанија, кој ќе се одигра на 27 септември. Португалските репрезентативци се уште се надеваат дека напаѓачот ќе се опорави и ќе биде подготвен навреме за мечот со тимот на Луис Енрике. Жоао Феликс не тренира со соиграчите од понеделникот, кога почнаа подготовките на избраниците на Фернандо Сантош.
