Author: riste

Селекторот на Шпанија Луис Енрике одговараше на новинарски прашања поврзани со играчи кои не беа вклучени во составот на репрезентацијата на Шпанија за претстојните натпревари во Лигата на нации. „Медиумите секогаш се заинтересирани за оние кои не се во составот. Лесно можам да зборувам за Серхио Рамос и Јаго Аспас, но избрав 25 играчи кои ги сметам за најпогодни за конкретните натпревари. Ги ценам различните мислења. Заедно со остатокот од персоналот постојано ја анализираме ситуацијата“, прокоментира Луис Енрике. „Рамос и Аспас беа дел од тимот. Ме познаваат како што ги знам јас нив. Без сомнение тие можат да се вратат.…

Read More

Репрезентациите на Белорусија и Украина ќе бидат одвоени при ждрепката за квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година. Ова го соопшти прес-службата на УЕФА. Извршниот комитет на УЕФА вчера на состанок расправаше за постапката за ждрепката за квалификациите за ЕП 2024. На тимот на Белорусија му беше дозволено да биде дел од ждрепката, за разлика од рускиот тим, кој беше отстранет како дел од санкциите поради воената инвазија на Украина. Ќе бидат извлечени и репрезентациите на Ерменија и Азербејџан, Гибралтар и Шпанија, како и Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Ждрепката за групната фаза од квалификациите ќе се одржи…

Read More

Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез е надвор од терените поради повреда која би можела да го исклучи од натпреварите против Челзи и Јувентус по репрезентативната пауза. 24-годишниот дефанзивец е еден од најважните играчи на Милан. Тој викендов одигра цел натпревар против Наполи, но по натпреварот беше откриено дека има сериозен проблем. Тестовите направени врз него покажаа истегнување на десниот аддуктор. Повредата предизвика тој да биде повлечен од репрезентацијата на Франција за претстојните натпревари во Лигата на нации. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови следната недела, кога ќе биде појасно кога ќе се врати на терените. Таквата повреда обично бара…

Read More

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, продолжи со нормалните тренинзи откако се здоби со повреда на мускулот на левиот бут, објави „Газета дело Спорт“. Белгиецот поради повредата ги пропушти последните 6 натпревари на својот тим, а во негово отсуство „нараѕурите“ загубија половина од тие натпревари во Серија А и Лигата на шампионите. Се очекува 29-годишниот напаѓач да се врати во игра за дербито против Рома на 1 октомври. Лукаку има 3 настапи во Серија А од почетокот на оваа сезона, постигнувајќи еден гол и асистенција.

Read More

Репрезентацијата на Русија нема да учествува во ждрепката за квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година. Веста ја потврдија од УЕФА и од прес-службата на Рускиот фудбалски сојуз (РФС). „Репрезентацијата на Русија нема да учествува во ждрепката за квалификацискиот циклус на ЕП 2024 година, што ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт на Мајна“, соопшти прес-службата на УЕФА. Причината е одлуката на УЕФА во февруари да го суспендира учеството на руските тимови на клупски и национални турнири под покровителство на УЕФА  и тоа важи и понатаму откако во Лозана беше одбиена жалбата на Русија во јули. Рускиот фудбалски…

Read More

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека завршиле голема работа со потпишувањето на нов договор со македонскиот репрезентативец Ненад Костески. Младото десно крило ја игра својата трета сезона во Битола, а по денешниот потпис ќе остане во клубот најмалку до 2025 година. Битолчани денес го објавија потписот на Костески, а ракометарот изрази задоволство за неговиот развој во екипата на Еурофарм Пелистер. „Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите…

Read More

Италијанскиот тим Рома би можела да го ангажира играчот од средниот ред на Бодио/Глимт, Оле Солбакен со слободен трансфер во јануари, објави популарниот локален спортски новинар Николо Шира. Договорот на играчот со норвешкиот клуб истекува во декември. 24-годишниот Солбакен се согласил да потпише договор со Римјаните на 4,5 години со плата од 1 милион евра по сезона. Во претходната сезона во Конференциската лига, Норвежанецот постигна 3 гола против Рома во два натпревари од групната фаза. Оваа сезона, играчот од средниот ред забележа 13 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол и 5 асистенции.

Read More

ФК Копенхаген го отпушти својот тренер Јес Торуп поради лошиот почеток на сезоната во домашното првенство и Лигата на шампионите, соопштија од клубот. Веднаш беше заменет од неговиот помошник Јакоб Неструп. „За жал, оваа сезона не гледаме никаков развој или стабилност во тимот и затоа ја прекинуваме соработката со Јес Торуп“, објави претседателот на клубот Алан Агерхорм. Тимот има 6 порази од 10 натпревари во првенството, а во групата Г од Лигата на шампионите тимот забележа пораз и реми од два натпревари. Ова е најлошиот почеток на сезоната за тимот, кој е 14-кратен шампион на Данска. Торуп (52) беше на…

Read More

Денеска во Скопје беше одржана велосипедската трка Гран Фондо Скопје 2022 која е доста атрактива и е дел од најголемите метрополи во Европа. Организатор на оваа трка беше Велосипедската федерација на Македонија со помош на Град Скопје, а на истата учествуваа 380 натпреварувачи во неколку категории.   Најдобар во Гран Фондо на 121 ком во машка конкуренција беше Денис Штилјанов од Бугарија кој го освои првото место пред нашиот велосипедист Виктор Ванчевски, додека трет беше Даниел Тодор исто така од Бугарија. Во женска конкуренција на главната трка на 121 км. најдобра беше Елена Петрова од Македонија пред Ивана Тонкова од…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман не би сакал да присуствува на Октоберфест по поразот од Аугсбург (0:1). Предводникот на Баерн изјави дека гостувањето на Октоберфест планирано за денеска „повеќе нема смисла“ по поразот кој го доживеа неговата екипа на гостувањето кај Аугсбург, но од друга страна ова гостување е задолжително поради договорите кои ги има Баерн Минхен. „Ќе му кажам на клубот за тоа. Но, ако тимот оди, тогаш ќе морам да одам со нив“, изјави Нагелсман во интервју за „Sport1.de“. Расположението во екипата на Баерн Минхен е променето по овој пораз иако претходно одлично започнаа во ЛШ, но од друга…

Read More