Завршен ден на Евробаскетот кој треба да ни го даде новиот шампион на Европа. Шпанија и Франција останаа до самиот крај и во денешното финале ќе се надигруваат за освојување на европската титула. Французите во полуфиналето убедливо ја поразија Полска, а тимот на Шпанија ја надигра домашната репрезентација на Германија. Шпанија ја докажа својата доминација во текот на изминатите години, победи на три од последните пет изданија на континенталниот собир. Тоа е показател за добрата работа и стратегија која им овозможува да владејат во европската репрезентативна кошарка. Ова е реприза на финалето од пред единаесет години. Тогаш Шпанија го доби дуелот со Франција и…
Author: riste
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити Кевин Де Бруин се израмни со ексфудбалерот на Ливерпул и легенда на оваа екипа Стивен Жерард по бројот на асистенции во натпреварите од шампионатот на Англија. Белгиецот вчера, на натпреварот од 8. коло од Премиер лигата со Вулверхемптон (3:0) успеа да дојде до ова достигнување. 31-годишниот играч од средниот ред им асистираше на соиграчите во два од трите гола. Де Бруин во кариерата има 92 асистенции во англиската Премиер лига, објави „Дејли Мејл“. Белгискиот репрезентативец по овој показател се израмни со легендата на Ливерпул, Стивен Жерард. За одбележување е тоа што на Кевин…
Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, проговори за соиграчот и напаѓач во редовите на неговата екипа, Пауло Дибала. „Дибала е талентиран. Тој е добар во секој поглед. Има лидерски квалитети, иако изгледа на 12 години. Тој ги доби тие вештини освојувајќи трофеи со Јувентус и тоа е она што ни треба. Тоа е добро за тимот и за мене. Мислам дека воспоставуваме добра врска во нападот и добро соработуваме“, изјави Абрахам за „Дејли Меил“. Да потсетиме дека Дибала се пресели во Рома во летниот преоден рок. 28-годишниот Аргентинец оваа сезона забележа шест настапи во Серија А, постигна три гола и имаше…
Во овие моменти во Скопје се одржува манифестацијата Гран Фондо Скопје 2022 која е доста атрактива велосипедска трка ,а која привлече голем интерес кај оние кои го сакаат овој спорт. Организаторот се определи натпреварувачите да ги подели во повеќе категории: GRAN FONDO SKOPJE 2002 categories:Gran Fondo 121km-MenElite 1992-Masters A 1982-1991Masters B 1972-1981Masters C 1962-1971Masters D -1961 Medio Fondo 65km-MenElite 1992-Masters A 1982-1991Masters B 1972-1981Masters C 1962-1971Masters D -1961 Gran Fondo 121km -WomenElite 1992-Masters -1991Medio Fondo 65km-WomenElite 1992-Masters -1991 Деталите околу победниците ќе имате можност да ги слушнете низ нашата програма на Спортско радио 90,3 , секако и на нашата веб…
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, по поразот со 1:0 од Аугсбург во мечот од 7. коло на германската Бундес лига, го коментираше влијанието врз резултатите во последните натпревари од шампионатот од отсуството на голгетер на тимот, односно класична „деветка“ во екипата. „Што ќе се смени ако кажам да или не? Ако кажам не, другите ќе кажат дека не сакам да го признаам проблемот, а ако кажам да, ќе соопштат дека ми недостига Левандовски. Го имаме Чупо (Ерик Чупо-Мотинг) на клупата, инаку тогаш немаше да имаме ниту еден класичен напаѓач“, рече Нагелсман, за клупската страница на Баерн Минхен. Летово клубот…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата од 2:0 на домашен терен над РБ Лајпциг, одговори на прашањето за отсуството на лидерот на тимот Карим Бензема, кој се опоравува од повредата. „Нашиот план за игра нема да се промени со Карим Бензема. Не сакавме противниците да го користат темпото во контранапад, како што знаат да го направат тоа. Што се однесува до Бензема, да видиме како ќе тренира во наредните денови, ако може. Во секој случај, нема да ризикуваме по ова прашање. Доколку Карим добро тренира во сабота, ќе се вклучи во неделниот натпревар против Атлетико“ изјави Анчелоти за…
Норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд има постигнато повеќе голови во Премиер лигата и Лигата на шампионите на УЕФА оваа сезона од целиот тим на Борусија Дортмунд. Халанд оваа сезона веќе постигна 13 гола во сите натпреварувања, додека целата екипа на Борусија Дортмунд постигна само 12 гола во овој период. Вчера се одигра натпреварот од 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Манчестер Сити на стадионот „Етихад“ ја пречека Борусија Дортмунд. Победата во натпреварот ја прославија „граѓаните“, а Халанд го постигна победничкиот гол, со што му нанесе пораз на поранешниот клуб. Голот на Халанд беше во…
Голот на Макаби Хаифа против Пари Сен Жермен во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите беше прв за израелски тим во европските натпреварувања од ноември 2002 година. Ова го објавија порталите кои се занимаваат со статистика. Тимот од Израел успеа да ја прекине долгата серија без голови во 24. минута од натпреварот со ПСЖ благодарение на погодокот на играчот од средниот ред Тјароне Чери по асистнција на Хазиза. Сепак, домаќините не можеа долго да ја задржат предноста, па Парижаните по 13 минути успеаја да го израмнат резултатот со голот на Лионел Меси. До крајот на…
Аргентинскиот напаѓач на францускиот ПСЖ Лионел Меси постигна гол во мрежата на израелскиот Макаби Хаифа во натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите и постави нов рекорд. Седумкратниот освојувач на наградата „Златна топка“ израмни во 37. минута во мечот со израелски клуб. Така, фудбалерот постигна гол против 39-та екипа во Лигата на шампионите и постави рекорд во ова натпреварување. Пред овој натпревар Лионел Меси и напаѓачот Кристијано Роналдо имаа по 38 екипи на својот список на постигнати голови против нив. Да потсетиме дека Португалецот не игра во тековната сезона од Лигата на шампионите.
Тренерот на Ливерпул , Јирген Клоп реагираше на идејата на сопственикот на Челзи Тод Боли , да биде организиран Ол-стар натпревар во Премиер лигата. „Не сум сигурен дека луѓето сакаат да го видат тоа. Замислете го ова: Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон, Њукасл, сите играчи во ист тим, тоа не е репрезентација, тоа е само северна екипа. И сите момци од Лондон заедно – од Арсенал, Тотенхем,Челзи. Незнам дали навистина го мислел тоа, но биломногу интересно. Не чекаше долго. Кога ќе најде датум за овој настан, може да ми се јави. Но, тој заборава дека во американскиот спорт овие играчи имаат…
